Во блиска индина не. Скоро невозможно е, освен ако не се случи некаква револуција која би дала праг анархијата да процути како модел негде. Подалеку, веројатно. Не гледам како поинаку би се прогресирало во условите кои се денес наметнати. Ако не сака да го даде тронот, ќе му биде одземен, и истиот ќе биде стопен. Нити да му текне на некој пак да проба истото, нити како симбол воопшто да постои, да тлее како ретровирус кој ќе сека погоден момент да се активира пак (а симболот сам по себе носи и значење, значењето е дел од мисловен конструкт, истиот е елемент на филизофија. Ако сакаме тоа да исчезне, ќе треба и симболиката да отиде со нив). Само размисли каде се ја гледаме круната како симбол денес.
Ова со одговорноста се согласувам. Него друго нешто. Зборев со одредени учесници на ова Occupy движењево што е. Самото движење ме заинтригира бидејќи нели, идејата е како се обесправени во однос на тој 1% елита која ги ставиле во таква ситуација во каква се најдоа/се наоѓаат, и мислев дека таму ќа наидам на горе-доле истомисленици, или еве слично-мисленици да ги наречам
, али не, нејќат ни да чујат. Им редиш што се имате заедничко, он ти вика, ама је нејќам аболиција на влада, војска, полиција. Sorry what? Па баш полицијава ви дробеше ребра на протестиве, баш владава ги амнестираше тие кои ве ставија во економска криза и ради кои загубивте и куќи, и работни места, и се остало. Војската не мрдна со мал прст да помогне, а ако се радикализирате уште повеќе, и неа ќе ви ја викнат ... И на крај ми вика ај губи се, не сакам комунистички идеи (а му зборам за анархизам
). Не е само одговорност, туку и човекова глупост. Едно е да си неинформиран. Да сакаш да останеш неинформиран те прави глуп. А со глупи луѓе кај ќе градиме сестро јас и ти анархистичко општество? Ај може се погодија такви тие со кои што зборев, нормално не можам да зборам за целото глобално движење, ама самото искуство онака ме уназади со оптимизмот во таа ситуација, дека може нешто да се случи.