Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Да си имаа спремано едно планче, макар и тајно, и во генерални црти како гледаат професорите на решавањето на проблемот со квалитетот на високото образование, ќе го растуреа Груевски пред новинарите (извади листот од џебот и читај го предлогот на законот и додавај предлози. Покажи дека си адекватен и дека точно знаеш што зборуваш.
Некако е тешко да кажеш "седи лебу да те јадам", а да биде во повеќе од две реченици. Тоа е еден од можните проблеми со аргументацијата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Не се пали толку, со селски финти изигра доволно да плебсот застане на негова страна vs. "лошите и корумпирани професори". Неговава пропаганда е за в учебник, да стои како лекција како се замајува јавност додека "фирми"од Девствените острови као демек градат леарници..y
Кој плебс бре?
Овој што лелека под товарот на државната пљачка и неодговорност?
Овие што зимаат по 8000, а кои на секој чекор ги чека сообраќаец или УЈП за да им ги земат у еден потег? Тие кои ако отидат на лекар за поише од настинка, го наебале? Тие кои кога ќе пријават у полиција континуирано нарушување на приватност и имот од страна на Албанци, им викаат не сме ти ние тебе телохранители? Тие кои седат затрпани под снег и без струја? .....
(па побогу тука има до утре да се набројува, колку има среќни граѓани)

Тие ли ќе речат - Браво за Груевски?
можда
нашиот народ е докажано глуп у чести ситуации

Е тие, знам дека у суштина се шупци. пошто беа шупци тешки, за времето на владеењето на предходниве, а и за времето на владеењето на овие, потврдија.
Али ипак, и покрај тоа, сѐ си има граници, се освестуваат луѓето.
Груевски више ни кожни гаќи не го вадат во очите на народот, а не глупава вербална победа против полтронски професорчиња.

Што? Демек сеа студентите ќе речат - леле Груевски бил во право? :pos:
 

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Член од
28 март 2006
Мислења
17.746
Поени од реакции
12.203
Од друга страна ги имаме студентите и професорите. Професорите денес ги решија во 20 секунди. Брзо и практично. Знаете зошто? Затоа што немаат конкретно решение за зададениот проблем. .
Делумно, да. Но делумно затоа што настапува од позиција на сила и моќ. Цела моќ, на сите институции и голем број приватни фирми. Таков однос кон ректор на универзитет е без коментар. Никаков протокол, никаква почит како што соговорникот ректорот имаше и низ медиумите и во директно обраќање кон премиерот. Сведоци сме што се случуваше со неистомислениците...никому нема да е сеедно да му се случи нешто ни крив ни должен. И Леандра е во право за муабетот со клизачи у ребра. Ама ако се свестиш кој и што стои зад него...Сведоци сме на проекти кои ги работат професорите а кои се даваат по заслуга. Сведоци сме и дека и социјалниве мрежи се следат па и не може сешто да се пишува. Јбг, парите, концентрацијата на сила и физичката и институционална надмоќ победија, не умот и разумот и реалните потреби. А потреби повеќе има во оние сегменти кои дојдоа во негативниот извештај за Македонија есеноска, а кои упорно со години не се решаваат.
Затоа што немаат конкретно решение за зададениот проблем. .
пак не е јасно кој проблем. Да не се повторувам пак за ИПА фондовите, анализите, бенчмаркинзите и така натаму. Проблемот е прво во купување дипломи, добивање готови одговори на екстерните (за кои КОД имаше и истражување). И добар дел од проблемот е во исклучиво партиските вработувања.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Владата ја бираме,
Како што минува времето и пристигнуваат информации, ова полека преминува во можда или пак во не. Односно, очекувам период во кој ќе ни стане јасно дека владата сама се бирала.[DOUBLEPOST=1420483543][/DOUBLEPOST]
ох, можам да почнам да набројувам примери
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Овој што лелека под Демек сеа студентите ќе речат - леле Груевски бил во право? :pos:
Тоа нема да се случи. Ама Груевски ќе рече, еве јас ви понудив простор за дебата вие одбивте. И ќе биде во право. Ако не сакаат да дебатираат не е тоа многу блиску до се согласуваат?!
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.979
Поени од реакции
11.619
Еве зошто тврдам дека од сите дебати треба да бидат одзмени правнците и нивните места да ги заземат профеосорите на природните науки и технички факултети.
И додека од правниците неможеш да слушнеш никакво решение иако пишуват фермани по 10 страни професорите кои се занимават со практични науки практично и размислуват. Можеби незнаат да пишуват реферати но знаат да бидат конкретни и продуктивни.

Треба да се испита каков ни е квалитетот воопшто, каков е квалитетот по подрачја, па потоа да го најдеме лекот, смета редовниот професор на Инстутот по хемија на Природно-математичкиот факултет Владимир Петрушевски.




- Политичарите и професорите понекогаш гледаат различно на работите. Мислам дека ректорот не го образложи предлогот до крај, но јас ќе се обидам. За секоја работа е потребно да се земе анамнеза. Мојот впечаток е дека квалитетот на образованието паѓа. Но, за тоа немам доказ, не сум извршил ниту едно истражување – изјави професорот Петрушевски.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/184869-Petrusevski-Treba-da-se-ispita-kakov-ni-e-kvalitetot-voopsto?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed: kurir/makedonija (Курир - Македонија)

Класичен технички принцип на решавање на проблемите. Прво правиш мерења и испитувања. Потоа го лоцираш проблемот и за истиот бараш решенија. Понудените решенија ги тестираш и потоа пушташ во промет.
Драг мој Џони, Студентски пленум ова го предложи уште пред повеќе од месец ипол. Ама ок, читаш само тоа што сакаш да читаш. А многу од тие изјави, соопштенија и изјави се состанувани токму од студентите на Правен. Па види ти сега колку правниците не се кадарни или непродуктивни.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Го слушав до пред малку на Сител. Какво прописно пљукање удри, сфака част.
Се збуниле бе
СЕ ЗБУНИЛЕ!!!!!

3 месеца се објаснувам со моите, што пробуваат студентите да направат и како после бламажава да им објаснам јас.

Признаваме дека се збунивме.

Во момент се испотив од нервоза.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Нема потреба, Владата ја бираме, индиректно. Професорите ги именуваме и има критериуми кои треба да ги исполнат. Плус, избегаа од дебата која сами ја бараа. Немаш аналогија.
Чекај сеа, направив аналогија на спремноста. Не е битен начинот на верификацијата на нивните мандати, штом веќе се верификувани, треба да се спремни, не? Мотото на владата е 24/7, отворени за народот, а три месеци одбиваа да се сретнат.

Пази, одбивање на ЕДЕН граѓанин во системи кон кои се стремиме (официјално, не практично) да наликуваме е брука, а не одбивање на барање од 10.000 граѓани.

Ова што денеска премиерот ги повикува на дебата, не го пере нивниот претходен срам, кога одбиваа да се соочат со својот народ.

Ако се држиме до висок политички морал, денеска се случи двојно брукање. Едно од премиерот кој како пред кооперација ги повикува на дебата. Второ од толку самоуверената Ванковска и нејзината одбивна фризура, неофицијален лидер на професорскиот пленум, која денеска испадна модерен тројански коњ, посерувајќи ја целата досегашна работа на студентите и нејзините колеги.

Ако се навратиме на нашиов „морал“, да, премиерот им го напика јако, ко што им го напика и на А1. Исто и ко тогаш и ова ќе биде успешен упад. Всушност, метафорички им кажа, ви упаднав овде, ќе ви упаднам у автономијата на универзитетите, ќе ви упаднам секаде, можам.

Ако пак ја сумираме ситуацијава од сеопфатново наше животисување, добиваме професорски пленум во ќорсокак, студентски пленум со дополнителен товар на себе, пљуканици ко Каракамишева, Климовски и Јанко со своите пет интелектуални минути, задоволна влада, ново кредитче од ММФ и 35% данок.

Караванот си врви...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Тоа нема да се случи. Ама Груевски ќе рече, еве јас ви понудив простор за дебата вие одбивте. И ќе биде во право. Ако не сакаат да дебатираат не е тоа многу блиску до се согласуваат?!
Па кој ги ебе професорите. Голем ташак дали имаат или не да кажат нешто. In the first place, они не се ни побунија. Не излегоа одма професорите да протестираат.
Се побунија студентите. Они излегоа масовно и они масовно не ја подржуваат иљаду и првата небулоза на Груевски.

Што мења ова во вашиот став, студенти?
реално

Сите до еден студенти, (освен мали исклучоци) и понатаму се потив ова и ништо не ги спречува да го пласираат својот став на начин како до сега.
Не ми е јасно како вие си мислите дека со ова Груевски добил поени? Кај кого? Кај полтроните околу него?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.904
Поени од реакции
73.148
Владата ја бираме
Прв пат нема да се согласам со тебе :D

Ќе тргнам од мене. Гласот на изборите го дадов за Стојанче Ангелов. Ако досега ги шкртав ливчињата и пишував ВАРДАР е мојата партија, сега се решив со гласот да пробам да помогнам барем некој од оние кои за џабе гинеа за Македонија, да види некое добро од нас.
Интересно, на крајот партијата на Стојанче имаше 0 гласови во момето гласачко место.

Народот е зависен од партиите, бидејќи сите се партиски вработени. Партиите вработуваат паметно. Ги вработуваат оние кои доколку не се вработени од партија, не би имале шанса да најдат друга работа. На нив не им требаат паметни луѓе во администрација, паметните фаци си ги чуваат за постратешки места и не се појавуваат во јавност :D
Е таа бесконечна адиминистрација е гласачко тело кое е загарантирано, затоа што гласаат со бугарски воз :) Рачунај ги тука и нивните фамилии кои истотака се условени да гласаат за партиите, доаѓаме до бројка која сигурно не по своја волја го дава својот глас.

Они успеаа сите актери по театри, уметници и работници од културата да ги поделат на кланови, автономијата на УКИМ ја измочаа од крстот на Водно, па камоли некои глупандери што играат солитер во нивните канцеларии да ги остават да размислуваат своеволно.

Додај ги тука пензионерите на кои само им даваат некои привилегии, кои се само привидни, бидејќи минионите не сфаќаат дека тоа што ќе пензионерот го добил како плус, ќе го врати 10 пати повеќе со поскапите лекови, поскапите цени на производите. Не сфаќаат дека гага превозот во автобус, двојно ќе го исплатат нивните останати помлади членови во фамилијата, бидејќи ќе плаќаат поскапи карти итн.

Медиумската машинерија, која неупатените ги наедува да размислуваат само во една насока?


Далеку од тоа дека сами ги бираме :angel:

Лошото е тоа што и кога ќе падне Груевски, нема кој да го замени, затоа што веќе се испукани куртони, сите до еден.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.138
Чекај сеа, направив аналогија на спремноста. Не е битен начинот на верификацијата на нивните мандати, штом веќе се верификувани, треба да се спремни, не? Мотото на владата е 24/7, отворени за народот, а три месеци одбиваа да се сретнат.

Пази, одбивање на ЕДЕН граѓанин во системи кон кои се стремиме (официјално, не практично) да наликуваме е брука, а не одбивање на барање од 10.000 граѓани.

Ова што денеска премиерот ги повикува на дебата, не го пере нивниот претходен срам, кога одбиваа да се соочат со својот народ.

Ако се држиме до висок политички морал, денеска се случи двојно брукање. Едно од премиерот кој како пред кооперација ги повикува на дебата. Второ од толку самоуверената Ванковска и нејзината одбивна фризура, неофицијален лидер на професорскиот пленум, која денеска испадна модерен тројански коњ, посерувајќи ја целата досегашна работа на студентите и нејзините колеги.

Ако се навратиме на нашиов „морал“, да, премиерот им го напика јако, ко што им го напика и на А1. Исто и ко тогаш и ова ќе биде успешен упад. Всушност, метафорички им кажа, ви упаднав овде, ќе ви упаднам у автономијата на универзитетите, ќе ви упаднам секаде, можам.

Ако пак ја сумираме ситуацијава од сеопфатново наше животисување, добиваме професорски пленум во ќорсокак, студентски пленум со дополнителен товар на себе, пљуканици ко Каракамишева, Климовски и Јанко со своите пет интелектуални минути, задоволна влада, ново кредитче од ММФ и 35% данок.

Караванот си врви...
Нема висок политички морал, лаже со мотото и се друго што може да им се налепи. Ама идат избори и можеш да ги смениш. Како ќе ги смениме професориве што не се спремни да дебатираат за закон што директно ги засега?
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Најголема несреќа за една држава е кога и опозицијата и владата е катастрофа, нема по голема несреќа од тоа,едноставно кога ги имате сите овие појави, од таа земја нема ниту иднина ниту просперитет ниту пак надеж.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom