Го прочитав предлог законов што се однесува до
држ. испит член 69 - бидејќи е ебење у здрав мозок)).
Прво, мислам дека полагањето за возачка дозвола во вид на еTest им беше една мала симулација за ова сега,со однапред дадени прашања.Според мене повеќето од кандидатите за возачка полагаат се релативно млади(18-24) и резултатите кои ги постигнуваат на тие тестови со негативни поени ќе бидат слични со предвидениве тестови на Факултетиве(50% со негативни што е исто како 70% без негативни)
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Второ, ако добро го разбрав овој дел:
Државниот испит за студенти содржи пет прашања со различна тежина од
секој предмет поединечно од секоја наставна година со четири понудени решенија.
Државниот испит за студенти се смета за положен доколку студентот
постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени од секој
предмет поединечно
Ако го земам мојот факултет имам 20предмети во прва и втора. Значи првиот дел ќе имам 20*5=100 прашања.
За да положиш ти требаат
70/100 и притоа
МОРАШ да имаш
3/5 одговори точни за секој предмет посебно.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Трето:
Прашањата ќе бидат од различно ниво на сложеност и тоа две прашања ќе
бидат од најсложен вид на прашања, а останати три прашања ќе бидат составени
со пониски нивоа на сложеност.
Што значи ова нели ќе бидат дадени прашањата за каква сложеност зборуваме?!
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Четврто, ќе заборавев ама овие што го правеле никако да заборават
Цена да удрат
Доколку студентот не успее да го положи државниот испит двапати по ред,
наредните пријавувања за полагање се на товар на студентот, и тоа за трет пат
1.000,00 денари, за четврт пат 6.000,00 денари и за секое наредно пријавување
12.000,00 денари.
На многу студенти ќе им се случи по некој предмет да извадат 2/5 или помалку и да го паднат целиот испит
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Според
државниот завод за статистика во академската 2013/2014 година се запишани вкупно
57 746 студенти, ако ги земеме сите 4 години(default) имаме 57 746*4 =
230 984 студенти моментално.
Според претходно набројаниве извадоци од предлог законов, однапред може да се види причината за испитов дека е полнење на бу(џепот). Ако секој трет студент полага по 3ти пат и секој 20-30ти полага по 4ти пат рачунајте колку се тоа милиони.
Ако некој смета дека стварно знаењето ќе го добиеме не е точно бидејќи се се заборава ако не го работиш , за тоа е пример Адеми,Мене работодавачот нека ме оцени по стручност дали знам или не, индустријата нема проблем со дипломите, ДРЖАВАТА има.