Се оддалечуваме од темата, така да овој пост ќе ми биде последен во врска со ова. Не зборуваме за посветување, туку за намерно игнорирање со цел да добиеш внимание. Што значи целосна посветеност? Ако тоа значи дека треба да го поминувате секој момент заедно, грешите. Целосна посветенот не смее да има, макар и кога би биле 50 години заедно. Вие сте две индивидуи, со свои желби, хобија, свој круг на пријатели, кои совршено функционираат сами, но научиле и да функционираат заедно. Ова е зрела врска. Во ваква врска нема место за заебанции од типот „ќе глумам недостижност, за да ми покаже повеќе внимание“. Не глумиш, капираш? Си оставате простор за секој посебно со тоа што ќе се фокусирате и на останатите работи од вашите животи, а со тоа и ќе си недостигате и ќе имате потреба да си пружите внимание еден на друг.