Јас пишував за типична балканска богата фамилија... Пред да се изнасмееш прочитај двапати. Иначе таквите како тебе со таков карактер допрва ке си ги берат плодовите. Има време ке почнеш да учиш Златна.
[DOUBLEPOST=1419451093][/DOUBLEPOST]
Луѓето со помала свест (по простите) највеќе ги понесува колективната свест. Овие наши богаташи и да имале нешто интелигенција и свест со начинот на живот се што имале си затапуваат. Пак ке пишам секоја чест за ретки исклучоци.
Значи мешаш се и сешто.
Прво мораш да разграничиш некои работи. Постојат ,,бизнисмени,, кои се се - освен бизнисмени. Туку обични сељачишта кои продале ниви за да дојдат во ,,метрополата,, и да потплатат некој на функција за да им проработи ,,бизнисот,,. Таквите цел живот ,,газдаруваат,, со помош на врски, мито итн. Најверојатно немаат никакво образование, или она што го имаат, секако, им е купено.
Постојат и уште еден тип на ,,бизнисмени,, - оние кои го наследиле бизнисот од родителите, арно ама родителите никогаш не инвестирале во образованието на своите наследници, па овие наследнициве, среќа што веќе имаат пари, па плаќаат други да им го водат, а они да се чаталат.
Овие погоре, и едните, и другите, генерално немаат поим за ништо освен за чаталење, па оттаму е и потребата за промискуитет, а имањето деца им е некој вид на ... епа да не останат покусо, мора да се чаталат и со децата.
Меѓутоа, постојат и луѓе кои со своја пот во животот направиле многу, дошле од ,иза Богу леџа, и створиле од ништо нешто.
Пак, тоа нема врска со семејните односи толку, колку со нивниот став према животот. Профитот не го гледаат како причина за чаталење, него како извор за подобар живот.
Можеме вака да разглабаме ехеее, уште многу, меѓутоа, на крајот - јасно е:
Сиромашните семејства имаат поголема тенденција да бидат дисфункционални него оние кои имаат добра финансиска ситуација.
Луѓето кои немаат кариера воопшто, се посклони на лоши меѓучовечки односи, од причина што се неисполнити и најчесто сликата за себе им е лоша.
Од секое правило постојат исклучоци, но самото тоа што некој е сопственик на бизнис, или заработува многу, не е фактор за тој да има дисфункционално семејство.
Всушност, повеќе мислам дека оние кои не ги заработуваат парите (туку ги наследуваат) се далеку посклони на пороци.