Самоубиство!

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Не сум пробал бидејќи не ми бил потребен. Од друга страна, личното искуство не е валиден аргумент во дебата бидејќи се губи објективноста.
Пиј го пошто лекот ти помага, пошто може да ти го спаси животот? Не ги пиј, никој не те форсира да го пиеш лекот тој избор, додека си свесна е апсолутно твој.
Каков е тој неприроден хемиски лек? Се што се наоѓа во природата, а се околу тебе претставува природа, е природно. Тој антидепресант е природен.
Сегде во природата се случуваат хемиски реакции и сите тие алтернативни лекови се дело на природата via хемиски реакции, како и тие на злата медицина.
Единствена разлика е во тоа што тие на злата медицина се тестираат во лаборатории и научниот метод ги потврдува нивните својства, за разлика од алтернативните кои ретко се тестираат и најчесто аргументи за нивната функционалност се сведоштва, лични мислења на неексперти.[DOUBLEPOST=1420557820][/DOUBLEPOST]

Сум доживеал и едвај сум бил спасен од доктори, небитно на кој начин. Само, причина не била моја неодговорност туку други фактори кои не сум можел да ги контролирам.
Ист таков момент, доктор ми го загрози животот друг доктор едвај ми го спаси...
Само кај мене не беа празни моменти, не беа страшни моменти, туку ќе ги памтам само како оние брзите моменти во кои разбрав кому колку му значам. Воглавно топлина идеше од кај личноста што не замина од болничкиот ходник 3 дена

А антидепресивот не е природен. Не си пробал. Ако пробаш без потреба, експериментално (подобро верувај ми не ти препорачувам) ама ако пробаш ќе видиш дека ти спласнуваат сите чувства, не само што не се грижиш за ништо, туку не се плашиш, во храната не уживаш нема вкус некако, за непријателите не ти е гајле ама ни за пријателите. Една цела димензија од тебе ја снемува. И зошто си жив? Телесно си жив. Ако не можеш да споделиш емоции? Па ако дошол денот нека дојде, така нема да живеам. Животот никој не го преживеал.

Имај на ум дека теоријата од по факултетиве поготово од нашиве и животов не се преклопуваат ни 10%. Ова без искуство ама со сигурност.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208

По дефиниција за природно е природен, небитно за муабетов. Баш читав луѓе кои виделе огромни подобрувања во животот од користење на антидепресанти. Нормално антидепресантите кои ги користиш треба да ти одговараат на состојбата и пропратно се иде на терапија.
На многу луѓе антидепресантите не им делуваат така. Напротив, конечно чувствуваат олеснување. Точно е дека кај некои луѓе се индуцира апатичност и индиферентност
при зимање антидепресанти али после преминување на друг симптомите се губеле.
Како моеш да си сигурна дека денот дошол? Од кај знаеш дека моментот коа си одлучила да се самоубиеш било ради рандом привремен настан на делузија во мозокот кој откако ќе минел (без да се самоубиеш) повторно немало да ти биде толку до умирачка?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
На многу луѓе антидепресантите не им делуваат така. Напротив, конечно чувствуваат олеснување.
Имам тешкотија да верувам во ова, зошто додека постои проблемот што ја донесол тежината олеснување не верувам дека е можно.

Како моеш да си сигурна дека денот дошол? Од кај знаеш дека моментот коа си одлучила да се самоубиеш било ради рандом привремен настан на делузија во мозокот кој откако ќе минел (без да се самоубиеш) повторно немало да ти биде толку до умирачка?
Се работи за нагон за самоубиство - од депресија - не дека сакам цел свет да ми се клања или дека сакам незнам колку луксузно да живеам, со ситни работи сум среќна. Депресијата и тој нагон се една голема негативна енергија не за џабе мојве луѓе по црквиве викаат дека е ѓавол. Страшно голем збир на негативна енергија.
Штом ќе дојде, ако дојде пак, ќе се соберам целта до последно атомче, ќе се борам, ако дојде ден да ме превземе тоа е тоа. Кој ме чита нека остане жив и здрав.
Не верувам дека ќе дојде. Не верувам дека така ќе умрам или дека нема да остарам. Сега во овие моменти кога не сум во депресија правам се што можам причините што ме водат кон депресија да ги средам и да не постојат. Тоа е процес.[DOUBLEPOST=1420565411][/DOUBLEPOST]Муабетов ми е, или ќе живеам, ќе сакам, ќе помагам, ќе мислам
- ќе постојам, или нека не постојам.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Имам тешкотија да верувам во ова, зошто додека постои проблемот што ја донесол тежината олеснување не верувам дека е можно.

Се работи за нагон за самоубиство - од депресија - не дека сакам цел свет да ми се клања или дека сакам незнам колку луксузно да живеам, со ситни работи сум среќна. Депресијата и тој нагон се една голема негативна енергија не за џабе мојве луѓе по црквиве викаат дека е ѓавол. Страшно голем збир на негативна енергија.
Штом ќе дојде, ако дојде пак, ќе се соберам целта до последно атомче, ќе се борам, ако дојде ден да ме превземе тоа е тоа. Кој ме чита нека остане жив и здрав.
Не верувам дека ќе дојде. Не верувам дека така ќе умрам или дека нема да остарам. Сега во овие моменти кога не сум во депресија правам се што можам причините што ме водат кон депресија да ги средам и да не постојат. Тоа е процес.[DOUBLEPOST=1420565411][/DOUBLEPOST]Муабетов ми е, или ќе живеам, ќе сакам, ќе помагам, ќе мислам
- ќе постојам, или нека не постојам.
Не збориме сеа за депресија пошто "дечко ми ме остаил". Нели зборевме за манични депресии, биполарност, такви ствари?
Така да во тој контекст јасно ми е дека не бараш внимание туку си имаш реални проблематики.
Таа тешкотија да веруваш ти се ствара поради лоши лични искуства, нормално е да имаш аверзија према нешто ако се имаш заебано со нештото.
Е сеа, можда ти препишале лоши лекарства, можда лошо ти ги препишале, можда не си ги следела упатствата, можда лоша терапија, можда не си идела на терапија.
Катаљон ситни фактори можат да влијаат на твоето лошо искуство со лекарствата.
Тешко е да се верува, посебно во улога на некој што се изгорил еднаш со нив али има еден куп луѓе исто како тебе чии животи, врски и кариери биле спасени
поради квалитетни лекови и терапија.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Не збориме сеа за депресија пошто "дечко ми ме остаил". Нели зборевме за манични депресии, биполарност, такви ствари?
Така да во тој контекст јасно ми е дека не бараш внимание туку си имаш реални проблематики.
Сигурно. Никој реално не се убил зошто телефонот не му го купиле. Ама блиску сум до она што го негираат докторите, дека е болест или дефинирана состојба и дека не може да се излечи. Фино си се преиспитувам себе си. Во сегашноста имам ситни глувци од луѓе што прават ситни штети, и имам тенденција да ги занемарувам и да не трошам енергија да им се лутам.Во минатото некој луѓе што се горди на својте (не)дела. Тие ми се најтешки. Како да им простиш на луѓе што се горди дека ти уништиле семејство или живот? Во кој кош да ги ставиш? Некогаш бес и лутина ме фаќаше само да им ги помислев имињата, сега одам накај сеедно додека пишувам и мислам дека се ослободувам од нив полека. Од нив иде, не е болест не е во психата. Во минатото е. Гледаш твојте луѓе пропаѓаат крвникот живее 100 на саат. Не е лесно да се соочиш. Не е лесно да го оставиш да живее. Ако сакаш вистински да живееш мораш. Почнав себе си да си пишувам во трето лице ;) незнам до кај ти пишував теве од каде за мене.
Свештените лица викаат најлоша од се е благосостојбата на грешникот. Ним Бог им дал се на овој свет, веќе не се труди да им одржи лекција. За таквиот местото е спремно.
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
287
Поени од реакции
261

Дали може да ми одговориш на две прашања?
Првото е дали сега си депресивна, ако си, тогаш што треба да се смени во овој момент. Како очекуваш животот да е сега додека го читаш мојов коментар.
Второто е, ако даваш отпор на депресивните чувства тогаш како се карактеризира отпорот. На пример јас имав депресија мислев мисли како "Сум глупак и слаб", "За ништо не ме бива" etc.
Одговори со фокус на моментов сега, не како си се чувствувала порано туку сега.
Поздрав.
 
Засега таквите состојби се третираат.
Тие (не) дела ти влијаат, колку и да звучи клише, бидејќи дозволуваш да ти влијаат. Бидејќи се присеќаш на нивните постапки и сеуште им придодаваш значење.
Нема зошто да се обидуваш да проштеваш, само поголем товар си нагрнуваш.

Друго ми беше муабетот. Сакав да напраиме дистинкција на различни видови на депресија на база на тоа дали се предизвикани биолошки, социолошки итн.
Не може истата терапија да се примени на сите. Друг муабет треба да се направи, а муабетот е битен.
Без разлика што е причината за депресија, пак се случува во главата тоа и таму се третира.

И да, животот е пун со неправди. Богатите остануваат богати, сиромашните им ги јадат трошките.
Правда, еднаквост. Тоа се човечки концепти, сме ги измислиле за да се заштитиме како група и every now and then некој шутрак нема да ги почитува.
It's the circle of life.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Дали може да ми одговориш на две прашања?
Првото е дали сега си депресивна, ако си, тогаш што треба да се смени во овој момент. Како очекуваш животот да е сега додека го читаш мојов коментар.
Второто е, ако даваш отпор на депресивните чувства тогаш како се карактеризира отпорот. На пример јас имав депресија мислев мисли како "Сум глупак и слаб", "За ништо не ме бива" etc.
Одговори со фокус на моментов сега, не како си се чувствувала порано туку сега.
Поздрав.
Можам,
Сега не сум.
Незнам точно што минува низ глава во моментот, замисли срцето одлично го дефинирам ама главата е хаос. Никогаш не сум имала комплекс на пониска вредност. Не се сеќавам ни како дете, може малку намалена самодоверба ама да мислам за себе дека не вредам не сум мислела. И не мислам. Пред месец дена ме стегна многу брзо помина обично трае, и сум пишала некоја глупост на темава што не сакам да се враќам да ја читам....Немам ни чувство дека сум подобра од обичните луѓе.[DOUBLEPOST=1420576207][/DOUBLEPOST]
Бидејќи се присеќаш на нивните постапки и сеуште им придодаваш значење.
Нема зошто да се обидуваш да проштеваш, само поголем товар си нагрнуваш.
Буквално моја дефиниција за простување е повеќе да немаат никакво значење за мене.Токму тоа сакам да го постигнам. Не сакам да им донирам бубрег. :)

Муабетот ... со мој термин дури да дојдиш до муабетот а после на докторот дали му е до муабет или мисли да ти пише нешто набрзина. И колку и да ти муабети пак ќе дојде до рецептата. А јас сум ти од тие интересните.

И да, животот е пун со неправди. Богатите остануваат богати, сиромашните им ги јадат трошките.
Правда, еднаквост. .
Нема врска со богатство, јас кога ќе речам некој добро живее не мислам на колку има и што јаде, туку едноставно добар мирен живот, без големи бранови со мирно семејство дури и углед ... ме разбираш што сваќам под добар и лош живот.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Буквално моја дефиниција за простување е повеќе да немаат никакво значење за мене.Токму тоа сакам да го постигнам. Не сакам да им донирам бубрег. :)

Муабетот ... со мој термин дури да дојдиш до муабетот а после на докторот дали му е до муабет или мисли да ти пише нешто набрзина. И колку и да ти муабети пак ќе дојде до рецептата. А јас сум ти од тие интересните.

Нема врска со богатство, јас кога ќе речам некој добро живее не мислам на колку има и што јаде, туку едноставно добар мирен живот, без големи бранови со мирно семејство дури и углед ... ме разбираш што сваќам под добар и лош живот.

Епа како очекуваш да ти биде подобро ако континуирано чмаеш во минатото?
Нема да идеш ти на терапија кај матичен лекар или ортопед, на психијатар се иде. За тоа зимаат плата тие, за тоа се едуцирани.
Си имаш термин саат - два и све си кажуваш, не те брза никој.

Тоа со богатите беше пример за да ти доловам дека не можеш да бараш фер - нефер, или кој што заслужил.
Нема поента да се депримираш. Не моеш да го смениш тоа.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Епа како очекуваш да ти биде подобро ако континуирано чмаеш во минатото?

не можеш да бараш фер - нефер, или кој што заслужил.
Не чмаеш... се бориш, полека се ослободуваш - не можеш да кажеш ова повеќе нема да го чувствувам и да не го чувствуваш. Како што кажав тоа е процес. Најголем дел од работата има самиот човек.
Докторот си беше добар, доволно беше.

А замисли ти сега на пример имаш добра работа и семејство деца ситни проблеми ама главната слика се како што треба. И иде личност или личности на кои им веруваш, пријатели роднини на пр,
И земаат те искористуваат на некој начин и работата семејството ти се срушува, некој умрел некој инвалид, некој се бори да преживее, некој станал асоцијален - од твоите, а оние во меѓувреме на база на твојот бизнис си направиле ќерки фирми, на пример или ја лапнале твојата државна работа, ти се приклучуваат на фб ги гледаш кај твојте поранешни пријатели први на маса кумови...Ја нема правдата. А нема ли да помислиш на оние што умреле во лоши услови како последица на нечија измама за твојте пари или прељуба или се што може да им падне на памет на такви луѓе? Нема ли никогаш да се депримираш и ќе си речиш ете така требало некој е горе некој долу. Или ќе си речиш животот е тркало ама кога ќе сум горе ќе го купам оној што ме уништи за пари на пример и ќе му правам што сакам? Се е ова хипотетички. Ама така лесно како што сакаш да кажиш дека ќе бидиш добро со тоа, нема така лесно да бидиш добро.

Ќе заборавев да ти го кажам најважното денес
Христос се роди.
Нека се роди одново во срцата на сите.
 
Член од
10 декември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
14
Колкава мака некој видел зависи од неговата лична перцепција, односно лимитот на неговата издржливост за маки е предетерминиран од негова страна ergo слабаците издржуваат помалку.
Освен ако не станува збор за благородна кауза, како самоубиство за да се зачуваат информации од огромно значење за држава и сл. институции или алтруистички пориви каде што самоубиството ќе спаси безброј други животи ретко кога некој се самоубива поради причина која не е молдирана од нивната суета.

Анксиозност и депресија колку сакаш сатанизирај ги, не се валидни причини за самоубиство. Има медицински третмани за тоа. И се first world issues. Не седиш во "куќа" со една соба чекајќи да ти падне барел бомба на глава. Не ти се ампутирани 3/4 од екстремитетите пошо си нагазнала на тенковска мина додека си бегала од запалено село.
Такви луѓе не плачат, не помислуваат да се самоубијат бидејќи имале блиска средба со смртта и знаат колку е страшно. Колку се празни и студени тие моменти.

Интересно е шо многу често таквите ликови не ни сакаат помош. Не сакаат да идат на терапии, не сакаат да си ги земаат дневните дози. Уживаат у таа илузија на "посебност" што им ја даваат нивните психички растројства. Еј ја сум хроничен депресивец, еј ја имам аспергер, еј ја сум посебен поради дисфункционалноста на мојот мозок, неговата
неспособност правилно да ги лачи и раководи потребните дози на неуротрансмитери итн.
Не се валидни причини? Не можеш да го кажеш тоа доколку не си бил во таа позиција. Тоа веќе е очај, кулминација на долгогодишно страдање, надолница која траела долг период.
Во еден дел од постот споменуваш дека имале блиска средба со смртта, а си помислил ли дека тие црни мисли кога се потсетат на тој период некогаш се решавачко нешто за да посегне по својот живот?
Во моето соседство имам пример за жена која се самоуби после разводот затоа што жената беше долг период во депресија, на крајот не издржа и скокна од балкон. Значи зборувам за депресијата која беше клучен момент да си го одземе својот живот.
И што доколку имаат помош? Кога не секој може да има иста реакција како јас или ти. Или одбиваат помош затоа што знаат како ќе бидат советувани.

Не гледам јас причини за осудување на тој чин кој има своја генеза со години претходно, кога можеби и тие околу него вртеле глава на проблемите на идниот самоубиец кога очајот го нагризувал, кога го избегнувале во друштво бидејќи бил депресивен, кога некои психолози со својата некомпетентност не придонеле ништо милион животни станици на кои морал да се симне за да пак ја почуствува осаменоста, на последната станица.

За да човек посегне по својот живот мора да престанал да го смета за вреден за живеење.

Робин Вилиамс мислиш дека човекот од ќеиф го направил тоа? Човекот имаше се, би можел најдобрите психолози и психијатри да најми а веројатно и најмил, а човекот со години пател од тешка депресија. Мислиш дека несакал да закрепне ?
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Самоубиство или во превод агресија насочена кон себе. Брзо, ефективно и практично решение е нејзино насочување кон некој друг. Другиот може да биде субјект или објект. Проверено функционира ;)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
311
Поени од реакции
302
Самоубиство или во превод агресија насочена кон себе. Брзо, ефективно и практично решение е нејзино насочување кон некој друг. Другиот може да биде субјект или објект. Проверено функционира ;)
И после комшиите ќе зборуваат пред камера "абе тивок беше ова е ептен неочекувано на мравка не газеше а не пак ова".
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Најдобар и радикален лек за депресијата е екстремен живот.

И после комшиите ќе зборуваат пред камера "абе тивок беше ова е ептен неочекувано на мравка не газеше а не пак ова".
У кој смисол екстремен? Дроги?
Немора да биде субјект како што веќе реков, може да биде објект.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
311
Поени од реакции
302
У кој смисол екстремен? Дроги?
Немора да биде субјект како што веќе реков, може да биде објект.
Моја грешка, тоа со екстремниот живот ми останало од претходен пост кој само го започнав па ми се измеша со другото.
ОК ако е објект, ако е субјект го имаш тоа што го напишав погоре.

На екстремен живот мислам на опасни активности (никако наркотици) како екстремен спорт или нешто слично. Да се точи адреналин и одвлекува внимание. Може да биде и едноставно како лудачко возење со точак за да се почувствуваш неверојатно жив.
Креативната работа е исто така многу добра терапија. instructables.com е супер место за да се држат мозокот и рацете зафатени.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom