Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
А тоа што ненормалните се мнозниство?!:D
Па нека се, што да правиме сега? И 100 000 да има, тие ќе напишат 10 000 ... Остајте ги, нив ако не им е срам тоа да го прават, нема што ние да се грижиме.
 
напнавте со музики и не музики, ај не можете уште 250 страни да испишете... Или искачате или не искачате. Ми е гајле курир што ќе рекле, ко демек различно нешто некогаш ќе пишат :lolzz:
 
За инат на @Ilumious музика да нема се разбравме ? :icon_lol:
ама во државава имаш два типа на народ - тип на народ со висока когнитивна способност и тип на народ со рудиментирана иста таква способност налик на дива свиња. Првиве за што и да прочитаат/видат/слушнат разгледуваат еден куп информации, страни, опции па заземаат став. Вториве сајт4иња и партиски гласила можат слободно да ги убедуваат дека небово е розево и нема ниту една друга информација да земат во предвид ниту да размислат со свој мозок.

Така да убаво рече Христов погоре, да не се замараме со ниските форми на живот затоа што има само една вистина за нив, таа од штаб. Јас доаѓам во петок макар снег да падне два метра, навистина не ми пречи што и да смислиле дечките од Пленумот. Сепак тие се оние што одвојуваат време и ресурси, кој мисли дека треба да биде чуен нека им се приклучи :))))
 
Многу важност давате на небитни како Курир :) Секој нормален во државата удара мајтап со нив.

И во случајов секој нормален е еднакво на една десетина од народот во Македонија.

Поентата е да се спротиставиме на ебењето у здрав мозок, да им се освести паметот и на тие малку закржлавени, а со местење на пенал за правење спинови не го чиниме тоа.

Јас не гледам никаков бенефит од држењето концерт. Ова веќе ми наликува на протестот за ГТЦ...

10849838_1524360717842424_1319193489058405681_n.jpg


Вакво нешто е прехипстерско за мој вкус. А верувам и за мнозинтвото. Не е поентата да глумиме ваква авангарда, туку сеопшта младинска авангардра, и единствена каква што бевме од старот на акцијата до сега.

Многу повпечатливо ќе биде правење на некаков флеш-моб, отколку 30 минути нечиј концерт.

Пишав вчера, ако веќе е музика, подобро е вртење на една, две наменски и познати песни.

И ако има мнозинство негативни гледишта за ова со музиката, Пленумот не треба да им се спротистави на своите поддржувачи. Пошто нели се бориме баш против тоа, што владата ни се спротиставува.

Јас ќе присуствувам без разлика кој ќе свири и дали воопшто некој ќе свири, но целосниот пост впечаток од настанот мислам дека ќе биде подобар без настап на музички ѕвезди. Они својата поддршка нека ја покажат со присуство на протестот.
 
ама во државава имаш два типа на народ - тип на народ со висока когнитивна способност и тип на народ со рудиментирана иста таква способност налик на дива свиња. Првиве за што и да прочитаат/видат/слушнат разгледуваат еден куп информации, страни, опции па заземаат став. Вториве сајт4иња и партиски гласила можат слободно да ги убедуваат дека небово е розево и нема ниту една друга информација да земат во предвид ниту да размислат со свој мозок.

Така да убаво рече Христов погоре, да не се замараме со ниските форми на живот затоа што има само една вистина за нив, таа од штаб. Јас доаѓам во петок макар снег да падне два метра, навистина не ми пречи што и да смислиле дечките од Пленумот. Сепак тие се оние што одвојуваат време и ресурси, кој мисли дека треба да биде чуен нека им се приклучи :))))
Јасно ми е се тоа. Бај д уеј да се пофалам ја сум од тие првите :D
Ама има еден проблем, ако ние сакаме да допреме до сите (од сите ги исклучувам тие партиски членови и луѓе како брутус) факт е дека тие сите се информираат најчесто преку Сител, а Сител=Курир така да не би требало да им се дава повод за било каков наслов што ќе може апла да ги прикаже протестиве како се она што они до сега го ломотеа.
И ја ќе одам, не е тоа спорно, ама пак ќе кажам до сега се беше супер, треба и од сега па натака пак да биде така.
 
И да се направат најправилните потези (ако воопшто постои дефиниција за тоа), повторно истите лепешка информации ќе идат на горенаведените портали и телевизии.
Криво ми е што уште се замарате за нив.
 
На курир статијата им е спремна уште од сега дека имало околу 2.000 народ и само чекаат петок 15:00 часот да објават. Овој протест ваљда ќе има најмногу, според мое мислење. Браво, секоја чест. :bravobe:

И, во очекување сме на хамер на кој ќе биде напишано нешто во врска со Адеми и хемиските елементи кој ваљда ги повторил.
 
Можно е да пуштат нивни луѓе да прават проблеми за да извршат агресија врз протестантите.
Ете, гумените куршуми биле спремни меѓу другото иначе...
 
Затвор за деканите кои ќе дозволат студент кој не положил екстерен тест/државен испит да продолжи да полага испити во 3-та година, или доколку му дадат диплома на студент кој не положил екстерен тест/државен испит.

Со ваквите најави за законски измени, повеќе од јасно е дека дефинитивно државата си го пика носот во автономијата на универзитетите и се обидува во Парламентот да протурка закон кој е во целост спротивен на Уставот на Република Македонија.

Кога би имале функционален Уставен Суд во Република Македонија, ваков закон експресно би паднал и би бил укинат, но за жал, Уставниот Суд во Република Македонија, исто како и Студентскиот Парламент, од поодамна постојат исклучиво само формално за да се прогласуваат ненадлежни за важни прашања или за да донесуваат одлуки во корист на анти-уставните и незаконските измени.

Што мислите, на чија страна ќе застанат сега професорите, или барем деканите ?

Или како и досега, ќе гледаат од страна - барем повеќето, секоја им чест на исклучоците ?

http://www.telma.com.mk/vesti/zatvor-za-neposlushnite-dekani

ЗАТВОР ЗА НЕПОСЛУШНИТЕ ДЕКАНИ

24 12 2014

studenti-belgrad.jpg


Затвор за деканите кои ќе се оглушат на владината одлука за спроведување државен испит. Во предлог законот за изменување и дополнување на законот за високо образование кој е веќе испратен до собранието предвидено е и времетраењето за издржување на оваа казна.

Одговорното лице на високообразовната установа кое ќе издаде диплома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години, стои во предлог законот.

Казна по овој основ е предвидена и за високо образовната установа, и тоа во вредност од 10 000 до 30 000 евра. Покрај казните, предлог законот содржи и многу условувања, а неколку од нив се однесуваат дури и и за студентите кои веќе студираат. Тие можат да ги завршат студиите под услови кои важеле при уписот, но најдоцна 2 години по рокот определен за завршување. Најголемиот број факултети веќе го одбија овој предлог кој е дел од новиот пакет реформи. Многу од решенијата се незаконски , стои во нивните забелешки, а професорката Костовска како каракстеристичен пример ја наведува можноста ректор да биде странски државјанин.

Јас не можам ни да замислам како би функционирал тој универзитет, особено деканите кои секојдневно се соочуваат со секојдневни проблеми. Еве, во таа насока јас би предложила и премиерот да може да ни биде странец, зошто да не? саркастично регира професорката Љубица Костовска.

Факултетите кои искажаа огромен број забелешки и во однос на целиот концепт, ги посочија како крајно негативни честите измени на законот за високо образование. Не можат дури ни да се набројат сите реформски зафати кои беа превземени од 2008мата година , вели Костовска. Се надева дека последните измени нема да бидат донесени набрзина, во кус период, што инаку беше пракса во изминатиот период.

Зборувам за шума од измени. Бргу, бргу, како да сме во војна, вели Костовска.

Костовска заедно со нејзините колеги поднеле барање да присуствуваат на собраниската комисија за образование закажана во петок. Според неа време е конечно да се слушне и гласот на академската јавност. Измените и дополнувањата на законот за високо образование ќе се најдат пред пратениците веќе на 29ти овој месец.

Сања Јовановиќ Дамјановска
 
Последно уредено:
Ако има музика, ќе ги заокружуваат и музичарите? :)

Музика треба да има на протестот на хонорарците, за да можат музичарите да вежбаат свирење за без пари. Ќе им треба.
 
Аман, напраивте ко да 2 саати ќе се пушта музика... многу побитно е се' биде мирно него дали има или нема музика. А нели, кој пее, зло не мисли. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom