Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Какви се овие хипотетични калакурци, не се знаело ништо. Убаво ти напишаа, настанокот на писмото не соодејствува со настанокот на јазикот, јас само можам да дополнам дека создавањето на било кое писмо не е равнозначно со создавање на нов јазик, туку материјализирање на дотогашниот.Воопшто не ги мешам јас. Овој јазик од 12 век се нарекува средно-монголски, а пред 12 век прото-монголски. Токму овој прото-монголскиот е хипотетички и ништо не се знае за него. Како точно твојот пријател Монголец знае зборови од хипотетички јазик од кој нема ниту еден ред напишан е многу интересно...
Она што ти сакаш да го наречеш “средно-монголски“ е истиот јазик со “прото-монголски“. Ти си го дефинирал вака вештачки, како два различни без притоа да можеш да направиш основна споредба меѓу нив.
И бидејќи излегуваш од погрешната хипотеза која самиот вака си ја поставил, тогаш разбирливо да не можеш да најдеш “друг“ јазик, кога се работи за истиот цело време.
Интересно е како интелектуалната мисла за себе спознавањето во Бугарија и 24 години после едноумието и понатаму не се помрднала од место.[DOUBLEPOST=1419947757][/DOUBLEPOST]
Морам да те исправам, бидејќи непотребно внесуваш грешка во делумно точното тврдење. Се работи за 2 посебни експанзии одвоени 2-3 века меѓу себе.Миграциите на запад кон Европа се должат не на експанзијата на Кина, а поради експанзијата на тjyрксите племиња и xiongnu. Односно кажано на едноставен јазик тјуркоjaзични и монголоjaзични номади напаѓаат полуномади кои зборуваат ирански и тохарски jaзици. Oвие последните мигрираат кон Европа и стануват познати како Сармати и Алани. Прабугарите се дел од Сарматите.
За твоја информација врската помеѓу Хуните на Атила и азиските племиња xiongnu е проблематична и не се прифаќа од многу современи историчари.
Ако има нјакаквоа причина за движења на племињата xiongnu тогаш ова не е експанзијата на Кина, а растечката сила и воените победи на племињата xianbei (syanbi).
.
Првата експанзија на Хiongnu почнува со изградбата на Кинескиот Ѕид и уште во 3 век п.н.е. тие дефакто се населуваат во Таримската долина и 2 века живеат меѓу туркските народи на денешен Таџикистан и Киргистан и народите на Иран, Кина.
Дури после неколку века тие повторно се притиснати од Кина која ги присилува да се преселат уште повеќе на Запад во Кавказкиот регион каде се сретнуваат со Аланите кои се со иранско потекло и формираат заедничка држава(условно кажано) која во западните грчко-римски извори се нарекува Хунско-Аланска нација:
Hunnorum Alannorumque natio / Alannorum Hunnorumque
Миграциите на Аланите кон Европа кои почнуваат во 4 и 5 век се совпаѓаат со бугарското продирање на Балканот.
Е сега чив удел бил позначаен и доминатен во нивната врска, може да биде предмет на понатамошна дебата. Но, тоа што е неспорно е дека бугарското потекло треба да се бара во еден вид хибрид помеѓу иранските и монголските племиња.
Се' дотогаш, ќе бидете поделени на 2 табори, едни кои заговараат само иранско, други само монголско.
Последно уредено: