Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    760
Истапувам против мислењето дека сите страни се исти, дека сите страни се исто безскруполозни. Затоа што таквиот став е штетен и неправилен што го обезсмислува разговорот воопшто. За што тогаш луѓето воопшто да спорат, да се убедуваат, да се докажуваат.
Можеби некој или некои сили/држави/страни целосно ќе престанат да водат сметка за покривање на своите постапки со некакво право, но не сите страни целосно.
Тука некаде сме, ги изнесовме ставовите, да не се повторуваме и да не цепидлачиме. А и би требало да сме блиску во мислењата, бидејќи не сме многумина македонски националисти.
Имај само во предвид дека постојат Македонски националисти и на „другата страна од фронтот“. Само сакам да ја смирам топката и да го вратам муабетот колку што е можно во колосек. Различните мислења не се причина за кавга, туку за здрава конверзација, од која доколку ги оставиме суетите на страна сите ние можеме многу да научиме.
 
Селото Степанивка на руско-украинската граница.

Штетата се гледа и на Гугл Мапс.

1 2
 
http://lokalno.mk/silna-eksplozija-go-potrese-harkov/

Бомба во Харков, дали е можно прелевање на кризата ?
Јас нема веќе нешто што не очекувам некако цел свет е во точка на вриење[DOUBLEPOST=1419493440][/DOUBLEPOST]Украински пратеници нападнати со граната во Киев[DOUBLEPOST=1419493513][/DOUBLEPOST]Еве и во Киев пак се жари нешто само неверувам дека се прорусите
 
Последно уредено:
Во врска со погорните примери на бомбашки напади (да не ги заборавиме и неколкуте бомби во Одеса) дефинитивно ситуацијата зазема некои нови текови на сеопшт внатреукраински конфликт.

Срушен мост во Мариопол

MTWEH119d5g.jpg

Досега ниту една организација јавно ја нема преземено одговорноста за овие напади иако речиси сите напади според проруските извори се извршени врз личности (и нивниот имот) кои отворено, преку учество во организации или со лични средства, го поддржуваат спроведувањето на таканаречената АТО.

Сеуште е рано да се зборува дека се работи за проруски сили, но е многу веројатно. Низ проруските сајтови исто така се зборува за еден случај во Славјанск кога биле ликвидирани десетина пијани украински војници буквално на маса од страна на маскирани вооружени луѓе. Но имајќи во предвид дека ваквите меѓусебни убиства и ликвидации не се ништо непознато во редовите на украинските владини сили помеѓу припадниците на разни воени групации можеби се работи за меѓусебна пресметка доколку е сето ова вистина.
Да не забораваме, неонацистите од "Свобода" доживеаја пораз и се чувствуваат крајно "увредено" поради тоа, првенствено бидејќи неонацистичките бандитски воени баталјони се едни од најмотивираните и жестоки учесници и поддржувачи на "антитерористичката опрација".
Еве ги и нивните активности во Харков..
 
Последно уредено:
Интервју со поранешен руски офицер.
Зборува како регрутирале платеници и ги праќале да се борат во Донбас.
http://www.e1.ru/news/spool/news_id-416966.html

Интересен е делот за пренесувањето на платениците од Русија во Донбас, првично ги маскирале како Црвен Крст за подоцна да ги пренесуваат со руските хуманитарни конвои.
Сепаратистите земаат плати, 60-90 илјади рубли месечно за обичен војник, 120-240 илјади рубли месечно за повисоки рангови.
 
Се работи за пензиониран козачки воен поглавар кој е задолжен за фондот на поранешни воени ветерани од Урал.
Човекот експлицитно кажа дека помага во организирањето на доброволците кои побарале помош да одат на Украина и дека тие НЕ добиваат пари за тоа. (а также опроверг слухи, что они получајут деньги.)

Парите кои се споменуваат се однесуваат само во случаите каде ангажманот се плаќал без обврска, според кажувањата на козачките доброволци тоа биле отприлика сумите кои биле давани како надомест за нивното учество и нивното искуство.
Со давањето пари имале за цел привлекување на поискусни професионалци во најжестоките линии, но дека тоа сето го покриваат единиците на народната самоодбрана.

Бидејќи границата сеуште е отворена, хуманитарните конвои непречено поминуваат, заедно со овие доброволци кои ги истовараат во договорени пунктови.
 
Интервју со поранешен руски офицер.
Зборува како регрутирале платеници и ги праќале да се борат во Донбас.
http://www.e1.ru/news/spool/news_id-416966.html

Интересен е делот за пренесувањето на платениците од Русија во Донбас, првично ги маскирале како Црвен Крст за подоцна да ги пренесуваат со руските хуманитарни конвои.
Сепаратистите земаат плати, 60-90 илјади рубли месечно за обичен војник, 120-240 илјади рубли месечно за повисоки рангови.
Го прочитав два пати ама поента никако да најдам.
Единствено ако мислиш дека тоа што го прават и користат агресорите и узурпаторите на власта,т.н. хунтини сили,не смеат да го прават силите на одбрана и самоодбрана.
Овие смеат да ги напаѓаат со сите сили и странски платеници ама Русите не смеат да се бранат.
 
Не, не е поентата дека не смеат да се користат платеници, двете страни го прават тоа, добар беше артиклот за добивање на информации за регрутирање, трансфер и организција на ‘волонтерите‘ во сепаратистички редови.
 
Секако дека Русите кој се нападнати на сопствениот праг ќе ги искористат сите сили да се бранат.Како тоа ќе го прават и како тоа ќе го презентираат не е политичка тема,и воопшто не го тангира прашањето на карактерот на војната која ја водат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom