Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Three to Tango

Врвна комедија :bravobe:. Оскар и Питер се најдобри другари и архитекти кои својот проект треба да го престават пред инвеститорот Стајрус. Еден момент кој ќе го забележи секретарката меѓу нив двајца ќе ја натера да помисли дека се геј пар. Заради ова Стајрус ќе го задолжи Оскар да ја шпионира и занимава неговата љубовица. Вистинско лудило:pos: 9/10 затоа што мразам цензура на голи сцени :)
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Tusk

Ве предупредувам да не го гледате филмов. Од сценаристот, преку глумците до режисерот, верувам сите имаат некакви психички проблеми. Филмот не е ни хорор, ни црна комедија. Може само да ви предизвика нагон за повраќање. По бесмислена работа одамна немам видено.

Водител на радио-шоу паѓа издрогиран во куќата на некој стар лудак поранешен морнар и утредента се буди со едната нога отсечена. Без телефон и без можност да бега, лудаков малку по малку го подложува на серија хируршки зафати и дошивувајќи му кожа од претходно убиените жртви, го претвора во морж. Го храни само со риби и психички го „дресира“ да се однесува како морж ако сака да преживее.

И после тоа овој лудакот бива убиен, „моржот“ е пренесен у зоолошка, каде бившата му женска доаѓа со новиот дечко за да го нахрани со риба :pos:

Хартијата на која е напишано чудово вреди повеќе од финалниот производ.
Од мене чиста нула.
0/10
 
Член од
19 декември 2014
Мислења
9
Поени од реакции
26
ако добро сум сфатил тука пишуваме наши мислења за гледани филмови? нов сум на форумов извинете однапред ако грешам

Pi (Aronofsky)

Мојот најгледан и може слободно да се констатира омилен филм во животот од исто така ценет режисер помеѓу филмската елита кој се решив да го ставам на слика на мојата сметка тука. Препорачан од драг професор од факултет кој за жал не е веќе меѓу нас.
Пи е вистински доказ во денешницата да може да се сними класика од филм без гомила потрошени пари, ефекти кои би привлекле малолетници во кината да трошат финансии од нивните мајка и татко за пуканки и кока кола. 50,000 долари ни за 1998 не биле голема сума. На дртавата Анистон и даваа повеќе за да се ја оклешти паткавата уста три пати за дваесет минути. Вистински преплет на надминувањето на границите на интелигенцијата, човековите можности и граници. Каде е крајот на она што ние всушност го можеме? Дали некогаш ќе знаеме кога е доста? 3,14 беше магичниот број во овој филм. Како е можно сè во природата да потекнува од овој број кој има и свое име? Исто и како и големиот број на работи од клучна важност во нашиот престој на оваа планета, бројот Пи не се повторува никогаш. Единствен број кој не се повторува и грст Нобеловци не можат да пронајдат зошто е тоа така. Трансцендентален број за кој во графички приказ не можеш да го употребиш методот на „вквадратување на кругот“. Максимилијан Коен во овој филм беше пифилолог кој знаеше дека во бројот Пи слично како што учи и Саган се вметнати тајните на универзумот. Велат, моментот кога ќе го разбереме бројот пи, ќе ги разбереме и тајните на универзумот. Да се навратам на поентата, Коен веруваше дека ќе го пробие овој број и постигнувајќи ја целта ќе ја објасни еврејската Тора. Но опсесијата со оваа цел го доведе до точка да не знае што со себе. Кога си опседнат со нешто, го гледаш насекаде. Голем и најтежок проблем за човештвото.

Гледајте го овој филм за да не си дозволите да бидеме игнорантни како ороспии по градовиве што не знаат да соберат 2+2. Ако досега сте имале еден поглед, сега ќе имате неколку и тоа многу поинакви погледи на човештвото.
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Рецензија и на долгоочекуваниот "Dumb And Dumber To" со надеж за уште една добра комедија за крај на 2014, но филмот беше се освен тоа што очекував...

“Dumb and Dumber To” е продолжение на легендарната комедија со Jim Carrey и Jeff Daniels, кои повторно се враќаат во своите улоги на Лојд и Хари. Овојпат, браќата Фарели (Bobby Farrelly, Peter Farrelly) ги ставаат овие два ликови на патување да ја најдат ќерката на Хари, за која тој воопшто не знае.



На почетокот од филмот Лојд се наоѓа во установа за лица со психички проблеми, но набргу ќе се открие како дошол таму. Потоа, заедно со Хари одат во потрага по бубрег кој му треба на Хари за да продолжи да живее. Одат кај неговите родители, само за да дознаат дека Хари е посвоен и дека неговите биолошки родители се мртви. Потрагата продолжува откако ќе прочитаат писмо од пред дваесет години, во кое пишува дека Хари има дете за кое тој воопшто не знаел.



Продолжуваат со потерата, овој пат по мајката на детето – Фреда (Kathleen Turner), а кога конечно ќе ја најдат, таа ќе им каже дека ја дала ќерката на Хари на посвојување, бидејќи не била во состојба да ја издржува. Тие сепак успеваат да дојдат до адресата на девојката (Пени – Rachel Melvin) и одат таму. Таа е посвоена од познат, богат професор (Др. Пинчелоу – Steve Tom). Но, проблемот е што таа не е дома туку на конференција во Њу Мексико. Тие тргнуваат во нова авантура, во потрага по ќерката на Хари, по која сега лудува Лојд.



Иако филмот има неколку добри моменти, сепак е далеку од првиот дел и од моите очекувања за вториот. И не очекував еднаков успех, но ова продолжение на “Dumb and Dumber” искрено ме разочара. Хуморот на кој бевме навикнати во првиот дел сега е сведен на минимум, се повторуваат неколку сцени од првиот дел. Севкупно, ова продолжение, наместо да се надградува на оригиналната комедија која имаше голем успех, оди во погрешна насока. Ни одблизу атмосферата не е на ниво на ппрвиот дел. Хуморот кој делуваше освежувачки сега го нема, а е заменет со слаб хумор. Ова долгоочекувано продолжение – “Dumb and Dumber To” ме разочара во скоро секој поглед, па така оцената од 2/5 е сосема реална.

Преземено од filmskirecenzii.com
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Она кога не си се потрудил ама ич да вметниш душа во филмот.


Star wars синдромот е најдобрата парарела за целава франшиза поврзана со средната земја.
ај сфаќам дека е маркетинг во прашање и затоа ја истенчија приказната и ја направија во 3 дооолги филмови. Питер Џексон сакаше една шајка да голтни и 1 метар жица да испосери, колкаво тупење со цел што подалеку и подолго да трае филмот.

Карактерите досадни, Торин го направија толку глупо само за да внесат некакви внатрешни конфликти и интриги кој ми шлапнаа таков контра ефект шо едноставно не ми беше гајле за филмов а немаше еден саат поминато.
фалеше егзекуција на круцијалните сцени кој требаше да пробудат нешто во нас, многу вештачки и лошо направено.

Мислам дека Питер на Мартин Фриман му рекол: абе брат повтори ја улогата на изгубен човек исто како во Фарго шо глумеше,Тотално истата фаца ми беше.

Разбирам дека пари се фрлаат на CGI ама молимте барем фаците нека бидат реални, едно џуџе имаше фаца праена со ефекти, стварно немаше смисла. Каде е таа препознатлива костимографија како во LOTR ?

Змејот беше најкул во цела триологија и само тој беше позитивно во филмов

Знам дека филмов е за деца ама сепак имаше луѓе шо растеле со ЛОТР филмовите и книгите,
не му праввете Phantom menace на фановите, гревота е
5/10
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Гледам и тука споменат е филмов неколку страници поназад, нема да ја должам.

Gone Girl
Лоша глума, уште полоша приказна. Дали јас имав големи очекувања (како ќе ги немаш ко сите велат прејак прејак)?! Како на заебанција да е снимен и одглумен истовремено. Приказната нафрлана туку-така, типичен трилер на почеток, киднапирање, можно убиство итн. ама развојот на настаните е некако нереален, недостига нешто. Споредено со други трилер филмови лошо, многу лошо.
Overrated филм, не мора да значи дека ако Финчер режирал филмови како Зодијак и Fight Club, дека сите негови дела ќе бидат толку добри.
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Sleepless in Seattle



Зашто обожавам љубовни филмови, ама стари романтики? Има еден дел баш во филмот што вели дека љубовта во старите времиња била поинаква. Тогаш едноставно знаеш дека тоа е тоа. Веројатно многу сонувам дека еден ден внуците ќе зборуваат за вечната и огромна љубовна искра помеѓу мене и дедо им... :rolleyes:

Nevermind
Добро филмче за тепање време. Не е секојдневна романтика, башка доста време има поминато од фамата на филмов па се решив да го гледам зашо нели веројатно срамота е.
Chick flick ама посебен, различен.

7/10
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Exodus: Gods and Kings

Лош филмски приказ на добропознатата библиска приказна за протерувањето на еврејскиот народ од Египет кон ветената земја Ханаан под водство на Мојсеј/Моше. Можеби самата приказна е донекаде ограничувачка со оглед на тоа што има (покрај историска) и религиска конотација. Холивуд изгледа сакаше да направи „оживување“ на овие приказни, но како и „Ное“ на Аронофски, и „Егзодус“ на Ридли Скот по се изгледа ќе помине неславно.

Кристијан Бејл како Мојсеј сигурно ја има одиграно една од најлошите улоги, што е навистина разочарувачки ако се земат предвид неговите потенцијали. Ужасен избор е направен со актерката која ја глумеше жената на Мојсеј (тоа беше шпанската актерка што глумеше во популарниот „7 метри над небото“). Кратките дијалози меѓу нив - Мојсеј и сопругата (најверојатно) биле замислени да го погодат гледачот, да го фатат на емоција, но мислам дека и најемотивниот човек нема да биде нималку погоден од сценариото на филмот.
Aрон Пол како Џошуа и Бен Кингсли како Нун, се целосен вишок во филмот. Нивните ликови се максимално неразработени, посебно ликот на Џошуа.

За пофалба се неколку сцени кои благодарение на 3Д изгледаат супер. Посебно онаа кога се враќа водата на Црвеното море.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
The Interview



Интервјуто, филм за кој се дигна можеби најмногу фама годинава. Со закани, терористички напади, бојкоти, каде да се пушти за емитување и 100 други глупости.

Веќе сите знаеме за што се работи филмот така да не верувам дека на некој ќе му се спојлне нешто.

Дејв Скајларк ( Џејмс Франко ) водител на шоуто "Skylark Tonight" и Арон Рапопорт ( Сет Роган ) продуцент на шоуто, ќе добијат идеја да му направат интервју на Ким Јонг-Ун, Комунистичкиот лидер на Северна Кореја. Веднаш после тоа ЦИА ќе им зачука на врата и ќе побара од нив да го убијат Ким додека се во посета на Северна Кореја.

Пред да излезе филмот мислев дека ќе биде уште една глупа комедија без комедија на Сет Роган. Трејлерот си имаше некои смешни моменти но не планирав да го гледам. Арно ама пред 2 дена беше пуштен на YouTube и Google Play Store и филмот почна да собира фасцинантни бројки, плус на IMDB има 8.6 рејтинг па се одлучив да го гледам синоќа, и не се разочарав. Филмот е доста смешен, посебно Џејмс Франко е ептен влезен во улогата и скоро сите смешни моменти се од него. Според мене ова е најдобрата комедија што сум ја гледал годинава, не дека пак имаше многу избор. Му давам 8/10 од мене.

WHAAAAAAAT....
 
Последно уредено од модератор:

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Hackers

Ме натера да се замислам дали ова е следната ера за војна која ќе се води само преку компјутери? Дејд уште на 11 години ќе биде уапсен за хакерски напад кој ќе сруши 1507 системи за еден ден и ќе добие забрана за користење на компјутер или телефон до 18 година. Приказната продолжува 7 години подоцна кога тој ќе се загледа во Кејт и ќе се обиде да ја освои. 7/10
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Barry Lyndon- Stanley Kubrick

Бидејќи вечерва останав дома незафатен од новогодишното лудило за одење по кафани и ресторани решив да изгледам уште еден филм на Кубрик, три саати долгиот Barry Lyndon

Во ова дело, сместено во средината па до крајот на 18 век, ги следиме авантурите на младиот ирец Редмонд Бери, кој го игра на судбината ќе замине од родното село и ќе проживее низа авантури како британски и пруски војник, пруски агент, професионален коцкар и на крај маж на богата вдовица, го следиме неговото издигнување и неговиот пад, амбицијата и реалноста на неговиот живот.

Пред се морам да кажам дека приказната не е нешто оригинална ниту интересна, целата глума и ликовите ми делуваат некако здрвено и извештачено, но мислам дека тоа е намерно така за да се прикаже однесувањето и манирите во 18 век, земајќи ја во предвид должината на филмот, не секој ќе може да го догледа филмот оти знае да биде напорен на моменти. Филмот изобилува со сцени и дијалози на поздравувања, џенталменство, формални обраќања и аристократски манири.

Но она што овој филм го прави одличен е нешто друго, не сум гледал друг филм кој подобро го претставува општеството, особено приказот на високата класа во 18 век како овој. Целата сценографија, костими, локации каде филмот е снимен се перфектни и го оживуваат 18 век пред очите на гледачот. Барокни палати, раскошни градини, војнички униформи во разни бои, марширање во права линија во битка (типично за војните во тој период), аристократи со напудрени лица и живописни облеки, класични уметнички слики, се тоа е беспрекорно изведено и пресликано.

За филм снимен 1975, делува модерно и свежо како да е правен во 2014, квалитетот на камерата, боите, светлината, техниката, во секој кадар Кјубрик сјае во полн сјај. За музиката и да не трошам зборови, само ќе кажам дека јас филмот решив да го гледам баш заради тоа што пред некое време дознав дека оваа ремек дело е главната музичка тема на филмот. (а и не за џабе освоил оскари токму за костимографија и музика меѓу другото)

Се на се, сосем солидна осмица.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Flash of Genius

Koрпорациите се алчни, без разлика колку и да прават пари гледаат трошоците и давачките да ги сведат на минимум, све е тоа ОК и логично од некоја гледна точка, НО секако не е добро кога патат луѓе како нивните вработени и општо луѓе кој се фатени во нивните политики и дејствија.

Филмов е за Robert Kearns (Greg Kinnear), фамилијарен човек и професор по инжинерство на кој му доага инспирациона муза и му се пали светилката. Креира бришач кој работи на повторување за одредено временско време за разлика од претходно што имало бришачи што само работат констатно. Прилично револуционерно за своето време. Го патентира изумот и го носи во Форд. Им го покажува но секако не им дава да ѕирнат под хаубата и да видат од што е составен све додека не добие договор. Но им дава демо продукт за да го тестираат и успеваат да му ја украдат идејата. Неколку години подоцна почнува да ги тужи и тука почнува легална борба.

Во ликот има длабочина и комплексност, одлично е изработен. За ликовите од неговата фамилија немаме некој развој и запознавање што можда е мала мана. Општо на филмот можеби му фали повеќе колоритност, режисерот се гледа идел на сигурно, но сепак никако не го оспорувам филмов дека е добро парче што треба да се гледа, дава инспирација и мотивира на истрајност.
7.5/10
 
W

wicked_1

Гостин
Ikiru

Доста захтевен филм и еден од гемовите на Куросава каде е направен одличен осврт на трансформацијата на човековата персона и филозофско објаснување на животот и смртта.
Икиру на еден начин ни ја објаснува борбата која е потребно да ја имаме секојдневно со зацврстените начини на функционирање, работење и општење во заедницата, и меѓу нас како индивидуи, се со цел да ги смениме истите. Да им внесеме нијанса динамичност, алтернативни пристапи, кои нас ќе не направат како индивидуи подобри и духовно побогати личности, попродуктивни, и ќе оставиме знак на нашето постоење, каде енигмата не е зошто живот, туку како и што со истиот.
Во филмов борбата е отсликана преку главниот протагонист Кенџи Ванатабе кој е бирократ и работи за владина организација околу 30 години, ист секојдневен монотон, депресивен начин на живеење кој го има претворено во рутина, кое работно место му е делумен спас и пребег од социјализацијата надвор од бирото. Еден ден дознава дека има рак на белите дробови и му е останато уште половина година да живее.
Веќе не следува истиот живот за него, Кенџи се трансформира, пред овој расплет ликот физички и психички не изразуваше никаква болка или очај, се до тој момент. Од тој момент натаму Кенџи напротив не е преокупиран со фактот дека деновите му се избројани, туку размислува и жали за тоа дека го има поминато животот без ден вистински да живее. Понатаму следат илустрации на смена на карактер и внесување "живот" во филмот, главниот лик почнува да живее, се социјализира, влегува во имагинарниот круг на материјалисти, се запознава со девојка со која работи и поминува доста време со неа. Дознава конечно што е потребно за да биде среќен. Детерминација, упорност и желба да го промениме системот кој ги има створено нормите и кодексите на живеење, со што со мала нота на протест кон истиот ќе се создаде значење на живеењето во еден таков круг.
Филмот е поделен на два дела, првиот е животната сторија на Кенџи Ванатабе, вториот е импактот кој го има оставено на тие околу него по неговата смрт.
Развивањето на филмот и неговиот успех е заслуга на глумењето на главниот лик Такаши Шимура(во филмот Кенџи Ванатабе) кој е перфектен фит и улогата му е lifetime аchievement, маркантен лик во еден ваков класик каде ги пренесуваше емоциите на гледачите во секоја сцена со минимализирана нарација.
Присутен е во речиси сите филмови на Куросава, втора најзабележлива појава му е покасно во Седум Самураи.

Еден од најдобрите филмови на Куросава, топ 3 секако со оглед на тоа дека ова е нетипична тематика за режисерот и дели од неговите други филмови.
Ран, Рашомон и Седум Самураи се тука негде. Оценката е и повеќе од заслужена, Akira at his finest.
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
I Origins

Обожавам вакви филмови. Спој на науката и душевниот свет. Спој на два света. Не сум од оние типови кој овде е станат рецензент преку ноќ и ќе почне да објаснува каква била камерата, аглите, трепките и патиките.

Можам само да кажам дека бев видно изненаден, бидејќи имав ниски очекувања, мислев дека ќе го угасам на пола пат, а се случи спротивното. Го изгледав во еден здив. Не е за сечиј вкус филмов, али филмов нуди за мене доста интересна приказна која нималку не ја очекував.

Да не верглам, само што го завршив и уште сум под импресии.. за крај, запамтете ги очиве :)

 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
The Interview

Филмот околу кој се крена толкава паника , па закани и се му оди во прилика за да седнеш и да го гледаш. Мислам тематиката е двајца новинари од САД ќе сакат да направат интервју со Ким јон и тоа ќе им биде овозможено , но Циа ќе побара од нив да го убијат. Се врти приказнава , па Дејв ќе се спријатели со Ким и нема да сака да го убие. Филмов има смешни моменти ама далеку од тоа дека е смешен бар не е комедија за мој вкус. Потоа сакав друг крај некако пологичен ми беше зш вака е упропастена една добро потенцијална поучна комедија. Како и да е седи и гледај 6/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom