Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
ne mi se jasni tie so go pravdaat vakviot cin...od koga na zborovi i crtezi se odgovara so kursumi? ponasanje na klasicni majmuni...ja bi stail edna karikatura od muhamed od satelit cel svet da ja glea
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Требаше да ги оставиш настрана шемите кои ги користите во форумот Религии и воедно агендите кои ги пренесовте на темава.

Не е Америка виновна за постоењето на исламскиот фундаментализам, туку за неговото активно воено поддржување, глобализирање и злоупотребување за остварување геополитички цели.

Доколку не се впуштеа во авантурата со Саудиска Арабија и извозот на нивниот вахабизам, туку реагираа навремено за искоренување на зачетоците, наместо да бидат нивни сојузници, досега ништо од ова немаше да се случи.

По аналогија, кога ќе отидеш кај доктор во Америка, поради нивната образовна политика, многу веројатно да ти препише лоша диета од која уште повеќе ќе се здебелиш.[DOUBLEPOST=1420763623][/DOUBLEPOST]Хатаб1 и Рон Бургунди се банирани. Одите по тенка линија дами и господа.
Јас веќе кажав дека не ја бранам Американската политика, ако нешто има здрава основа, неможеш да го искористиш погрешно. Ете зошто денеска немаме екстремен будизам на пример? Америка не го создала исламот, одредени нејзини лидери виделе корисна алатка во него за остварување на агенди што во тој момент им се чинеле корисни, ни јас не се согласувам со тоа, но тие председатели само го искористиле она што веќе постоело.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
The tragic terror attacks on the Charlie Hebdo offices in Paris are the latest in a series of violent protests following depictions of the Prophet Muhammad in the media.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.322
Поени од реакции
1.160
Мулти-култи принципот мора да продолжи и ,сите овие фашисти и екстремисти од Западна Европа мора да се забранат за да не ги плашат верските и национални малцинства особено мухамеданското население .
Што правиме ние ако почнат да се враќаат нашиве мулти култи, исплашени од теророт на Западот и особено тавите движења како Пегида.
Нашиве се најповеќе во Швицарска и Германија па мене состојбата во тие држави најмногу ме загрижува
Само напред во интегрирано општество и нека останат таму да живеат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Јас веќе кажав дека не ја бранам Американската политика, ако нешто има здрава основа, неможеш да го искористиш погрешно. Ете зошто денеска немаме екстремен будизам на пример? Америка не го создала исламот, одредени нејзини лидери виделе корисна алатка во него за остварување на агенди што во тој момент им се чинеле корисни, ни јас не се согласувам со тоа, но тие председатели само го искористиле она што веќе постоело.
Не постои нешто во светот кое неможе да биде злоупотребено, вклучително и атеизмот кој го пропагираш.[DOUBLEPOST=1420792982][/DOUBLEPOST]
Баш за нас, како место кое многу лесно може да се искористи за започнување на такви конфликти, многу повеќе ни одговара Европа убаво да го спознае исламот пред да почне да не куди дека ги угнетуваме кутрите муслимани.
И таа генерализација за која зборуваш, е оправдана.
Сакаш да кажеш дека Европа не го спознала Исламот? Конзервативците и демохристијаните со години трубат за опасноста од исламизмот, додека левицата(патем и убиените се од левицата) и либералите пропагираа мулти-култи. Сега открија дека сите муслимани не чинат?

Па побарај тука на форумов тие што највеќе јадат гомна на оваа тема, што збореа пред 2ри мај 2012 за масакрот во Смиљковци, бараа презумција на невиност за нешто што од авион се гледаше кој го направил. Како тоа за толку кратко станале толку радикални анти-исламисти? Го сватиле животот или излегле од пубертет?[DOUBLEPOST=1420794172][/DOUBLEPOST]
Шо би рекол Чемблерен во 30сетите “остајте го Хитлер нек прави шо сака, не враќајте на провокации еден ден сам ќе се смири и сфати дека е доста“
Целта на радикален ислам е воспоставување на својата вера глобално по секоја цена. Та некој палел џамии та некој градел џамии - нема значение. Во 100.000 мирни муслимани ќе се најдат 100 кои ќе бидат спремни да убијат разнесат обезглават.... за таа цел. И тие 100 ќе ги држат во тензија, страв, несигурност сомничавост... сите останати. Ради нив се менува досегашен начин нна живот кај луѓето. Генерализацијата не дојде од западниот свет. Тој му отвори врати на доселеници од исламски региони, им дозволи слобода на вера, култура, обичаи, храна, работа, засолниште... генерализацијата дојде од другата страна дека западната цивилизација е навреда за нив и мора да исчезне. Навреда за нив се западана култура карикатури, рокенрол, филмови, жени во сукњи, алкохол, храна, школување на жени, поезија и проза, стрипови, облека, спорт....
Па да те прашам, дали бии живеел во свет базиран на западен начин и култура, или на организиран врз правилата на ИСИС
Не се работи за моите убедувања кон исламизмот и поентата дека пропагирам дека треба ги оставиме игнорираме случувањата ти е погрешно донесена. Јас сум меѓу првите на форумот кој укажува опасноста од радикалниот исламизам.

Но, има некои работи кои неможам да ги поминам ниту да ги оправдам. Според логиката на генерализацијата еве ќе го дадам паралелен пример Сталин како атеист, според тоа горе кажано, можеме да ги генерализираме сите атеисти, нели.

Поентата што сакам да ја кажам е далеку од тоа да останеме на страна, туку како да го спречиме исламизмот, а со генерализација го постигнуваме сосема спротивниот ефект. Генерализацијата иде обострано, исламистите во светот кој се бори против нив гледаат крстоносци, така и ги викаат. Воените интервенции попут онаа во Авганистан, Ирак и Либија каде што беа убиени милиони невини жртви, само направија ова движење да се прошири до таа мера што денеска ја имаме исламската држава. Во Ирак не постои човек кој не загубил некој близок во овие 10 години. И на крајот на краиштата, самиот факт дека САД и западот предизвикале милиони невини жртви во овие држави многу кажува што не сакаме да го слушнеме. Од друга страна, ги финансираа и ги обучуваа за војна во Авганистан, Чеченија, Балканот, Либија, Египет, Сирија....

Додека од другата страна постојат исто така муслимани, кои несебично се борат против ова зло, десетици пати поинтензивно од било која западна држава, Иран, Сирија и Курдите, ние ги пикаме и нив во ист кош со овие изманипулирани гомна. Доколку они сватат дека се во ист кош за светската јавност, тогаш и они ќе се покорат на халифата самоиницијативно. А тоа е тоа што халифата сака да го постигне, да ги стави муслиманите во ист кош, да биде Саладин.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Shots fired in French suspect hunt

http://www.bbc.com/news/world-europe-30740115



Знам дека да оцениш дали нешто е повредување на честа и достоинството во овој случај е тешко, ама не е и невозможно.
И баш напротив, ја не гледам дека ова би било селективно зошто истото вакво ограничување на слободата на говор кога повредени се муслиманите треба да и ќе се примени и во случаите кога повредени се христијаните, будистите...

Да, секој може да се жали дека на некој начин му е повредено достоинството, ама затоа тука е судот кој ќе пресуди дали тоа што се тврди е основано или не. Не можеш да кажеш дека зошто ваквото ограничување ќе стане потенцијален непресушен извор на тужби, треба да го направиме правото неограничено. Тоа ти е исто ко да кажеш дека зошто комшиите цело време си се тужат дека едниот му влегол со ограда, објект whatever во имотот на другиот, да ги забраниме ваквите тужби.
Мислам дека проблемот со рестрикција на говор во однос на религија е потребата да специфираш за која религија станува збор со што би се јавило незадоволство кај останати сегменти на општеството.

Не можеш да го заштитш секое религиозно чувство генерално, од причина што на пример во Европа, покрај поголемите, има и стотици помали религии од типот на Харе Кришна, скиентологија и секоја од тие религии би имала некоја причина да бара цензурирање на одреден говор со што би настанал хаос.

Друга причина е што секој може да формира своја религија, да има следбеници и да тврди дека му е нарушено религиозното достоинство поради некоја банална причина.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.322
Поени од реакции
1.160
Прво афроамериканциве во САД па после северо-африканциве во Франција се жртви на голема репресија од страна на државата а особено се фрлени на ммаргините од страна на општеството во кое немаат никаква шанса за успех третирани како треторазредни луѓе и живеејќи во гета посегнуваат барајќи сламка да се фатат и накрајот одејќи дури и во самоубиствени напади.За време на новогодишните празници беа запалени околу 1000 коли! Сега беа принудени на ваков очајнички акт во кој за жал од двете страни настрадаа невини жртви.
Мора да им се даде шанса за живот и надвор од тоа гето,
Правда еднаквост и слобода за сите во угнетуваќките режими на САД и Франција!!!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Правда еднаквост и слобода за сите во угнетуваќките режими на САД и Франција!!!
И ти си на чекор да се разнесеш во некој Мек Доналдс со некој свој брат муџахедин!

Него тие шо дојдоа во Франција, зошто не се вратат во своите матични земји ако им е толку очајно во Париз, Марсеј.... Никој со сила не го држи таму, може слободно да се врати од каде што дошол и живее среќно.
Дошол од Алжир во Фрамција па ќе убивам французи и им палам коли оти не им чини државата??!!
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.322
Поени од реакции
1.160
И ти си на чекор да се разнесеш во некој Мек Доналдс со некој свој брат муџахедин!

Него тие шо дојдоа во Франција, зошто не се вратат во своите матични земји ако им е толку очајно во Париз, Марсеј.... Никој со сила не го држи таму, може слободно да се врати од каде што дошол и живее среќно.
Дошол од Алжир во Фрамција па ќе убивам французи и им палам коли оти не им чини државата??!!
Ете малку да ги разбуричкаш и ќе ги видиш каков фашизам и нетолеранција чучи во нив/тебе.
Тие луѓе се таму родени или се француски државјани со пасош и се вистински французи исто ко Зидан.
Тоа што се одредено верско или национално малцинство и се тетирани како најдолни говеда во тие репресивни режими ги ТЕРА луѓето на такви крајно очајнички чекори.
Тоа е сигругно зошто токму од нивните политичари беа изнесени како аргументи за кризите на Балканот.
Сега како што гледаме тие истите многу повеќе го репресирале своето население само затоа што е одруга вера или нација па јас сум шокиран и мислам дека овој терор мора да престане.
Правда слобода и еднаквост за сите во ФрАНЦИЈА и САД!!!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.275
Поени од реакции
81.448
Многу е просто, не им продавајте недвижнини на Муслимани. Не им издавајте недвижнини.
Нема да ви се доселат, нема да ви бидат секој ден тепани децата (само затоа што се кафири) или убивани за Велигден, нема црквите да ви бидат сквернавени и нема да имате вакви напади врз вашиот живот, начин на живот и дигнитет. И на крајот од краиштата нема да ви се деси тоа што им се случува на Христијаните кои живеат со нив, а тоа е геноцид во Египет, Сирија, Ирак, Косово...
Само треба да се почитува првата реченица и најстрого да се санкционира вонзаконски оној кој ќе го прекрши тоа што во неа пишува.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
не знам дали е ставено видеово,но ајде кој се разбира од монтажи можда ќе даде одговор...точно дека на полицаецот не му тече крв и не му се отвара главата,што по филмови и снимки од други вакви "акции" сум гледал дека им се о твара главата како конзерва благодарение на калибарот на АК47.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom