Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Еве зошто тврдам дека од сите дебати треба да бидат одзмени правнците и нивните места да ги заземат профеосорите на природните науки и технички факултети.
И додека од правниците неможеш да слушнеш никакво решение иако пишуват фермани по 10 страни професорите кои се занимават со практични науки практично и размислуват. Можеби незнаат да пишуват реферати но знаат да бидат конкретни и продуктивни.

Треба да се испита каков ни е квалитетот воопшто, каков е квалитетот по подрачја, па потоа да го најдеме лекот, смета редовниот професор на Инстутот по хемија на Природно-математичкиот факултет Владимир Петрушевски.




- Политичарите и професорите понекогаш гледаат различно на работите. Мислам дека ректорот не го образложи предлогот до крај, но јас ќе се обидам. За секоја работа е потребно да се земе анамнеза. Мојот впечаток е дека квалитетот на образованието паѓа. Но, за тоа немам доказ, не сум извршил ниту едно истражување – изјави професорот Петрушевски.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/184869-Petrusevski-Treba-da-se-ispita-kakov-ni-e-kvalitetot-voopsto?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/makedonija+(Курир+-+Македонија)

Класичен технички принцип на решавање на проблемите. Прво правиш мерења и испитувања. Потоа го лоцираш проблемот и за истиот бараш решенија. Понудените решенија ги тестираш и потоа пушташ во промет.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Од секоја дискусија и дебата треба да произлезат некакви решенија. Ако не произлезе ништо, тогаш исто како некој да прднал во решето и да се дискутира низ која дупка поминал.

Владините институции даваат отчет пред народот, со камери, со интервјуа, со летоци, со реклами, со решавање проблеми, итн. Изворот на проблемите се Бранко, опозицијата, СФРЈ, старата гарда, општеството, недржавничките елементи на народот, жртвените јагниња од редовите на извршната власт, итн. Секој ден, има доволно показатели за проблемите во државата. Нема потреба од анализи и статистика. Затоа што никој не го интересира статистика кога е во гомна до гуша, и единствен спасител е моменталната извршна власт и никој друг.

Целата политика и тоа денес што се случи е показател на една работа која двата пленума со толку многу интелект, начитаност, (и други квалитети недостојни за мојата маленкост, многупати покажана и докажана во темава наназад), не можат да ја разберат. Извршната власт РЕШАВА проблеми. Не продава демагогии. РЕШАВА.

Не е важно кој ги создава проблемите, како произлегуваат проблемите, кој дебатира за проблемите, кој јаде трици за нив, кој е против нив, кој е заглавен во нив, како звучат, колку скапо ќе не чини решението, по каква цена, итн. Значи, акцентот е на решавањето на проблеми. И целата ПиАр машинерија се врти околу решавањето проблеми. Иако, реално, барем 2/3 од проблемите ги создаде самата. Што од неукост, што од неискуство, што од инает, што од лична корист, итн.

Но, тие се максимално посветени 110% на решавањето проблеми. Секогаш кога има некој претставник од прв, втор, или трет ешалон, половина од изјавата е како еден проблем бил успешно решен. Така и проблемот со квалитетот на високото образование. Воведоа еден куп решенија (15 за последните 8 години), кое од кое “погенијално“. Ама најважно е што работат на проблемот и го решаваат. Важно е што работат на проблемот со конкретни чекори. Дали успешно, дали не, не е воопшто важно.

Од друга страна ги имаме студентите и професорите. Професорите денес ги решија во 20 секунди. Брзо и практично. Знаете зошто? Затоа што немаат конкретно решение за зададениот проблем. Не функционираат професорите како извршната власт. Професорите теоризираат, визираат, дискутираат, па де напред, де назад, де не знам, де знам, добро е не е добро, не ти знам што, итн. И така со месеци и години, а времето тече. Кој си имал работа со универзитетски професори, најверојатно знае што зборувам. Многу зборување, многу дебати, многу бла-бла, а малку решавање и практични решенија.

Премногу време се потроши на потценување и критикување на, и онака лошиот, владин предлог за реформи. Премногу време се потроши на заштитување на сопствениот задник со некакви елитистички изјави од фелата за колку се паметни, интелигентни, начитани, автономни, а колку е болна, долна, и глупава извршната власт и како нема капацитет да смисли квалитетни реформи и решенија. Премалку време се потроши на активно решавање на проблемот. Четири месеци не можеа да седнат три дена да понудат конкретно решение за проблемот со квалитетот во високото образование. Затоа што четири месеци зборуваа по медиуми, по социјални мрежи, по весници како решението што го понудила извршната власт било неадекватно.

Наместо да го искористат моментумот кој го создадоа 10 000 души два пати на марш. Таков медиумски момент, покриеност, присутност, позитивна подлога за промени, требаше да го искористат со едно активно решение изготвено од милите професори.

И на крај, кога Груевски им рече, ајде да дебатираме за решение, потфрлија. Потфрлија како неспремно учениче. И знаете кои потфрлија? Од правен, каде што секогаш треба да бидат спремни на рафали од таков калибар. Па имаа осум години да разглобат како делува моменталната извршна власт. Осум години една фела од универзитетски професори не можеа да разберат како функционираат владеат едни 30 годишни лигуши со толку народ. Тоа е срамно. Срамно за професорите.

Да си имаа спремано едно планче, макар и тајно, и во генерални црти како гледаат професорите на решавањето на проблемот со квалитетот на високото образование, ќе го растуреа Груевски пред новинарите (извади листот од џебот и читај го предлогот на законот и додавај предлози. Покажи дека си адекватен и дека точно знаеш што зборуваш. Не мора да си 100% во право, затоа што сепак е жива дискусија. Ама го десеткуваш кога е во елемент, пред сите.) А не вака да се криеш од ветување.

Затоа уште на почетокот од моето пишување на темата целам кон активно решавање на заедничкиот проблем. Затоа што знам како функционираат. Знам како дишат. Знам со какви куршуми пукаат. Знам и како да им вратам. За жал, ниту студентите, ниту професорите не знаат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Еве зошто тврдам дека од сите дебати треба да бидат одзмени правнците и нивните места да ги заземат профеосорите на природните науки и технички факултети.
И додека од правниците неможеш да слушнеш никакво решение иако пишуват фермани по 10 страни професорите кои се занимават со практични науки практично и размислуват. Можеби незнаат да пишуват реферати но знаат да бидат конкретни и продуктивни.

Треба да се испита каков ни е квалитетот воопшто, каков е квалитетот по подрачја, па потоа да го најдеме лекот, смета редовниот професор на Инстутот по хемија на Природно-математичкиот факултет Владимир Петрушевски.




- Политичарите и професорите понекогаш гледаат различно на работите. Мислам дека ректорот не го образложи предлогот до крај, но јас ќе се обидам. За секоја работа е потребно да се земе анамнеза. Мојот впечаток е дека квалитетот на образованието паѓа. Но, за тоа немам доказ, не сум извршил ниту едно истражување – изјави професорот Петрушевски.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/184869-Petrusevski-Treba-da-se-ispita-kakov-ni-e-kvalitetot-voopsto?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed: kurir/makedonija (Курир - Македонија)

Класичен технички принцип на решавање на проблемите. Прво правиш мерења и испитувања. Потоа го лоцираш проблемот и за истиот бараш решенија. Понудените решенија ги тестираш и потоа пушташ во промет.
Ај бе не ставај линкови од КУРир
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
пс. За конкретно решение како треба да настапат студентите во најкраток можен рок, ќе ви пишам попосле какво е моето гледиште, со конкретни чекори. :)
 
А

Атомската мравка

Гостин
Ок јас мислев дека целта е да се стопира донесувањето на оваа глупост од закон.
За непослушност и бојкотирање да сме живи и здрави па да видиме. Јас немам толку доверба во нашиот народ. За жал.
Многу оптимистка си била ти чим мислиш дека протести ќе ја натераат владата да ја повлече одлуката за државен испит, да бевме во некоја друга држава да ама за Македонија да помислиш дека може такво нешто да се случи... :D инаку мене ми е интересно што Груевски се јавува прв во сите работи, па има министер за образование што не го пуштат него да поканува професори ?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Многу оптимистка си била ти чим мислиш дека протести ќе ја натераат владата да ја повлече одлуката за државен испит, да бевме во некоја друга држава да ама за Македонија да помислиш дека може такво нешто да се случи... :D инаку мене ми е интересно што Груевски се јавува прв во сите работи, па има министер за образование што не го пуштат него да поканува професори за дебати?
Зашто не повторил.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Факт дека на таа маса со Грујо седат негови подржувачи.Најмногу партиски,можеби се наоѓа и по некој што смета дека законот е правилен чекор.Но она што ме чуди е денешното не влагање во собрание на професориве,каде отворено ги покани,без разлика дали изненадно им излегол пред Палас или не.Ако се образовани ако имаат аргументи,ако се толку паметни,требаа да влезат и да ги отворат од прашања и контра одговори и да ги засрамат.Со тоа што не влегоа само потсеќаат на пајо паторот со не влагањето во парламент.

Не го подржувам законот,но мразам лицемерие.
 

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Драги мои, денес Владата постигна шах-мат во нејзина полза. Целата акција се одвиваше како од учебник по ПР, а "професорите" наседнаа на селските финти.

Не е крива Владата, народот ни е прост.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Катастрофа ова професорскиот пленум, ако прифатија дебата требаа да се појават и да ги искажат своите ставови, а тие го избраа најлошото решение по себе.
Па уште ја гледам онаа Ванковска на ФБ пишува како го заплескала денес груевски и недозволила да игра со нив пинг понг. Кој е овде луд?
П.С. Наравоучение: Студенти никад не верујте на професорите што ви предаваат, бидејќи ако размислувате со своја глава има ГОЛЕМИ шанси да
бидете попаметни од нив. Нашите универзитетски професори се пренадуен балон, како и се останото во оваа држава, единствено ги бидува да се кријат позади грбот на студентите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Драги мои, денес Владата постигна шах-мат во нејзина полза. Целата акција се одвиваше како од учебник по ПР, а "професорите" наседнаа на селските финти.

Не е крива Владата, народот ни е прост.
Што е шах матот?

Реални факти се дека на студентите и народот им е преку кур од пиздарииве и дека на власта ич кур не ѝ чуе за мислењето на плебсот.

Што? Груевски ќе има ко ќе застане до огледало, алиби пред совеста, дека ете професорите не знаеле боље и затоа он го напраил како шо треба?
Голем кур, коа утре сабајле па сите ќе го мрзат (со право).

Ова само може во очите на форумските билборди да биде причина за меѓусебно тапшање по рамо, али од друга страна они не се ни луѓе....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.904
Поени од реакции
73.149
Кои министри бре, Груевски е премиер, претседател, министер за обраование, министер за здравство, министер за економија, за надворешни работи, за финансии, за внатрешни работи, за екологија, амбасадор во САД, амбасадор во Русија, амбасадор во Кина, амбасадор во Шведска, Груевски е уан мен шоу во моментов :icon_mrgr:

Професорите се тешки пички, сите се против ама не им стиска да се спортистават, како и секој Македонец во државава. Пола од нив застанаа на страна на власта, приватните факултети застануваат зад законов, а ни самите не знаат како ќе ги состават прашањатза испитот :angel:
Ванковска никогаш не сум ја почитувал, лесно е на ФБ да глумиш јак, еднаш имаше прилика конечно да покаже дека не е гилиптар и одма се испосра.
Цел труд на студентскиот пленум го фрли во вода. Да, навистина се две различни пленума, студентскиот и професорскиот, но сепак кога луѓево гледаат дека професориве се изгубени во времето и просторот, автоматски и бројката на протестите ќе се намали, а истата е мерило за моќта на студентите.

Студентите се разбудија, пробаа да сменат нешто, следниот чекор е земање на авионска карта во еден правец.

Груевски: И после оваа измена, ние сеуште ќе бидеме последни во Европа.

Добро утро ПАТОРЕ :цицки:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.140
Aналогно на ова, ако за ваков случај владата одбиваше три месеци да се соочи со студентите, да ти ебам владата, да ја укинеме.
Нема потреба, Владата ја бираме, индиректно. Професорите ги именуваме и има критериуми кои треба да ги исполнат. Плус, избегаа од дебата која сами ја бараа. Немаш аналогија.
 

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Што е шах матот?

Реални факти се дека на студентите и народот им е преку кур од пиздарииве и дека на власта ич кур не ѝ чуе за мислењето на плебсот.

Што? Груевски ќе има пред огледало алиби пред совеста дека ете професорите не знаеле боље и затоа он го напраил како шо треба?
Голем кур, коа утре сабајле па сите ќе го мрзат (со право).
Не се пали толку, со селски финти изигра доволно да плебсот застане на негова страна vs. "лошите и корумпирани професори". Неговава пропаганда е за в учебник, да стои како лекција како се замајува јавност додека "фирми"од Девствените острови као демек градат леарници...

A, професорската брука денес е посебна приказна за в учебник.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom