Bratot
Стоик и Машкртник!
Пред некој ден беше жална Грција - жртва на западот, сега арапите се жртви. Во ред е критиката за западот, само одите во крајности и почнувате да застапувате гледишта кои се, да речеме, чудни.
ОК, направи еден мисловен експеримент. Еве да речеме да се повлечат САД и Европа од Блискиот Исток, што би се случило тогаш?
а. мир и вечна пролет, братство и единство помеѓу христијани и муслимани
б. арапите ќе се обединат во една супер држава со огромна територија, ресурси и 400 милиони население, која иако во почетокот можеби ќе е секуларна, во секој момент може да се радикализира и да претставува опасност.
в.?
хинт-поборници за такво пан-арабско обединување беа Садам и Гадафи
Види не може да се игнорираат последиците од историскиот антагонизам во арапскиот свет против западот, после децениии колонијално ропство под западните демократии, кои воедно им ги бирале и менувале сите споменати диктатори зависно кога ги истрошиле за своите цели и тоа со што денеска се соочуваат арапските земји.
Значи покрај тоа што ги окупирале, покрај тоа што им инсталирале диктатори ние денеска се чудиме што некако споро се реформираат Арапиве, со исламистички животињи на вратот кои се обидуваат да го повторат успехот на диктаторите.