Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Па истото можам да го кажам за создавањето на паранојата и папагалското обвинување на исламот, наместо да се бараат причините во западњачките воени походи против арапскиот свет, оставајќи пустош и хаос во кој бесконтролирано и успешно ќе се гаат екстремистичките идеологии кои копнеат по одмазда.
Да не заборавиме на дволичната игра со вооружување, обучување и логистичко помагање на истите тие исламистички организации во исполнување цели на Западните интереси, под изговор за смена на режими и воведување демократија.

Кажи ми ти како може да се игнорира Шеријатот, кој е носечки столб на Саудиска Арабија и која директно ги спонзорира сите исламистички групации, притоа правејќи ја сојузник на Западот во остварување на геополитичките замисли.
Дури и Израел е сојузник со Саудиска Арабија против Палестинците, Египет и Иран која исто така има за цел елиминирање на останатите муслимански учења, со цел наметнување на своите верски правила и се разбира распространување на контролата.

Не е ништо црно бело, христијани версус муслимани. Оние се побројни масовни егзекуции на муслиманите од исто така муслимани, под етикетата на разни групации од Ал Каеди, Ал Нусри, ИСИЛ и не знам што друго веќе произлезе, ја одработува истата таа шема - ширење на контролата врз муслиманите преку верските правила.

И после се’, главните виновници нема да бидат оние кои го водат орото, туку некои локални лоботомирани егзекутори, за кои властите одамна знаеле меѓутоа “немале“ докази.
Пред некој ден беше жална Грција - жртва на западот, сега арапите се жртви. Во ред е критиката за западот, само одите во крајности и почнувате да застапувате гледишта кои се, да речеме, чудни.

ОК, направи еден мисловен експеримент. Еве да речеме да се повлечат САД и Европа од Блискиот Исток, што би се случило тогаш?

а. мир и вечна пролет, братство и единство помеѓу христијани и муслимани
б. арапите ќе се обединат во една супер држава со огромна територија, ресурси и 400 милиони население, која иако во почетокот можеби ќе е секуларна, во секој момент може да се радикализира и да претставува опасност.
в.?

хинт-поборници за такво пан-арабско обединување беа Садам и Гадафи
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.436
Поени од реакции
3.696
Ако нечија свест е на ниво доволно ниско за да биде манипулирана, како ќе бидеме сигурни дека нема да биде изманипулирана од друга страна? Аргументов ти е ист како и исламскиот морал, според кој вината за силување е во жената, бидејќи разбудила страсти кај мажот....па поради тоа жената мора да го крие своето тело, интелектуалците мора да ги кријат своите мисли, хомосексуалците својот живот! Сите се виновни, бидејќи се различни. Тоа е логиката, тоа е причината поради која се случуваат вакви нешта! Неспособноста да се прифати различноста, и секој ваков "толерантен" став оди во прилог на овие стремежи за враќање на мрачниот среден век на мрак, цензура и тоталитаризам. Бидејќи, да не се правиме наивни, исламот отворено се стреми да воведе глобален тоталитаризам и теократија.
Ти сеа имаш мрак, цензура и тоталитаризам.
Исламот не е држава, не е институција, за да се стреми да воведе некојси глобален тоталитаризам, прави разлика малку, не се брукај.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Ти сеа имаш мрак, цензура и тоталитаризам.
Исламот не е држава, не е институција, за да се стреми да воведе некојси глобален тоталитаризам, прави разлика малку, не се брукај.
А Шеријатот што е?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.171
Поени од реакции
84.885
Ги фатија криминалците за помалце од 12 часа.

Луѓе што ко од шала убија 12 луѓе случајно заборавиле лични карти во некоја кола и случајно си останале во нивните домови и чекале да дојде полицијата да ги собере.

Симс лиџит.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти сеа имаш мрак, цензура и тоталитаризам.
Исламот не е држава, не е институција, за да се стреми да воведе некојси глобален тоталитаризам, прави разлика малку, не се брукај.
Исламот е идеологоја чија цел е глобална доминација и воведување на теократија и тоталитаризам.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.088
Пред некој ден беше жална Грција - жртва на западот, сега арапите се жртви. Во ред е критиката за западот, само одите во крајности и почнувате да застапувате гледишта кои се, да речеме, чудни.

ОК, направи еден мисловен експеримент. Еве да речеме да се повлечат САД и Европа од Блискиот Исток, што би се случило тогаш?

а. мир и вечна пролет, братство и единство помеѓу христијани и муслимани
б. арапите ќе се обединат во една супер држава со огромна територија, ресурси и 400 милиони население, која иако во почетокот можеби ќе е секуларна, во секој момент може да се радикализира и да претставува опасност.
в.?

хинт-поборници за такво пан-арабско обединување беа Садам и Гадафи
1- Зошто во времето на СССР немаше радикален ислам во светот ?
2- Зошто например во тогашно време сите живеевме во страв и паника дека русите ќе ни ебет матер.
3- Зошто русите беа главен фактор во негативна смисла пред светска јавност ?
4- Зошто после распадот на СССР експресно се појави радикалниот ислам ?
5- И на крај, случајно или не, зошто секогаш овие терористички напади е во полза на САД и НАТО ?????????
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ниту коментирав за Сирија, Саудиска Арабија и каков однос имаат со Америка, ниту сум бранел било која страна. Конкретниов случај е тема на дискусија, а не глобалните геополитички процеси. Јас негледам како може западот да биде виновен за ставот на муслиманите да ги сметаат ваквите идиотски акти за одбрана на чест!
Види, не може политичко-верска карикатура на водачот на ИСИС, поради која наводно е овој напад, извршен од муслимани Алжирци, во Франција, во весник кој и претходно бил напаѓан поради слични карикатури, во ситуација кога имаш прогласено исламистички калифат со евидентни траги на западни инсталации и во ситуација кога имаш живи примери за регрутација на доброволци и платеници меѓу муслиманите кои живеат во Западот, да не го земаш во поширок контекст.

А од друга страна, ниту си во можност да ги интервјуираш во моментов сите муслимани за да извлечеш релевантен заклучок, туку се потпираш на она кое веќе го објаснив, преку индивидуални примери кои очекувано ќе скокнат на бранот еуфорија и ќе доживуваат ментални оргазми од верската слава.

Можам да ти кажам дека оние муслимани на форумов кои го делат спротивното мислење од она кое се презентира овде, седат и ги читаат коментариве кои ги ставаат во ист кош со убијците, што не им помага многу да добијат самодоверба и да искажат свое мислење, а од друга страна доколку тоа го сторат после сите шиканирачки и агресивни коментари на нивна сметка ќе бидат обвинувани за предавници од “своите“ неистомисленици. Затоа најлесно е некој полуписмен идиот од Кондово да изиграва голем фанатик на интернет и да биде главен фраер у џамије.

Тоа не е точно. Гневот не доаѓа од овој настан, туку ова ќе му дојде како капката што ќе ја прелие чашата.
Значи, да повториме, Америка и Израел не го направија исламот крволочна религија. Тој самиот е таков.
Америка и Израел не ги тераат муслиманите што живеат во Западна Европа да се групираат во гета, да силуваат девојки и деца, да палат, да маваат со камења по полицијата, да тепаат невини луѓе.
Сигурно не наоѓаш за коинциденција и симптоматичност, што Америка и Израел откако тренираат и опремуваат исламистички движења на блискиот исток, кои следователно регрутираат западни муслимани и платеници од целиот западен свет, и тоа што се случи во Франција?

Тоа што го правиш со етикетирање на една религија, е исто кога прогласувавме “жртви на Комунизмот“, наместо посочувајќи конкретни луѓе со име и презиме кои го извршиле злосторот. Затскривање зад идеологии, политички или верски, остава мноооооогу широк простор за неправедно обвинување и генерализирање на сите луѓе, додека организаторите/егзекуторите и понатаму ќе бидат слободни.
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Според непотврдени информации на Телеграф:

23.10 Unconfirmed reports that two suspects have been arrested and a third killed
 
А

Атомската мравка

Гостин
така ами како

Фациве нека си го купат сабајле новиот број на вечер, интересни карикатури ќе има.

1.jpg

Инаку некој (или сите тројца) од убијциве се лоцирани во Реимс, во тек е акција за нивно апсење.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.436
Поени од реакции
3.696
Исламот е идеологоја чија цел е глобална доминација и воведување на теократија и тоталитаризам.
Едуцирај се малку, не само да тропаш глупости, подигни ја свеста малку, и фати да ги анализараш работите како што треба, без да влијае некој во твој мозок.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Види, не може политичко-верска карикатура на водачот на ИСИС, поради која наводно е овој напад, извршен од муслимани Алжирци, во Франција, во весник кој и претходно бил напаѓан поради слични карикатури, во ситуација кога имаш прогласено исламистички калифат со евидентни траги на западни инсталации и во ситуација кога имаш живи примери за регрутација на доброволци и платеници меѓу муслиманите кои живеат во Западот, да не го земаш во поширок контекст.

А од друга страна, ниту си во можност да ги интервјуираш во моментов сите муслимани за да извлечеш релевантен заклучок, туку се потпираш на она кое веќе го објаснив, преку индивидуални примери кои очекувано ќе скокнат на бранот еуфорија и ќе доживуваат ментални оргазми од верската слава.

Можам да ти кажам дека оние муслимани на форумов кои го делат спротивното мислење од она кое се презентира овде, седат и ги читаат коментариве кои ги ставаат во ист кош со убијците, што не им помага многу да добијат самодоверба и да искажат свое мислење, а од друга страна доколку тоа го сторат после сите шиканирачки и агресивни коментари на нивна сметка ќе бидат обвинувани за предавници од “своите“ неистомисленици. Затоа најлесно е некој полуписмен идиот од Кондово да изиграва голем фанатик на интернет и да биде главен фраер у џамије.
Ама немам ни потреба јас да ги интервјуирам сите муслимани до еден. Ти тврдиш дека муслиманите биле манипулирани, и дека вината била во манипулантите. Замени го зборот "манипулација" со заведување, и целиот контекст спореди го со исламскиот став дека доколку жена не го покрие своето тело, таа ќе биде виновна за силување а не силувачот. Ете ти ја суштината на проблемот.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Види, не може политичко-верска карикатура на водачот на ИСИС, поради која наводно е овој напад, извршен од муслимани Алжирци, во Франција, во весник кој и претходно бил напаѓан поради слични карикатури, во ситуација кога имаш прогласено исламистички калифат со евидентни траги на западни инсталации и во ситуација кога имаш живи примери за регрутација на доброволци и платеници меѓу муслиманите кои живеат во Западот, да не го земаш во поширок контекст.

А од друга страна, ниту си во можност да ги интервјуираш во моментов сите муслимани за да извлечеш релевантен заклучок, туку се потпираш на она кое веќе го објаснив, преку индивидуални примери кои очекувано ќе скокнат на бранот еуфорија и ќе доживуваат ментални оргазми од верската слава.

Можам да ти кажам дека оние муслимани на форумов кои го делат спротивното мислење од она кое се презентира овде, седат и ги читаат коментариве кои ги ставаат во ист кош со убијците, што не им помага многу да добијат самодоверба и да искажат свое мислење, а од друга страна доколку тоа го сторат после сите шиканирачки и агресивни коментари на нивна сметка ќе бидат обвинувани за предавници од “своите“ неистомисленици. Затоа најлесно е некој полуписмен идиот од Кондово да изиграва голем фанатик на интернет и да биде главен фраер у џамије.



Сигурно не наоѓаш за коинциденција и симптоматичност, што Америка и Израел откако тренираат и опремуваат исламистички движења на блискиот исток, кои следователно регрутираат западни муслимани и платеници од целиот западен свет, и тоа што се случи во Франција?

Тоа што го правиш со етикетирање на една религија, е исто кога прогласувавме “жртви на Комунизмот“, наместо посочувајќи конкретни луѓе со име и презиме кои го извршиле злосторот. Затскривање зад идеологии, политички или верски, остава мноооооогу широк простор за неправедно обвинување и генерализирање на сите луѓе, додека организаторите/егзекуторите и понатаму ќе бидат слободни.
Ама тоа не се неколку луѓе да можеш да ги посочиш со име и презиме. . Милиони луѓе низ светот не се “одредена група“. Америка и Израел не направија магично во Исламот да се проповеда (индиректно) и убивање и силување и педофилија. Америја и Израел не можат да припарат до Иран, но сепак во Иран е легална и педофилијата и силувањето (освен ако немаш 4ца машки сведоци нели) и тепањето и репресијата кон жената и најпосле, убиствата на неверниците. Дај малку свестете се што пишувате и доста со тоа обвинување на Западот за се и сешто поради некои наши фрустрации со нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom