Зоте јас мислам дека масакрот е намерно конструиран за да се оттргне вниманието од екстерниот испит.
За муабетите дека вакви работи се случуваат секој ден во Јемен па никому ништо, можам да кажам дека единствен ден во животов кога ми било гајле за Јемен е кога Чендлер Бинг мораше да преноќи таму. Нормално дека повеќе се секирам за тоа што се случува во Европа и што е блиску до нашиот двор. Трагедија е тоа што се случува од блискиот исток па до Бостон, човечкиот живот секаде исто вреди и се согласувам со тоа. Но нам првенствено треба да не загрижува тоа што ќе се случува во Европа затоа што најдиректно ќе не засегне.
Исто мислам дека не ви држи муабетот дека: ним им беше гајле за Смиљковско па сега што има ние да се потресуваме? Всушност, западните медиуми известуваа за Смиљковско, но главната работа е што за тој масакр немаше видео снимка. Телевизии се палат на графика и насилство, да имаше снимка од егзекуција бидете сигурни дека ќе се вртеше на ударни вести со денови. Насилството се продава, it's a good tv. Никому не му е гајле што семејството на полицаецот ќе види како го убиваат како куче. И никој не ни е нам крив што убијците ни се на саат време од Скопје и не можеме да ги донесеме за да го завршиме процесот.
И да не се лажеме дека ако човек не се саморазнесе со бомба, ондак е од тајните служби. Времињата се менуваат, дојдоа нови војни, илјадници битанги се обучија и се наоружаа и сега се враќаат и маме ќе ебаваат. Имавте двајца студенти во САД кои направија бомби за маратонот, двајца преобратени муслимани кои заклаа војник на улица во Англија со мачети, самопрогласен шеик кој држеше заложници и уби двајца од нив во Сиднеј, бела вдовица во шопинг мол во Кенија мислам, џелати што сечат глави, Талибанци што убија 130 деца и погинаа во борба со полицијата... не гледам причина зошто двајца добро обучени и вооружени екс-војници не би можеле да изведат ваква работа. Секакви срања ќе се изнагледаме, независно дали се работи за непресметливи личности или за нарачки од некаде.