- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 1.644
- Поени од реакции
- 1.677
Пред некој ден беше жална Грција - жртва на западот, сега арапите се жртви. Во ред е критиката за западот, само одите во крајности и почнувате да застапувате гледишта кои се, да речеме, чудни.Па истото можам да го кажам за создавањето на паранојата и папагалското обвинување на исламот, наместо да се бараат причините во западњачките воени походи против арапскиот свет, оставајќи пустош и хаос во кој бесконтролирано и успешно ќе се гаат екстремистичките идеологии кои копнеат по одмазда.
Да не заборавиме на дволичната игра со вооружување, обучување и логистичко помагање на истите тие исламистички организации во исполнување цели на Западните интереси, под изговор за смена на режими и воведување демократија.
Кажи ми ти како може да се игнорира Шеријатот, кој е носечки столб на Саудиска Арабија и која директно ги спонзорира сите исламистички групации, притоа правејќи ја сојузник на Западот во остварување на геополитичките замисли.
Дури и Израел е сојузник со Саудиска Арабија против Палестинците, Египет и Иран која исто така има за цел елиминирање на останатите муслимански учења, со цел наметнување на своите верски правила и се разбира распространување на контролата.
Не е ништо црно бело, христијани версус муслимани. Оние се побројни масовни егзекуции на муслиманите од исто така муслимани, под етикетата на разни групации од Ал Каеди, Ал Нусри, ИСИЛ и не знам што друго веќе произлезе, ја одработува истата таа шема - ширење на контролата врз муслиманите преку верските правила.
И после се’, главните виновници нема да бидат оние кои го водат орото, туку некои локални лоботомирани егзекутори, за кои властите одамна знаеле меѓутоа “немале“ докази.
ОК, направи еден мисловен експеримент. Еве да речеме да се повлечат САД и Европа од Блискиот Исток, што би се случило тогаш?
а. мир и вечна пролет, братство и единство помеѓу христијани и муслимани
б. арапите ќе се обединат во една супер држава со огромна територија, ресурси и 400 милиони население, која иако во почетокот можеби ќе е секуларна, во секој момент може да се радикализира и да претставува опасност.
в.?
хинт-поборници за такво пан-арабско обединување беа Садам и Гадафи