Последен гледан филм со кратка рецензија

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Gone Girl: или зошто вакви трилери веќе не успеваат кај мене

Со помирна глава ги сумирам впечатоците од можеби најочекуваниот филм на годината. Она што морам прво да го напоменам е дека Gone Girl имаше неверојатно добра маркетинг кампања која во центарот го имаше името на Дејвид Финчер и можеби, само можеби Емили Ратајковски за која сигурен сум дека добар дел мастурбатори го гледаа делумно и поради неа.
Хајпот е оправдан. Сите чекаме нешто спектакуларно од Финчер. Следејќи му ја кариерата јас мислам дека Финчер после Zodiac често знаеше да потфрли. Го направи Бенџамин Батон за кој имаше поделени мислења (мене лично не ме импресионира) и после го режираше The Social Network за кој господ знае зошто се нафатил, кога беше далеку од негов стил и далеку од добар филм.
Најново Финчер режира филм според книга. Првите информации околу филмов мислам дека ги прочитав пред околу една година, кога пратев во кои проекти ќе го има Бен Афлек, па после уште прочитав дека на кастингот поминала и Емили Ратајковски :icon_lol: и си реков океј, ќе чекаме, ќе видиме. После прочитав дека имало книга и бил адаптиран според неа па нема шанси да ја читам, ќе го чекам филмот, сепак е Финчер и ми е гајле кој и како ја напишал книгата, кога овој ќе изведе нешто подобро.

Почнаа првите рецензии на форум, од која само таа на социопатка21 се одвојуваше како негативна. Не следев да видам дали имаше и други, воглавно сите беа импресионирани од филмот. Колега од факс ми вика - гледај го после полагања филмов и кажи ми импресии, нешто неверојатно е. Му велам ќе го гледам кога ќе излезе на убава снимка.
Спуштам торент, го пуштам филмот и уште на почетокот си велам ова ќе биде одличен филм. Почетокот ветуваше многу. Нарацијата шеташе лево-десно, се префрламе од едно време во друго, ја следиме приказната од неколку страни, онаа на Росемунд и другата на Афлек. Саундтракот на кој е потпишан Трент Резнор е одличен, прави напната атмосфера, до тука се е добро. Првите половина час додека трае мистеријата се солидни, ветуваат.

После, филмот ми се изгуби. Има некои такви филмови кога наместо да продолжат со спектаклот, се губат во средината од тоа што сакаат да бидат незаборавни филмови, но кога целата тежина на филмот, целиот билдап кој траеше во првиот саат ми изгуби смисла, добив впечаток дека веќе не гледам мистерија-трилер филм. И океј е, продолжуваме понатака. Чекаме да помине уште пола филм а тоа се цели ебани 70-80 минути. И се прашувам каде сега, што понатака, дејствието не ме води никаде, филмот веќе не ме остава нетрпелив туку станувам рамнодушен на приказната, не ми е грижа ни за ликовите затоа што не се поврзувам за никого, а лошо на неизградени ликови е тоа што ако приказната потфрли, потфрлува и филмот.

Гледајќи го понатака се прашувам кои се мотивите на ликот на Росемунд за нејзините постапки, значи не наоѓам ниеден мотив освен - абе психопат е, терај.
Не ги наоѓам ни мотивите на ликот на Афлек. Не знам што прави цел филм, трча де ваму, де таму, се прошета низ сите сетови во филмот и не остави буквално никаков впечаток. Дојде во филмов колку само да го покаже стапот под туш и гајле му е. Како лик кој требаше да биде "поемотивен" не покажа никаков внатрешен конфликт.

И што кога во 2014 година веќе сите трилер финти се делумно истрошени? Како еден трилер да допре до гледачите и да остави впечаток без притоа да не е "веќе виден пресврт, веќе очигледен убиец, веќе видени клишеа"? Одговорот го дава минатогодишниот Prisoners. Во него ги видовме сите конфликти кои луѓето ги имаа во себе, видовме како секој се справува со едно исчезнување, па потоа се фокусираме на нив, во преден план доаѓаат емоциите а приказната и разврската не се обидуваме ни да ја погодиме затоа што едноставно се предаваме на филмот, исто како во серијата The Killing, презаситени од обични трилери најбитно ни е како луѓето навистина реагираат во вакви ситуации? Која е драмата при исчезнување, дали некој пронаоѓа начин во бегство од реалноста или се соочува и бара решенија. Кој како се помирува? Кога филм цели кон градење на ликовите при решавање на еден трилер случај, тогаш тоа е погодокот.
Нема веќе простор за трилери од 90тите (кои патем Финчер ги владееше), мислам дека веќе не поминуваат, сериозните гледачи бараат повеќе од само обична забава "пронајди го убиецот".

И тука е главниот проблем на Gone Girl според мене - ја нема формулата за незаборавен филм, има слаби ликови (секоја чест за глумата на Росемунд за тоа нема збор), и многу неуверлива приказна. Мислам дека никогаш нема да го гледам повторно. Не ми остави никакво чувство по кое ќе го сеќавам филмот.
Би сакал и детално да објаснам што се беше погрешно во филмот, но ќе треба да го ставам во спојлер а доста е и ова за денес.

p.s Единствено би го оправдал филмов ако Финчер се обидел да биде сатиричен :cautious:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
The Interview



Филмот кој моментално е актуелен во целиот свет. Па, ја не ни знаев дека се прави оваков филм, ноќта пред да излезе официјално филмот видов во генералната тема за него. Џејмс ми е океј актер, не го мразам и не сум го хејтал, а од Сет немам гледано филм, но во овој имаше одлична глума, барем подобра од таа на Франко.

Во филмот се зборува за Дејв Скајларк кој води емисија во која прави интервјуа со разни личности. Се решава Дејв Скајларк да прави интервју со Ким Јонг Ун, со што Дејв и пријателот Арон патуваат во Кореа. Пред да патуваат во Кореа, двајца од Циа им тропаат на врата и им наредуваат да го убијат Ким. Има доста пресврти низ целиот филм.

Незнам, мене ми се допадна, а коа видов првиот ден дека има златна 10ка оцена на ИМДб се шокирав, сега кога падна на 7,3 е океј, таман на место му е рејтингот, тоа и се поклапа со мојот рејтинг.

Има интересен типичен холивуд крај :Д
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Boyhood (2014)

Сакам филмови кои ме тераат да размислувам откако ќе ги изглеам, а филмов ме натера да размислам на повеќе прашања, меѓу кои најважното е: „Зошто го слушаш wot будало една?“. И навистина не знам, од немање работа му реков да ми предложи некој филм а тој вика „Boyhood ми е во топ 3 оваа година“. И јас, ко да не знам шо чоек е, го симнав. Почнав да го гледам, целиот во исчекување дека нешто, кај и да е, ќе се случи. Се разбира, ништо не се случи, или поточно, ништо се случи. Филмот е филм за едно големо ништо кое се случува во тек на 12 години. Како таков, има содржина.

Најспецифична работа за филмов е тоа што е сниман во тек на цели 12 години, при што можете во живо да гледате како децата растат и луѓето се менуваат физички, без шминка. Ако тоа ви претставува некаков wow-ефект тогаш добро. Мене тоа ништо не ми значи.

Филмот е за едно сосема обично дете кое има сосема обично детство. Тоа на некој начин е преувеличување, затоа што јас за себе мислев дека имам обично детство и очекував да се пронајдам во филмот. Испадна на крај дека дека во споредба со детево на филмот, ја можам да напишам бестселер, да заработам милиони и да му отворам кино на Бомбастичниот во Валандово. Значи тапа. Ја не знам како не почна да се дрогира детето, од досада.

Разбирам дека филмов е хејт или лов, малку ми е криво што не најдов ништо за што можам да се приврзам па да ми се допадне. Се обидов. Но не можеш да најдеш нешто во ништото. Згора на тоа, нема никаква инвентивност кај авторот. Буквално не шета во клишето, од моментот кога детето е во школо, па и се допаѓа на некое девојче од класот, па го закачаат малце зошто има поинаква фризура, па проблеми дома, првата девојка, првото раскинување, кампување со татко му, забава со другарите, хоби и така јебо те живот се до колеџ. Филмот нема никакви успони и падови, нема драматика, нема настани што можат да го заинтересираат гледачот, нема ликови за кои можеш да пуштиш солза или да се насмееш. Монотонија која убива.

И сега ова го запакувале во целофан и го продаваат како филм, као wow, цели 12 години е сниман. Па толку и траеше ебате. Отидов да се избричам после филмот мислам дека забележав нови бели влакна.

Кога бев мал и зборевме со другарите за рандом филм што го давале на ТВ, се прашувавме: како тоа баш главниот лик преживеа во сообраќајката? Како тоа баш тој и тој најде куфер полн со пари? Како тоа баш овој затвореник побегна од затвор? Како тоа ова другово дете ги врти видео игрите од прва?

Одговорот е, за да има филм, треба да има и добра причина. Треба да има настани што не се случуваат често и секому, треба да има необични, несекојдневни работи, треба да има нешто што дејтвието го прави различно и посебно. Кај драмите, дури и кога се работи за обични луѓе и обичен живот, треба да има ситуации кои ќе внесат некаква драматика и емоции. Неизвесност, радост, тага, задоволство, болка, хумор, авантура... нешто.

Јбг, премногу внимание му посветив. Ако сакате да гледате филмови на тема детство, гледајте ги My Girl (1991), Sleepers (1996), The Mighty Ducks (1992), Stand by Me (1986) итн...

Црн бумбар.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Чекај, чекај, чекај.
Уште сум под импресии.

I Origins (2014)

Некој научник го прашал Далај Лама, дали ако му приложат научен факт што се коси со неговите религиозни верувања и тотално ги побива, дали тој ќе се откаже од истите. Одговорил дека ќе ги земе тие факти, ќе проба да ги сфати и доколку ги разбере и навистина тоа го покажат, тој ќе го смени верувањето. А што ако истото само обратно му го направите на нерелигиозен научник?

Филмот е динамичен.
Се случуваат работи. Ќе те скине на средината, ќе продужи да те составува за на крај да те потчукне и удри ластик. Прикажува како еден научник, убеден дека науката ги има одговорите, убеден дека религијата е заостанат метод, неспиритуален, на сосема случаен начин, како на филм, на филмов запознава девојка со која се поврзува со јонска молекуларна врска и за кратко време ја губи. Нејзините очи се прекрасни. Нејзините очи беа прекрасни, додека лифтот не го направи своето. Во прогрес во филмот е научно истражување за тоа дека очите се поврзани со мозокот, научно откритие дека очите на човекот се софистицирани и дојдени на тоа ниво преку еволуција. Доказ дека не се дизајнирани од интелегентен дизајнер, односно бог.

Убавицата умира, научникот завршува со најблиската до него, лабараториската партнерка. Ах тие н'рдови! Кинезот сам, па шо! Како и да е, им се раѓа дете, после 7 години од смртта на Софи, девојката со прекрасните очи. Некоја луда докторка му ги проверува очите на детето преку скен на ирисот, тврди дека е можно да е болно од аутизам и го поврзува со свеста на некој рандом црнец и неговите мемории. Бебето реагира, делумно, на тие мемории. Тука се отвара прашањето, прашањето за afterlife. Иан, младиот научник скренува, и почнува да ги тестира очите на сите шо ги знае, дали се поклопуваат со некому..

Ај погодете. Ај, на чиви очи најде дупликат? Смртта на Софи пред е 7 години, а некој/а со исти очи, ирис, се појавува пред неколку месеци на очен скен во факинг Индија. Младичот после убедување на партнерката, се пакира и трга. Таму после мини авантура у барање и некој лејм покушај да ја најде, со клише филмска финта се среќаваат со девојче кое ги има истите очи како Софи. Девојчето едвај знае англиски, ама тој го води во неговата хотелска соба, крајно педо момент, му дава да јаде и веднаш тестира мемории. Има разочарување од резултатие ама на крај девојчето реагира пред лифтот...

Тука ни суфлира дека уствари тоа е можно да е душата на девојката со убавите очи, дека очите се во меѓусебна поврзаност со мозокот или душата.

Приказнава те вози натаму наваму за на крај да те стави на средина и чукајќи те по тилот ти вели не стој прецврсто на ставови од ваква природа. Open your mind shit. За на крај да ми даде да свршам со песна од Рејдиохед. И не, немав поима дека ќе ја има you piece of judging shit.

Ова ми е најубавиот од трите филма шо ги иам гледано годинава. Глупо е овоа со оцените. Ставив му десетка на imdb да живне малку.

Ретко пишам рецензии, не сум сигурен дали е спојлерфри? wот фаќу, казни ме.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
The Elephant Man

Ова е еден од филмовите кој имаше почеток но немаше крај за жал
(Иако се заврши да кажеме хепи пронајдокот прво тортурата која му се вршеше беше спасен од тоа насилството које го тиштеше самиот третман кој го добиваше секојдневно и тоа како некој се погрижи убаво за него па дури успеа да ископа што всушност му се допаѓа која е неговата страст ајде ако може така да пролета зборот) но ми е без крај празеН.

Филмот си тргна фино приказната се убаци тука маестро Хопкинс го згрижи но некако целата прича ми умре откако кажа нема лек другар цел живот ќе бидеш таргет но тоа е лично она персонално неможам да го ставам тоа на генерално ниво и да се борам со лавови у ринг ме разбирате

Човекот слон раскажува за тоа колку е тешко да бидеш таков каков што си ...

Мислам дека денеска баш живеме во тоа време кога сите се раѓаме како што и гласи насловот на филмот The Elephant Man знаеш се раѓаш таков и во општеството има луѓе како хопкинс грижлив добар и разбирлив према другите луѓе во случајов се мисли на слонот(што и самиов филм те тера да не се избегнуват таквите лица во општеството да не бидат цел осудувани и слично) или ќе постанеш како тие одвратно немилосрдни животни(да) кој сакат да се изживуват врз слабите и поинаквите овој филм не опфаќа само овој дел мислам приказната со слонот фаќа големи широки рамки зборува за различноста,за злобата на луѓето,лошите постапки зборува за светот таков каков што е (Стварно не мислев да копам зборови-да пишујем книга нешто демек чисто онака да си се искажам што ми лежи па кој ве ебе) ....

На моменти филмов згрозуваше кога се изживува кога му истурија алкохол,бакнежите тоа е таа болна фантазија на Линч-Типот е и пациент и доктор на самиот себе КРАЈ

Но замисли ако ова се води според некој американски она типичен холивудско сценаријо најверојатно филмов би одел вака

Дејствието би се водел во некоје училиште каде што ќе има некоје дете со блага ретардација каде останатите деца ќе го малтретират сцени вообичаени ќе доминират буткање на тетратките,удирање по рака,брцање во вц школка,тепање покажување пред главната пичка у школото(плава мора да е) е ти текнује

За филмов имам само да додам уше една реченица а одлично ми се вклопува

I used to wonder why they was here, anyhow. A bunch of goddamned sons-of-bitches
looking for somebody to make fun of.'"

Ова е моје гледиште на работите и истото немора да е точно
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.569
Поени од реакции
17.968
Interstellar

Хммм пред да дојдам до делот кој сакам да го разглабам повеќе би сакал да кажам дека Интерстелар е пред се визуелен спектакл и гозба за очите и ушите, а потоа доаѓа приказната, за која би кажал дека доколку сите ние не би прашувале "Зошто?", би можело да се рече дека е прилично солидна. Мислам дека денес не многу режисери би се нафатиле да депиктираат црни дупки и вормхолс. Крис Нолан е мислам и првиот кој прави ваков проект а сепак се работи за високобуџетен филм и потенцијално најголемиот блокбаастер за 2014 та, што е за почит. Сега делот што не ми се допадна. Ако не се лажам, филмот беше рекламиран ко најреалистичниот сф филм снимен до сега, филм кој дал придонес за науката бла, бла... итн. Како Нолан очекува да го сфати некој сериозно кога претпоставува дека у публика му седат дечиња што не изгледале ниту еден документарец за време-простор? Едноставно осеќам дека филмов можеше да биде многу повеќе, можеше да се објасни гравитационата теорија на релативитетот, што е време-простор, зошто настануваат закривувањата на време-просторот, причините за гравитацијата, зошто у суштина месечината орбитира околу земјата и земјата околу сонцето, зошто времето и просторот се неделиви надвор од еден механички систем како земјата? И уште многу зошто...
Па така човекот за да ја објасни дисторзијата на времето си најде планета која беше лоцирана блиску до црна дупка (ова нема да му го коментирам - да колонизираш планети кои се во близина на црна дупка), каде гравитационото поле е многу поинтензивно за разлика од тоа на земјата. На такви локации времето за одреден поединец би течело многу побавно во однос на одредена референтна точка/поединец во гравитационо поле со послаб интензитет. Па така ако видите некој да рипне у црна дупка, најверојатно нема да видите како ќе биде вшмукан туку ќе почне да исчезнува полека и да се претвора во црвена светлина и се што може да се види на површината на црна дупка или event horizon - от е уствари слика од минатото. Е сега ако некој слета на планета каде гравитационата влеча е толкава што еден час таму би бил соодветен на 7 години на земјата поради огромната маса на таа планета или црна дупка која го дисторзира у ствари време-просторот, тогаш тој организам би бил декомпониран на субатомски честици најверојатно. Е видите интересна работа на луѓево од филмов им требаше ракета од три дела за да искочи од атмосферата и орбитата на земјата, али на планета каде еден саат се седум години на земјата, и гравитационото поле е многу многу посилно од тоа на земјата, само го запалија помошното летало и без проблем се споија со главното летало кое ги чекаше 23 години. Друго, у филмот се збореше за некаква гравитациона равенка која до пола била решена и сега фалеле само информациите од сингуларитетот во црната дупка. Овој дел ми остана тотално непознат, информации за да се реши каков проблем? Да се откријат нови димензии, да се креира летало кое нема да користи гориво и ќе може да се движи слободно низ време-просторот. Ништо не објаснија. Трето, малце е несериозно Метју Меконахи користејќи бинарен код или морз, со движење на стрелката на часовникот да и ги пренесе сите квантни информации од црната дупка на ќерка му и Џесика Частејн се сфати од прва и све и беше јасно. Па и му отиде на брат и со саатот у рука дека татко им ги спасил :aplauz:, и типов не реагира никако а пред тоа неќеше да си оди од куќата во која цела фамилија му се задушуваше буквално.Четврто, опција eject у вселенско летало у црна дупка = wow, тесарект или како да се викаше тоа ќе го ставиме у жанр фантазија, не е ни сф. Ќе беше многу попаметно вормхолот таму да беше ставен од вонземјани него ли од луѓе од иднината, со ова режисерот си пукаше у колено. Ем не ни кажува како луѓето од минатото се преселиле на друга планета, ем земјата е ограничена со ресурси и знаење во тие моменти. Со самиов овој факт Интерстелар почнува да личи ко смешка наспрема Predestination, кој и покрај толку покомплексна приказна не направи воопшто големи киксови ако го споредиме со Интерстелар, напротив имаше многу порационална приказна со исклучок на фактот дека претпоставува дека временска машина може да биде креирана, што ќе се сложиме традиционално влага во сф.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
American Sniper



Филм направен според книгата напишана од Крис Кајл, најубиствениот снајперист во историјата на американската армија. Режиран од Клинк Иствуд и продуциран со помош на Бредли Купер кој патем ја игра главната улога во филмот и го портрира ликот на Крис Кајл himself.

Иако во суштина мразам филмови од типот на US Army kicks ass и ние сме најјаки на планетата, овој филм заедно со уште неколку се исклучок. Јес да го има малку и тој дел, но многу повеќе е истакнат конфликтот на обичен човек чии што чувства се измешани помеѓу љубовта кон своето семејство и љубовта и должноста кон својата татковина и браќата по оружје со кои служиш војска. Неможе и да се очекува нешто помалку од филм кој е режиран од големиот Клинк Иствуд. После Flags of our Fathers и Letters from Iwo Jima исто така филмови на Клинт, и овој изобилува со неговиот препознатлив стил.

Нема повеќе ништо да напишам за да не откријам спојлери бидејќи филмот е нов и не го гледале сите. Ќе кажам само дека филмот има 7.7 оценка на IMDB а јас според мене го оценувам со 9/10 пред се поради огромниот талент на Иствуд кога режира вакви воени филмови, и маестралната глума на Бредли Купер.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Dumb and Dumber To
Мислам дека ова беше еден од поочекуваните филмови за 2014 година продолжението на легендарната комедија од 90 ти те. Хари и Лојд овој пат во потрага на изгубената ќерка на Хари кој тој незнае дека ја имал. Лојд ќе признае дека лажно глумел дека е луд цели 20 години и била јака шега, а Хари ќе му каже дека му треба бубрег за донација и ќе се соочи со фактот дека е тој посвоен, но токму тогаш ќе дознае дека е татко! Па авантурата може да започне искрено добра комедија 8/10.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
The Maze Runner

Тивка неделна вечер. Нема ништо подобро за гледање добар филм со другар. Од нигде никаде го видовме овој. Без гледање трејлер, без никакво предходно знаење, го пуштивме.
Типац фрлен во Вукојебина, избришана му е меморијата. Таму наоѓа уште типци со иста судбина како него. Сите се таму, но никој не знае зошто. И нели, ќе ја бараат причината и излезот. Прилично интересно делува вака, на хартија.
И прилично добар старт, почнува да те интересира приказната и како мистерија, почнува да те заинтересирува крајот. Епа ова траеше само 10 минути. Потоа следува клише сцена. Потем уште една клише сцена проследена со ултра клише сцена, со уште едно клише................. и клише. ЦЕЛ ебан филм беше клише. Дури од што е очај ги погодуваш и клишеата до секунда. Исто како јас или некој рандом тип да седне и да прави филм од предходно (не)искуство со други филмови.

4/10
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Whiplash



Прво. :cuc:

Страст. Тензија. Гнев. Љубов. Пот. Крв. Жртва. Непокор. Емоција. Џез. Екстаза.

Можам само именки да редам и со тоа ќе кажам сè за филмов. Оти за врвните дела најчесто не требаат многу зборови. Штета што ќе морам да употребам повеќе, по сила на законот, да ми остане мислењево. :icon_lol:

За да се создаде уметност, треба да се има душа. Овој филм ја има. И те како ја има. Веројатно не постои поголем лаик за музика од мене, а не ни трепнав! Претпоставувам дека секој од нас имал еден Fletcher професор, за нијанса поблаг, можеби и построг. Се убедувате дека го мразите, вистината е дека неговото мислење ви е алфа и омега. Борбата со него е внатрешна борба. Не само заради успех, ами заради љубов.

Има ли граница, неопходно ли е жртвувањето за да се стигне до врвот? Изгледа дека е. Макар врвот бил и самозадоволна насмевка, не пофалби и овации. Макар врвот бил да си полн сам со себе. Секој којшто се трудел за некаков успех во животот, без разлика дали преку спорт, музика, литература ќе се идентификува до болка. Ќе му биде тест за издржливост. Ќе им покажам дека можам или на првото понижување ќе речам fuck you guys I am going home?

Во вакви филмови за мотивација клишеата се особено очекувани. Сепак, овде скоро и да ги нема, а можеби и се само незабележливи поради сета таа напнатост. Солото беше ежење, екстаза. Единствена друга сцена што предизвикала слични емоции е пијаното на Новеченто.

Ќе речев сè освен Оскар би било грабеж за филмов годинава. Ама ѝ требаат ли такви признанија на уметноста?
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610

Anatomy of a Murder
1959, Otto Preminger

Ненормално добар филм. Во мало градче се случува убиство, и адвокатот пробува да го извади убиецот, кој иначе е во Армијата, поради привремено лудило.
Целото дејство, од почеток - до крај, секоја ебана реченица и збор е добро измислено, и стварно ова е еден од ретките филмови кои што знаеш дека ќе ги изгледаш уште минимум 3 пати.
 
Член од
31 август 2012
Мислења
319
Поени од реакции
184
Pretty Woman (1990)

Star ama dobar film(barem pomene). Odamna go mislev i eve konecno najdov vreme da go izgledam uste ednas po neznam koj pat.:)
 
B

BooBojan

Гостин
American Sniper.

Снимен според вистинска приказна. Морам да признаам дека е одлична приказната.
Ама цела таква приказна во еден дел... Добра глума и добро изработен.
Му давам надпросечна оцена заради вистинската приказна, но колку можност има филмов да бил барем два дела, или подобро изработен... но ми изгледа дека е само ради реда снимен, и најмногу се гледа филмов заради приказната...

Од мене 7,5 од 10
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
The Illusionist

Супер филм лесен и јасен. Момче кое по случајност ќе го заитересира магијата и инлузијта се дружи со богатата Софи. Еден ден тие ќе бидат прогонувани од нејзините родители , а таа ќе го моли да направи трик да исчезнат. Приказната продолжува години подоцна кога тој веќе е мајстор на инлузијата со променето име а на неговата претстава ќе се појави и Софи која нема да го препознае првично... Јако совршено извонредни трикови 9/10 заради ебати цензурата мразам коа ќе соблечат женска и ќе ја прикријат сцената.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Почнав полека да ги прегледувам номинираните за Оскар, па еве рецензија на последниот кој го гледав - "The Boxtrolls"

Dare to be Square!
Во режија на Graham Annabl и Anthony Stacchi, веќе докажани на полето на анимирани филмови, со “ParaNorman“, “Boxtrolls” е нивниот нов филм, номиниран за Оскар за најдобар анимиран филм за 2014. Се работи за троловите-кутии, “чудовишта”, како што ги нарекуваат во градот под кој живеат. Овие суштества всушност се собирачи на ѓубре и градители, кои живеат под градот. Низ градот кружи лош глас за нив, а дека тоа не е точно најдобро знае главниот лик Егс (Isaac Hempstead Wright), дете кое било земено од овие суштества уште како бебе, а кое сега живее како еден од нив.



Егс воопшто не знае дека тој е всушност човечко суштество и мисли дека и тој е еден од нив. Живее како нив и со нив, јаде што јадат и тие. Дури носи и кутија, како и сите други. Сето тоа ќе биде доведено во прашање еден ден, кога при вечерното собирање на отпад неговиот најдобар пријател, кој го одгледал, Фиш (Dee Bradley Baker), ќе биде киднапиран од луѓето, поточно од Арчибалд Снечер (Ben Kingsley) и неговиот тим – па Егс ќе тргне да го бара. Нивната цел е да ги уништат овие “чудовишта”, а за тоа дело Снечер би бил награден со престижната бела капа.



Во потрагата на неговиот најдобар пријател, Егс ќе налета на ќерката на лордот Портли-Ринд (Jared Harris), Вини (Elle Fanning). Полека ќе се спријатели со неа, па со здружени сили ќе се обидат да ги спасат “the boxtrolls”.



Направен по новелата на Алан Сноу (“Here be monsters”), овој филм нуди доволно забава за сите возрасти и создава пријатна атмосфера за гледање. Иако, од друа страна, нешто слично веќе видовме во “How to Train Your Dragon”, каде основата е иста – суштества за кои луѓето мислат дека се злобни и се борат со нив, всушност не се. Па, така и тука едно момче се обидува да го докаже тоа. Основата е иста, со одредени разлики, но сепак мислам дека “the boxtrolls” не успеваат да ги придобијат симпатиите на публиката, како на пример, минионите од “Despicable Me”. И додека овој филм е сосема солидно остварување, мислам дека не може да се стави на ниво на претходно споменатите, па дури ни на неговиот славен претходник, “ParaNorman”- 3/5

Преземено од filmskirecenzii.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom