- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.610
- Поени од реакции
- 18.641
Знаеш не е убаво да се испревртуваат зборовите.
Барем не за тој што ги испревртува. Си создава лоша слика пред другите.
Бидејќи на форумов лесно може да се провери, што точно сум рекол.
http://forum.kajgana.com/threads/Русија-смена-во-надворешната-политика.65541/page-69#post-7007207
Еве го постот мој за нафтата и буџетот на Русија и за извозот.
И овај изгледа соросоид.
http://dnevnik.mk/?ItemID=6262EDA1B628AA4493326916D7F553E3
Нафтата и санкциите ќе ја фрлат Русија во рецесија
Kако резултат на паѓањето на рубљата предизвикан од западните санкции и падот на цената на нафтата, некои банки ќе банкротираат, младите ќе си одат од државата, ќе стагнираат постојните бизниси, а нови нема ни да се почнат. Ова се дел од прогнозите што за „Дневник“ ги изнесе рускиот професор по финансии Олег Шибанов, во моментот ангажиран како асистент на приватниот економски факултет Нова економска школа во Москва. Иако последните вести од вчера обелоденија пораст на руската рубља, по речиси двомесечниот континуиран пад, кој завчера достигна рекордни 20 проценти, според Шибанов, негативните предвидувања ќе се остварат. Дека западните санкции доведоа до оваа состојба е речиси едногласна перцепција на руските аналитичари. А директорот на руската Служба за надворешно разузнавање, Михаил Фрадков, неодамна изјави дека Западот стои зад падот на рубљата и манипулациите со нафтата оти не сака да види една јака и независна Русија.
Рубљата секојдневно паѓа, a пред неколку дена загуби 20 отсто од својата вредност за само еден ден. Kакви ќе бидат последиците врз руската економија? Некои анализи предвидуваат колапс?
- Би рекол дека постојат неколку ефекти, а освен негативните, има и малобројни позитивни. Пред с`, рускиот финансиски систем не е многу стабилен. Па ваков шок, кога има промена од над 50 проценти на девизниот курс, кога наеднаш, наместо 32 рубли за долар, курсот достигна до 75 и повеќе, е прилично остар. Некои банки, чија пасива е (обврски, односно долгови, надоместоци) во долари, а активата (издадени кредити, имот, резерви, готовина) е врзана со рубљата, ќе банкротираат. Руската централна банка предвидува приближно 5 отсто пад на домашниот бруто-производ (БДП) на жител следнава година ако цената на нафтата остане како сега, односно 60 долари за барел.
Еден малку светол сигнал е можеби тоа што девалвацијата на рубљата ќе ја намали потрошувачката на увозната стока, па тоа ќе им помогне на руските производители. Па на крајот, по с`, во периодот 2016-2018 би можеле да очекуваме повисок БДП. Всушност, ситуацијата изгледа исто како во 1998 година (кога Русија во времето на Борис Јелцин практично банкротира, н.з.), со таа разлика што сега руската економија е посилна и девизните резерви се далеку повисоки.
Инвеститори си го повлекуваат капиталот од Русија од почетокот на годинава, а според одредени аналитичари, санкциите што ги воведоа САД и ЕУ во суштина ја исклучија Русија од западното кредитирање и ја уништија руската доминација.
- Тоа е точно. Руските компании треба да отплаќаат високи суми долгови в година и оттука побарувачката за доларот е висока. Недостигот од странски заеми го спречува не само почетокот на нови економски проекти, ами и тековните бизниси генерално. И покрај тоа што Русија во моментов има позитивен трговски баланс, не може да ги задоволи потребите од девизни средства на странските бизниси и луѓето.
Едно од црните сценарија е дека во првата четвртина од 2015 Русија ќе влезе во рецесија, тоа го кажа и министерот за економија Алексеј Улиукаев, како и Централната банка на Русија.
- Рецесијата се чини неизбежна. Централната банка ја зголеми својата клучна стапка до 17 отсто, што се чини високо во рамките на тековната инфлација од 10 отсто. Тоа ќе биде товар за економијата некое време. Многу фирми кои се занимаваат со увоз на стоки веќе имаат проблеми, но наскоро овие стоки ќе станат недостапни за најголем дел од Русите кои не ќе можат да си ги дозволат, па потрошувачката ќе опадне. Според нашите процени, поради падот на инвестициите, 2015 ќе биде навистина тешка година.
Kоја друга негативна последица е реално можна?
- Веројатно ќе се зголеми одливот на мозоци, па младите и мотивирани луѓе ќе се одлучат да ја напуштат земјата. Многу сакам да верувам дека наместо тоа, тие ќе одберат да работат во помалку благородничка, но динамична средина, точно како што се случи во 1998.