Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Па кога заедно излегувааѕ на пленум пред Собрание, кога заедно настапуваат, кога излегуваат со заеднички соопштенија таков е впечатокот.
Муабетот ми беше дека самите во јавноста создадоа една слика дека Студенски пленум = Професорски пленум.
Може сеа да се убедуваме дека е или не е така, ама прашај некој рандом студент и ќе видиш дека студентски и професорски пленум ќе ги поистоветуваат. Никој друг не ја создаде таа слика, туку самите актери и тоа свесно.
Ако до сега Студентски пленум не потенцирал дека се различни од Професорски пленум, баш едно такво соопштение со кое ќе се потенцира разликата според мене би било обид да се спаси тоа што може да се спаси. Требаа да бидат паметни и одма уште при формирањето на Професорскиот пленум да се потенцира разликата.
Немаат баш исти заеднички соопштенија, освен можеби неколку. Ок де, заеднички собир на Студентски и Професорски пленум. Замисли сеа заеднички собир да имаат две партии, и ти кажеш епа иста партија ти е тоа.
Во денешното соопштение што беше кажано за медиумите, се потенцираше ова, дека се работи за две паралелни движења, не едно исто.

Професорите можеа барем да ја направат дебатата колку-толку непријатна.
Не гледам и разбирам што имаат да дебатираат деканите, ако на пример од 100 професори на еден факултет 95 биле против овој закон? Сите факултети пратија дописи со објаснувања зошто се против.
Не само факултетите, Ректорската управа прати писмо до МОн за повлекување на предлог законот, каде потпис имаат ставено Ректорот, деканите и директорите на институтите, како и нелегалниот претседател на СПУКМ.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Немаат баш исти заеднички соопштенија, освен можеби неколку. Ок де, заеднички собир на Студентски и Професорски пленум. Замисли сеа заеднички собир да имаат две партии, и ти кажеш епа иста партија ти е тоа.
Во денешното соопштение што беше кажано за медиумите, се потенцираше ова, дека се работи за две паралелни движења, не едно исто.
Ти реков, може да се убедуваме дека ја или ти сме у право, ама иди прашај го тоа некој рандом студент.
И не ти е точна споредбата со партиите, зошто партиите или лидерите имаат заеднички средби ама излегуваат со свои сопствени соопштенија. Ја колку што видов од пленумот во понеделникот имаше само едно соопштение. Еве исправи ме ако грешам.
Подобра е споредбата со коалиција на партии. Ете ајде така да ги глеаме работите. Тогаш ќе видиш дека е точно тоа што го зборам. Еве пример, ако сдсм го напраат теле, теле ќе биде целата коалиција. Ако теле ја напраат нсдп, пак цела коалиција ќе биде теле. Денес Професорите ги направија магариња, ја направија магаре целата иницијатива.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Само немојте поради 1 кикс (ништо страшно) да плукате по професорскиот пленум, оти целта е баш таа да се направи поделба на професорскиот / студентскиот пленум е тоа не е добро во никој случај. Значи работите се јасни владава и без и со подршка ќе го изгласа законот, студентите не беа викнати на дебата - професорите исто! (ова денеска неможе да се каже дека е официјална покана, лице во лице барем не покана за вакви сериозни работи). Професорите остануваат на ставот граѓанска непослушност и бојкот доколку се изгласа, па ќе видиме до кај ќе оди работава
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дали ти е тебе јасно дека Студентски пленум и Професорски пленум се различни движења (првото е сочинето од студенти, второто од професори, првото почна да се активира кон средината на октомври, второто пред 2 недели). Прави разлика, да не морам веќе да ти објаснувам. Плус, отпосле се поправија Професорски пленум, и јасно е дека ова е грешка прво на Ванковска, како да се збуни буквално, изненадена беше, како и да е. Тоа е работа на Професорскиот пленум и ние не се мешаме во нивните интерни работи.
Две различни движења кои дејствуват координирано и синхронизирано па така по некоја случајност за секое прашање имат ист став.
Нескам да ги оквалификувам сите подржуачи и на двете движења дека имат партиски мотиви но повеќе од јасно е дека јадрото и на двете движења е управувано од еден центар. Потполно истото мислење го имам за контрапленумот на чело со Каракамишева. Колку што таа е неутрална толку се неутрални и пленумците.
Патем да надополнам дека и Каракамишева е производ на образовниот систем и тоа на правниот факултет за кого веќе зборував. Неможе и несмее на овој факултет да му се даде во рацете креирањето на новите закони од тој факултет 99% од тие што излегуват се административци кои мора да се лижат на едната или на другата страна за да добијат некоја позиција. Далеку од УМ е да се очекува од тој факултет да се води конструктивна и деполитизирана дебата. Од тој факултет 99% што излегува како производ е тежок чкарт од кој Македонија скоро никогаш не се офајдила. Токму политиката, новинарството и судството се најкритикуваните области во Македонија. Сите до еден кадри на правниот факултет. Јас да сум би ги исфрлил од секаква дебата.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Две различни движења кои дејствуват координирано и синхронизирано па така по некоја случајност за секое прашање имат ист став.
Нескам да ги оквалификувам сите подржуачи и на двете движења дека имат партиски мотиви но повеќе од јасно е дека јадрото и на двете движења е управувано од еден центар. Потполно истото мислење го имам за контрапленумот на чело со Каракамишева. Колку што таа е неутрална толку се неутрални и пленумците.
Ок.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Само немојте поради 1 кикс (ништо страшно) да плукате по професорскиот пленум, оти целта е баш таа да се направи поделба на професорскиот / студентскиот пленум е тоа не е добро во никој случај. Значи работите се јасни владава и без и со подршка ќе го изгласа законот, студентите не беа викнати на дебата - професорите исто! (ова денеска неможе да се каже дека е официјална покана, лице во лице барем не покана за вакви сериозни работи). Професорите остануваат на ставот граѓанска непослушност и бојкот доколку се изгласа, па ќе видиме до кај ќе оди работава
Ако сме свесни дека законот вака или така ќе се изгласаше зошто беа сите протести, маршеви, отворени писма?! Тоа што го бараа денес им беше понудено и идиотите го одбија. Како само ги изиграа, како мали деца.[DOUBLEPOST=1420479920][/DOUBLEPOST]
Две различни движења кои дејствуват координирано и синхронизирано па така по некоја случајност за секое прашање имат ист став.
Нескам да ги оквалификувам сите подржуачи и на двете движења дека имат партиски мотиви но повеќе од јасно е дека јадрото и на двете движења е управувано од еден центар. Потполно истото мислење го имам за контрапленумот на чело со Каракамишева. Колку што таа е неутрална толку се неутрални и пленумците.
Ај бе одлепршај више со тоа раководени од ист центар. Иди дркај на Груевски и не замарај више со пропаганди дека опзицијата стои зад пленумите.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ако сме свесни дека законот вака или така ќе се изгласаше зошто беа сите протести, маршеви, отворени писма?! Тоа што го бараа денес им беше понудено и идиотите го одбија. Како само ги изиграа, како мали деца.
Па не баш. Не знам дали прочитавте сабајлево, Професорскиот пленум излезе со соопштение дека нема да учествува на дебата. Да не идам на дуго и широко, најди го соопштението. Е сега што Ванковска можеше да му каже, не благодарам премиере, дебата додека законот е во постапка, не ни треба. Ние бараме да го повлечете предлогот, па после ќе дебатираме. Нешто у овој стил. Пошто они си имаа одлука и си ја почитуваа до крај. Ванковска е таа што се избрза. Мада и тие до неа можеа да реагираат.
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Чекај, нели на видеото Грујо ја кани Ваковска во Собрание, сакате да ми кажете дека после професориве не се појавуваат?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Па не баш. Не знам дали прочитавте сабајлево, Професорскиот пленум излезе со соопштение дека нема да учествува на дебата. Да не идам на дуго и широко, најди го соопштението. Е сега што Ванковска можеше да му каже, не благодарам премиере, дебата додека законот е во постапка, не ни треба. Ние бараме да го повлечете предлогот, па после ќе дебатираме. Нешто у овој стил.
Ама на камера се согласи дека ќе дојдат ако биде во собрание? Дали соопштението ќе се врти на телевизии или снимката со Ванковска и премиерот? Како што кажав, во состојбата каква што е, со медиумите контролирани од власта ваквата постапка беше кобна и ПР војната ја доби Груевски.
Дај боже да грешам. Дај боже да се кренат над оваа криза студентите и да излезат како победници. Мојата подршка секако ја имаат.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Ако сме свесни дека законот вака или така ќе се изгласаше зошто беа сите протести, маршеви, отворени писма?! Тоа што го бараа денес им беше понудено и идиотите го одбија. Како само ги изиграа, како мали деца.[DOUBLEPOST=1420479920][/DOUBLEPOST]
Студентските протести, маршеви итн беа да се даде до знаење дека студентите не се согласуваат со идејата за државен испит.
Законот и да се изгласа (а ќе се изгласа) ќе се знае дека е против вољата на професорите и студентите, баш за тие што ги опфаќа законов.

После евентуално изгласување треба да има непослушност / бојкот на настава (и од професори и од студенти) и преселба на протестите на улица со блокирање патишта па да видиме кој ќе попушти прв..
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Студентските протести, маршеви итн беа да се даде до знаење дека студентите не се согласуваат со идејата за државен испит.
Законот и да се изгласа (а ќе се изгласа) ќе се знае дека е против вољата на професорите и студентите, баш за тие што ги опфаќа законов.

После евентуално изгласување треба да има непослушност / бојкот на настава (и од професори и од студенти) и преселба на протестите на улица со блокирање патишта па да видиме..
Ок јас мислев дека целта е да се стопира донесувањето на оваа глупост од закон.
За непослушност и бојкотирање да сме живи и здрави па да видиме. Јас немам толку доверба во нашиот народ. За жал.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Ако за ваков случај, на најобразованите во државава им треба неколку дена да се припремат за дебата, најдобро да укинеме високо образование.
Aналогно на ова, ако за ваков случај владата одбиваше три месеци да се соочи со студентите, да ти ебам владата, да ја укинеме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.379
Поени од реакции
18.519
3 месеци им требаше да се организираат професориве,не искочија со подршка коа највеќе требаше и сеа коа веќе студентиве добија и јака организација и подршка им ја усраа цела работа за 20 секунди..Свака част морони:cuc::cuc:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Немаат баш исти заеднички соопштенија, освен можеби неколку. Ок де, заеднички собир на Студентски и Професорски пленум. Замисли сеа заеднички собир да имаат две партии, и ти кажеш епа иста партија ти е тоа.
Во денешното соопштение што беше кажано за медиумите, се потенцираше ова, дека се работи за две паралелни движења, не едно исто.
Реално, после бруката во вид на третиот протест, Студентскиот Пленум изгуби огромен дел од угледот кој го уживаше. Заедно со Џака, сами си пукнаа у колено и оттогаш си се повлекоа. Во меѓувреме излезе Професорскиот пленум кој здоби популарност, а Студентскиот само ги копираше нивните статии и изјави, со што можеби не формално, но сепак фактички му ја препуштија работата на Професорскиот во некоја форма на транзиција, слушање на поискусните. Денеска Професорскиот Пленум се пукна во другото колено, со што движењето ги изгуби двете нозе. Тука е крајот, Владата поштено ги надигра сите, секоја им чест како го изведоа ова. Едино што може позитивно да се извлече од приказнава е тоа дека, можеби (значи можеби), кога ќе сакаат да направат наредни реформи ќе размислат како ќе ги спроведат пошто видоа дека граѓаните се револтирани од многу други работи и се чека само некој да почне за и други да се кренат против. Па здравје ова ќе бидат единствените реформи од ваков тип in my lifetime, но камо да има и подобри.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646

Kajgana Shop

На врв Bottom