Значи ве читам наназад страниве, и се прајте сосила будали. Као демек не чинело, маргини вакви маргини такви, а реално коефициентиве не се воопшто лоши. Башка ги има СИТЕ игри и други + дополнителни, шо на ниедна кладилница онлајн низ светов мислам дека воопшто не ни постојат.
Чисто за споредба, на бет365 вакви комбинации ако има видено некој, нека ми се јави. За фаворитите кога играат пример Реал, Челзи итн немаш 1и3+, имаш само 1и4+. Полувреме - крај и 3+ не постои.
Ваков тип не ни знаев дека постои искрено а играм доста долго време, и онлајн и во земските.
А за обичните коефициенти 1 х 2 , воопшто не се лоши, некои се слични некои се поголеми за 0.05, некои помали за исто толку.
Само тресите глупости, за да бидите во тие кул членовите кои што се заебаваат на сметка на странава. Значи не велам дека би играл, зашто играм по други кладилници, но дефинитивно би пробал. Ништо сега
@Ставрогин ќе ме смета за без мозок, оти гледам имаше така искоментирано за тие што ќе ставеле макар и денар на кладилницава. А реално ти брату ако имаш толку пари колку шо кажуваш и прајш обрт на 3000 евра во ден, според моја логика и мислење нема да си го тупиш мозоко на кајгана форум и да се објаснуваш и да им се смејш на некој шо играле и како играле, туку ќе одиш некаде и ќе ги трошиш парите. Со пријатели, семесјтво, и нема ич кур да те боли за 2вин австриска видеолотарија за нас простиве, а ти наместо тоа читам ги колниш до 3то колено и си активен 24/7 на кајгана и се расправаш за онлајн кладилници. Па овие и го тагнуваат за да им кажи експертов дали е добра кладилницава или лоша :/
Се на се, странава е добра, треба да ја досредат заради тие грешките на српски и игрите во живо, ама незнам шо е толку лошо и шо е то шо не ви е ко шо треба. Ама знам како е, како шо рекол некој, така сите по него.