Liber Al I:
11. Будали се тие што луѓето ги обожуваат; и нивните Богови и нивните луѓе се будали.
12. Излезете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!
13. Јас сум над вас и во вас. Мојата екстаза е во вашата. Мојата радост е да ја гледам вашата радост.
...........................
49. Поништени се сите ритуали, сите искушенија, сите зборови и знаци. Ра-Хоор-Куит го зазеде своето седиште на Исток за време на Рамноденицата на Боговите; и нека Асар биде со Иса, кои исто така се едно. Но тие не се од мене. Нека Асар биде обожувател, Иса страдалник; Хоор во неговото тајно име и сјај е Господ што иницира.
Liber Al II:
58. Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш. Сепак има маскирани, мои служители: може оној питач да е Крал. Кралот може да ја избере својата облека по волја: не постои сигурен тест: но питачот не може да ја скрие својата беда.
Liber Al III:
17. Не плаши се воопшто; не плаши се ни од луѓе ни од Судбини, ни од богови, ниту од што било. Не плаши се од парите, ни од смеата на будалестиот народ, ниту од која било друга сила на небото или на земјата или под земјата. Ну е твое засолниште, како што Хадит е твојата светлина; а јас сум јакоста, силата, жестината на твоите раце.