Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто различното гледиште за вас е гнев или омраза?! Јас го образложувам она што го гледам како парадоксално и диксутирам за тоа! Јас ли сум виновен ако ти гледаш омраза во тоа? Мене а и на голем број луѓе им е апсурдно да прифатат концепт каде Бог е совршен и семоќен + креатор на се, а од друга страна истиот тој Бог да има гледиште кое нештата ги дели на добри и зли, погрешни и исправни! Затоа што ако се потекнува од него и тоа што тој ќе го доживее како погрешно потекнува од него! Тоа би значело дека не е совршен, дека не е Господ. Каде гледаш ти овде гнев?
Eте гледаш и мене ми е апсурдно кога некој ќе рече се настанало случајно,дека ние сме настанале од некој организам што дошол на метеор на земјата,или не од длабочината на некој океан.Апсурдно ми е како тоа една армија луѓе кои доживеале клиничка смрт го виделе Исус,рајот и слично а науката вика дека тоа е дејство на силните лекарства(ниедно од нив не е научно докажано дека создава такви визии/соништа/гледања) па сепак ги трпам.Ти не сакаш да прифатиш дека делата на луѓето се продукт на нивниот слободен избор без разлика дали се тие позитивни или негативни дела.Ти веруваш дека Бог не управува нас како роботи на далинско и дека негова е желбата за смрт на десетици или стотици милиони луѓе и такви апокалипси.Ти брату мој не сакаш да го прифатиш ова затоа што не ти одговара,навикнат си да веруваш во тоа со екстазите.Тоа повеќе те прави среќен.
 
Не, јас само поставувам одредено прашање и дискутирам. Дали имало или не одговори за некои други теми, нема никаква врска со конкретниов дијалог.
 
Не, јас само поставувам одредено прашање и дискутирам. Дали имало или не одговори за некои други теми, нема никаква врска со конкретниов дијалог.
Само дадов примери,не реков дека има.А што се однесува до другото мислам дека објаснив.П.С го прочита тоа со јунаците пред 2,3 страни наназад ?
 
Само дадов примери,не реков дека има.А што се однесува до другото мислам дека објаснив.П.С го прочита тоа со јунаците пред 2,3 страни наназад ?
Тоа со јунаците за мене нема никакво значење, ништо неможе со сила да ме натера да сакам и почитувам никого! Ниту човек ниту Бог може да ме покори и со сила да ме натера да го почитувам.
 
Тоа со јунаците за мене нема никакво значење, ништо неможе со сила да ме натера да сакам и почитувам никого! Ниту човек ниту Бог може да ме покори и со сила да ме натера да го почитувам.
Мене ми беше важно дали братот исписимус го прочитал тоа.Добро е,може да уживам во остатокот од ноќта сега :)
 
Тогаш зошто го суди? Зошто казнува?

Kого го суди? Сам се казнуваш кога грешиш. Господ ако се меша тогаш можеш да речеш дека е судија. Остај ги овие денешни верници кога ќе видат некоја природна појава да викаат Господ тоа го прави, дека казнува. Господ не се меша, самите луѓе се криви поради своите гревови затоа што ги нарушуваат универзалните закони. И сега све што прават луѓето ги води кон самоуништување, а Господ само ќе ги спаси тие што ќе се покајат и исправат. Господ Исус Христос токму за тоа дошол да може тој што верува во него да се очисти од гревоите затоа што тој е невин, и само од него може да се исчистиш од гревовите.
 
Тогаш ако Господ не казнува, туку тоа го прават луѓето, како можеш да зборуваш во Божјо име кој е на прав пат а кој не? Кој е еретик а кој не, кој е грешник а кој не?
 
Тогаш ако Господ не казнува, туку тоа го прават луѓето, како можеш да зборуваш во Божјо име кој е на прав пат а кој не? Кој е еретик а кој не, кој е грешник а кој не?

Затоа што Бог е Бог.
 
Само ги посочувам очигледните парадокси во сликата за креаророт што вие ја пласирате како единствено точна, вистинита и прифатлива.

Урнебесна дискусија! Оваква комедија на апсурди, со толку јасно оцртани карактери, да беше напишана од писател ќе беше ремек дело. Стомак ме заболе од смеење иако имаше и иритантни сцени - разбирливо е што Зоте и Ghostleader беа на моменти нервозни - иритантно е кога човек нема никаква воља да го разбере мислењето на оние што мислат поинаку по default сметајќи ги за малоумни. Ама добро, секој си има и добри и лоши страни а твоја добра страна е што редовно одговараш на постовите што значи дека имаш и морал и човекољубивост па не се согласувам со изјавите дека местото ти е во пеколот:) И уште нешто - јас не сум монотеист, или барем се уште не сум монотеист. Ова што го пишувам не е за да те убедам дека твојот начин на гледање е погрешен, туку за да ти докажам дека и монотеизмот е исто толку логички издржан како и твоето гледање. Со таа разлика што монотеизмот се обидува да ги објасни работите, додека ти не објаснуваш ништо - само негираш.

Значи работата е едноставна, ама сепак не до толку едноставна за да може да се разбере без воља да се разбере. А тоа што тебе ти недостасува е токму таа воља да разбереш. И во тоа, всушност, и се состои суштината на слободната воља - не во можноста да бираш помеѓу три или милион различни работи. Суштината на слободната воља е во сакањето - сакаш да разбереш или не сакаш да разбереш, имаш добра воља или немаш добра воља.

Што се однесува до она што ти се гледа како апсурдно - зошто Бог кој е заслужен и одговорен за се што е создадено некои свои дела ги смета за зло, одговорот неколку пати ти го дадов - слободната воља. А слободната воља не е идентична со Божјата воља инаку не би била слободна, нели, - се би било Божја воља. Од тука произлегува дека постојат работи кои на Бог не му се по воља ама кои мора да постојат затоа што постои слободна воља - сети се дека суштината на слободната воља не е можноста за избор, туку самата желба - желба за добро или зло, на пример, или желба за послушност и непослушност итн. Доказ дека оваа претпоставка е издржана е тоа што во реалноста работите се токму такви - и покрај тоа што Бог е семоќен и сезнаен постојат и се случуваат работи кои на Бог не му се по воља. Друг доказ е фактот дека Бог не го уништува злото иако го смета за зло и иако е семоќен - не го уништува ниту човекот ниту ѓаволот туку едноставно ги исфрла од Рајот како несоодветни за тоа место. И сосема е логично да е така - рајот може да постои само кога секоја воља во него е во исто време и слободна и согласна со Божјата воља. А кога слободната воља делумно е во согласност а делумно не е со Божјата - таа е адекватна за она што го сметаме за земен живот. Во случај кога слободната воља е целосно спротивна на Божјата воља - кога вољата е воља за омраза, за болка, за незнаење, за темнина - таквата воља е прикладна само за место какво што е - пеколот.

И тоа е тоа. Несогласувањата се добродојдени:)
 
И сосема е логично да е така - рајот може да постои само кога секоја воља во него е во исто време и слободна и согласна со Божјата воља
За Ким Јонг Ун зборуваш?
 
Духовито ама одговорот е Не.
Ми заличи ептен пошто и тој казнува оние чија слободна воља не се поклопува со неговата воља.
А кажи ми која е таа слободна воља ако е под закана со казна?
“Имаш слободна воља али ако не направиш како што е моја воља - ќе те казнам“
 
Каде го виде зборот казна? Ниту го напишав ниту го мислев. Секоја воља си оди на место кое што е адекватно за неа. Што задоволство ќе најде во рајот оној што има воља за омраза (на пример).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom