Воглавно да, моментално од таму се произведува 1/10 од нафтата во светот и 1/4 од природниот гас,
но не е само тоа во игра.
Пробај да погледнеш карта на светот од перспектива на арктикот:
Русија ќе ја држи на дланка цела северна Америка, и обратно.
Оној кој ќе доминира со Арктикот ќе си обезбеди стратешка предност, не само од аспект на војување но исто така во скратување на морскиот пат, што поради топењето на ледот се отвара како многу поефтина варијанта за транспорт на стоки. На пример пред 5 години немало воопшто бродски транспорт по северното арктичко море, а оваа година веќе над 500 бродови пловеа околу рускиот северен брег.
Во арктичката зона живее вкупно 4 мил. население, од кое дури 2 мил. се Руси. Засега руското знаме се вее во точката Северен Пол. Територијата која Русија ја побарува, според некои проценки содржи дури 80% од сите нафтени ресурси и целосен капацитет на гас, не вбројувајќи ги сите скапоцени руди и метали.
Планот за загосподарување со Арктикот беше одложен после распадот на источниот блок, но Русија уште во 2001 најави повторно отварање на воени бази.[DOUBLEPOST=1419620090][/DOUBLEPOST]
Да надоврзам на стратегијата...
Бидејќи многу малку луѓе го разбира она што Путин го прави во моментот и она што ќе прави во иднина,
Путин ја продава руската нафта и гас само за злато.
Сеуште се прифаќаат американски долари како средство за плаќање, но тие веднаш ги разменуваат сите овие долари добиени од продажба на нафта и гас за физичко злато! Тоа го објаснува неверојатното зголемување на златните резерви на Русија. Во меѓувреме, Кина почна да го прави истото.
Колумнава навистина вреди да се препрочита неколку пати:
http://www.globalresearch.ca/grandmaster-putins-trap-russia-is-selling-oil-and-gas-in-exchange-for-physical-gold/5421567