- Член од
- 27 октомври 2008
- Мислења
- 1.680
- Поени од реакции
- 266
Ја отварам темава за да ви го пренесам моето искуство со болницата 8ми септември, општа хирургија.За хируршкиот дел дали е ок или не ќе пишам апдејт за една две недели, додека целосно не заздрави раната, ама за нечовечкиот однос ќе се распишам од сега, денот кога началникот на општа кој ме оперираше не ни сакаше да ми ја погледне раната, туку буквално ми рече Веќе да не си ми дошол.
Не знам дали се свесни докториве наши дека не се богови? Седнати на купче на четврти во соба за состаноци, а јебани 2 саати со рани од операции ги чекаат куп пациенти, они со отворена врата си праат муабет за решото и за нова година!
Од шминка, фасада, врати со сензор и музика у лифт, ни една друга реформа не се гледа, а и нормален човек нема да ја примети во болницата.
Секоја чест на болничарките, сестрите, ама откако ќе ти дадат отпусна листа, со наод и рана уредни, ти веќе не постоиш.
3 пати идев во болницата. Првиот они ми кажаа, демек пошто искачам брзо да сум дошол на контрола, а кога отидов муабетот беше кој те викнал, што си дошол и никој ни ме прегледа ни ништо, на 4 дена од операција! Вториот пат за конци вадење, да ги молиш конци да ти извадат, демек кај тој што те оперирал, а тој началник, нигде го нема, не смеат ни да го побараат, и денес третиот пат, откако ми се зацрвени раната и ми истече течност од неа, муабетот беше ај бе па ти каков намќор си да не си дошол веќе, ко јас на два дена операција да правам, па знам се што и како е нормално или ненормално!
Да објаснуваа се што следи и како следи, да разговараа со тебе ко со човек, немаше никогаш да се вратам у таа јазбина нашминкана! Наместо да се фокусирам на заздравување од операција која на овие години веќе и не е толку наивна, јас треба да се нервирам и јадосувам од нехуман однос! Да не знаеш кај да идеш и на што лекар ќе налеташ.
Јас разбирам дека имаат гужви, они се под напон исто така, ама никогаш, барем во таа професија не треба да заборават дека работат со живи луѓе со чувства, луѓе што чувствуваат болка и сл. За жал нашиве доктори мислат дека се богови и дека ние треба да ги молиме и да трчаме по нив по ходници.
Значи повторувам, хируршкиот дел не знам како ќе испадне сеуште, ама оној каратист од министер пред да смени фасада и елки да китат, може да им уплати курс по добро однесување на докторите, началниците и боговите, да не заборават од кого зимаат плата!!! Нормално, на нивни трошок, од нас и преплатени се, со такво однесување!
Ако има слична тема, префрлете го постот, ако не ве молам нека стои, чисто да не заборавиме дека по болнициве се е исто. 8ми септември хирургија не препорачувам па и началник/бог нека е хирургот....