Грешка си уште во старт: христијанските религии и исламот зборуваат за еврејскиот бог, како тие мислат дека е добро да се верува и да се изведуваат ритуали, нормално со напаѓање на евреите и нивните верувања, пракси и учња!
Ако се различни боговите за кои проповедате тука убедувајќи се како другиот е неверник и треба да биде казнет после смртта, тогаш:
Твојот бог е еден, во исламот е друг, католиците имаат трет, Индија има други...
Православните велат дека веруваат како нивниот бог очигледно постои а другите религии зборуваат за лажни богови и затоа се лажни религии.
Велат дури и дека другите христијански религии се секти и лажно веруваат.
Муслиманите истото го велат за сите христијански цркви и нивното проповедање дека нивниот бог е еден...
Каква е оваа луда работа со барање екслузивитет, кога сето тоа е собрано од други?
И, сега за кој бог зборуваме дека очигледно постои, ама ете човекот пустиот неспособен не може да познае дека има бог?
Твојот постои и за мене, богот на муслиманите постои за мене?
Или постои бог кој што ги обединува сите ваши расцепкани проповедања и поделби на Земјата?
И кој е крив за тоа што има толку богови?
Јас гласам дека тоа се вашите проклети религии кои се темелат на незнаење, ширење страв и кастрирање на човекот како неспособен во однос на божественоста.
Оние најгласни дрдорковци кои најмалку имаат нешто со божественото на Земјата!
Но што да се прави: мнозинството е опасна работа.