Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    760
Знаеш не е убаво да се испревртуваат зборовите.
Барем не за тој што ги испревртува. Си создава лоша слика пред другите.
Бидејќи на форумов лесно може да се провери, што точно сум рекол.

http://forum.kajgana.com/threads/Русија-смена-во-надворешната-политика.65541/page-69#post-7007207

Еве го постот мој за нафтата и буџетот на Русија и за извозот.

И овај изгледа соросоид.

http://dnevnik.mk/?ItemID=6262EDA1B628AA4493326916D7F553E3

Нафтата и санкциите ќе ја фрлат Русија во рецесија

Kако резултат на паѓањето на рубљата предизвикан од западните санкции и падот на цената на нафтата, некои банки ќе банкротираат, младите ќе си одат од државата, ќе стагнираат постојните бизниси, а нови нема ни да се почнат. Ова се дел од прогнозите што за „Дневник“ ги изнесе рускиот професор по финансии Олег Шибанов, во моментот ангажиран како асистент на приватниот економски факултет Нова економска школа во Москва. Иако последните вести од вчера обелоденија пораст на руската рубља, по речиси двомесечниот континуиран пад, кој завчера достигна рекордни 20 проценти, според Шибанов, негативните предвидувања ќе се остварат. Дека западните санкции доведоа до оваа состојба е речиси едногласна перцепција на руските аналитичари. А директорот на руската Служба за надворешно разузнавање, Михаил Фрадков, неодамна изјави дека Западот стои зад падот на рубљата и манипулациите со нафтата оти не сака да види една јака и независна Русија.

Рубљата секојдневно паѓа, a пред неколку дена загуби 20 отсто од својата вредност за само еден ден. Kакви ќе бидат последиците врз руската економија? Некои анализи предвидуваат колапс?
- Би рекол дека постојат неколку ефекти, а освен негативните, има и малобројни позитивни. Пред с`, рускиот финансиски систем не е многу стабилен. Па ваков шок, кога има промена од над 50 проценти на девизниот курс, кога наеднаш, наместо 32 рубли за долар, курсот достигна до 75 и повеќе, е прилично остар. Некои банки, чија пасива е (обврски, односно долгови, надоместоци) во долари, а активата (издадени кредити, имот, резерви, готовина) е врзана со рубљата, ќе банкротираат. Руската централна банка предвидува приближно 5 отсто пад на домашниот бруто-производ (БДП) на жител следнава година ако цената на нафтата остане како сега, односно 60 долари за барел.
Еден малку светол сигнал е можеби тоа што девалвацијата на рубљата ќе ја намали потрошувачката на увозната стока, па тоа ќе им помогне на руските производители. Па на крајот, по с`, во периодот 2016-2018 би можеле да очекуваме повисок БДП. Всушност, ситуацијата изгледа исто како во 1998 година (кога Русија во времето на Борис Јелцин практично банкротира, н.з.), со таа разлика што сега руската економија е посилна и девизните резерви се далеку повисоки.

Инвеститори си го повлекуваат капиталот од Русија од почетокот на годинава, а според одредени аналитичари, санкциите што ги воведоа САД и ЕУ во суштина ја исклучија Русија од западното кредитирање и ја уништија руската доминација.
- Тоа е точно. Руските компании треба да отплаќаат високи суми долгови в година и оттука побарувачката за доларот е висока. Недостигот од странски заеми го спречува не само почетокот на нови економски проекти, ами и тековните бизниси генерално. И покрај тоа што Русија во моментов има позитивен трговски баланс, не може да ги задоволи потребите од девизни средства на странските бизниси и луѓето.

Едно од црните сценарија е дека во првата четвртина од 2015 Русија ќе влезе во рецесија, тоа го кажа и министерот за економија Алексеј Улиукаев, како и Централната банка на Русија.
- Рецесијата се чини неизбежна. Централната банка ја зголеми својата клучна стапка до 17 отсто, што се чини високо во рамките на тековната инфлација од 10 отсто. Тоа ќе биде товар за економијата некое време. Многу фирми кои се занимаваат со увоз на стоки веќе имаат проблеми, но наскоро овие стоки ќе станат недостапни за најголем дел од Русите кои не ќе можат да си ги дозволат, па потрошувачката ќе опадне. Според нашите процени, поради падот на инвестициите, 2015 ќе биде навистина тешка година.

Kоја друга негативна последица е реално можна?
- Веројатно ќе се зголеми одливот на мозоци, па младите и мотивирани луѓе ќе се одлучат да ја напуштат земјата. Многу сакам да верувам дека наместо тоа, тие ќе одберат да работат во помалку благородничка, но динамична средина, точно како што се случи во 1998.
 
Изгледа те погодува овој терминов соросоид. Не се стресувај, јас никого не бојам ниту му судам тука на форумов.

Живи и здрави да сме од 1991 чекаме вакви сценарија.
Некако сценаријата на 5то колонашите не им се остваруваат последно време.
Како и за ова, така и за пучот и за сите работи.

Знаеш што е најлошо од сето ова. Што се замижува врз реформата на руската економија т.е либерализацијата и девирзикацитијата која веќе започна. Но ете за неа никој не говори, оти не одговара во сценариото за разрушена и бедна Русија.
Второ цело време се испревртува одлуката на ЦБР се со цел да се вклопи во истото сценарио за кое настојуваат некои структури.

Зголемената камата се однесува на краторочен рок. Еве ја целата одлука на ЦБР
http://cbr.ru/press/pr.aspx?file=16122014_004533dkp2014-12-16T00_39_23.htm
Инвестициите како што беше наведено веќе нема да бидат погодени, бидејќи уште пред да падне рубљата беа предвидени како олеснувања на тековните така и на новите субјекти на пазарот.
Кредитни линии со пониски каматни стапки за капитални проекти на руските фирми се веќе обезбедени. Така да ниту еден проект до сега не е откажан. Напротив еве неколку бројки од Москва за тоа колку нови субјекти се појавени овие денови.

15 декабрја
в инспекции зарегистрировано 2348 новых јуридических лица, 484 – индивидуальных предпринимателеј, 7 фирм было ликвидировано.

16 декабрја зарегистрировано 2615 јуридических лиц, 456 – индивидуальных предпринимателеј, ликвидирована одна компанија.

17 декабрја зарегистрировано 2823 јуридических лиц, 469 – индивидуальных предпринимателеј, ликвидации не было вообште.
 
Последно уредено:
Чекај сега, значи Лукашенко кој пред извесно време изјави дека не е задоволен од односот на Русија, е амерички агент? Или е контролиран од кукларите? Можеби соросоид

Лукашенко е посебна приказна сама за себе, а неговото опстојување е гарантирано благодарение на интересите на сите страни:

Prosecutors of Saltsburg, Austria, have filed investigation into circumstances of Belarusian President Alexander Lukashenko’s holiday in the Alps in 2002. It turns out that his visit (he was vacationing in Austria with his family and officials of the Belarusian administration) to the European country was illegal. Lukashenko was not allowed to enter the European Union. In addition, the Austrian law-enforcement agencies are interested in 200,000 euros, which Austria had spent on Lukashenko’s Alpine holiday. The Belarusian president reportedly paid his vacation with shares of a cellular operator and several Belarusian factories.

http://english.pravda.ru/world/ussr/10-06-2010/113754-lukashenko-0/

Од него би можело да се очекува се', доколку му е понуден добар дил. Досега успешно маневрираше меѓу истокот и западот зависно кој плаќа повеќе.
 
Во каква стапица влегувам? На што да ставам равенство? Праведноста е субјективна работа, заедно со привилегиите и последиците што ги носи. Ароганцијата е одлика на сите империи кои на крајот се загушиле во неа, тоа не е нешто непознато. А моралните вредности никогаш не биле стандардни од почетокот на една империја па се до нејзиниот крај. И на крајот на краиштата моралните вредности во одалечени општества знатно се разликуваат, како што кажав во една друга тема, негде е најнормално да земеш 9 годишно девојче за жена, а некаде е тоа тежок престап.

Обично праведната страна за едно општество е онаа која има традиционално слични морални вредности со тоа општество.

Значи пред се не го оправдувам тоа што САД го прави, не затоа што тоа не е според некакви субјективни морални стандарди, туку затоа што нејзината политика води кон уништување на нашата држава. Дури и да е политиката на САД хипотетички гледано најисправна и најморална, доколку таа цели кон уништување на мојата држава, тогаш јас пак ќе ја осудувам.
Пред 7-8 векови на британскиот остров разните кралеви и феудални господари сфатиле дека и кога водат војни добро би било да има некој ред и дека тоа ќе биде од корист за сите. Наместо да се уништуваат до крај да има нешто да останува за после. Против оној кој го прекршува другите вклучувајќи ги непосредно незасегнатите ќе превземат мерки. Така е донесена Magna Carta најстариот важечки закон.
Придобивката била нешто помали уништувања при меѓусебните судири. Тоа довело до заеднички напредок на островот кој станал видлив на подолг рок. Наталитетот во Британија на 100 години бил двојно поголем отколку континентална Франција.

Во светот со текот на времето бавно едно по едно се донесувале нови правила кои го уредувале животот и помагале за напредокот. После катаклизмата од Втора Светска војна биле донесени други цврсти и едноставни правила за меѓународното право.
Значи за основите на уредувањето. Собрано идеалното во однос на реално применливото и во однос на она кое е во сегашноста се утврдило ПРАВО и нема други подобри правила освен можеби за некоја суштински измената иднина.
ТИЕ СЕ. Се што е надвор од правото, криво е.

За различните обичаи и традиции. Во минатото во некои простори некој мажеле на 9 години. Но сфатиле дека тоа штети. И штети на личноста нема време за доволно да се развие и зрело да пристапи кон брачните обврски. Се вовело правило за соодветна возраст. Оној кој го прекршува правилото прави зло не само поради одредбата туку поради свесноста дека и ПРАВИ ШТЕТА на личноста.
Значи ПРАВИЛОТО Е ТОА и не може да биде поинаку за цел свет, (освен во некоја суштински изменета иднина). Ако некаде сеуште има таква традиција не може да ставаш равеноство само како да се работи за различно сфаќање. Доказ е тоа кадешто има такви традиции тие се заостанати затоа што имаат обичаи кои им штетат на луѓето (ментално, личносно, духовно) и не даваат простор за напредок.

Што значи толкувано И ОД ПРАГМАТИЧНА СТРАНА лошото дело е лошо дело. Не е само прашање на различен поглед на работите. Така ја издаваш добродетелноста бидејќи ставаш равенство меѓу добродетелноста и лошите дела како да немаат разлика и да е субјективно зависно. Ако е субјективно зависно тогаш што има ние да се буниме против бесправната употреба од страна на силеџијата (кој и да е тоа САД, З. Европа или Русија).

Досега стакнатото правно уредување на меѓународните односи западно-американската политика започна да го руши. САД и Европа се чувствуваат физички посилни од другите. Иако зборуваат за право и демократија за да не бидат престигнати сметаат дека ако некој мора да се држи до правилата, тие не мораат. Тогаш секако ќе бидат победници во светскиот натпревар. Исто како да играш спортски натпревар каде за едната страна се свири фаул ако игра со рака или да се турка, а на другата и е дозволно да игра и со нозе и со раце и да се турка.[DOUBLEPOST=1418940775][/DOUBLEPOST]
Нема што да ме праша @teneke кога јас веќе напишав пост во врска со таа тематика. Истото прашање ти беше поставено и тебе, нели да се изјасниш штом не се согласуваш со моето видување, но ти избра да го одбегнеш одговорот.

Чекај сега, значи Лукашенко кој пред извесно време изјави дека не е задоволен од односот на Русија, е амерички агент? Или е контролиран од кукларите? Можеби соросоид?

Доискажи си ги теорииве, не не оставај да висиме во неизвесност.
Врабец ти постави прашање, дадов мислење и објаснив. Објаснувањето самото ги поставува противречностите, бесмисленоста на твоите теории и ти треба или да одговориш или да признаеш дека си имал погрешен став. На Ванлок му замеруваш дека не ти одговорил, а еве ти не одговараш.

Ако не можеш да го одбраниш ставот, тогаш признај го тоа и смени ја страната. Остај ги лудаците и приклучи им се на нормалните.
 
Не видов да одговори на прашањето што беше поставено, туку како што претпоставував напиша долг пост со кој не кажа ништо.

Уште еднаш, од кои принципи се водат меѓународните односи денес, ако не од прагматизам и реализам?

Значи, не дали тебе ти се допаѓа, дали ти го прифаќаш, дали треба поинаку, туку од кои.

И по можност, кратко и јасно, не сме на натпревар во епска проза.
 
Долгиот коментар беше за Јамајка, а соодветно за тебе ти одговорив овде.
 
Не видов да одговори на прашањето што беше поставено, туку како што претпоставував напиша долг пост со кој не кажа ништо.

Уште еднаш, од кои принципи се водат меѓународните односи денес, ако не од прагматизам и реализам?

Значи, не дали тебе ти се допаѓа, дали ти го прифаќаш, дали треба поинаку, туку од кои.

И по можност, кратко и јасно, не сме на натпревар во епска проза.

Еееј Врабец Симпсон, фала за потсетувањето околу неодговорени прашања.

Ме потсети дека сеуште немаш одговорено на моето прашање расипани плочи #3 од пост #6028:

Cui bono од целата оваа ситуација ?

Прашањево го чека твојот одговор уште од 11 октомври 2014, од поодамна пукнаа првите пушки во Прилеп и Куманово, а од тебе одговор сеуште нема.
 
Досега стакнатото правно уредување на меѓународните односи западно-американската политика започна да го руши. САД и Европа се чувствуваат физички посилни од другите. Иако зборуваат за право и демократија за да не бидат престигнати сметаат дека ако некој мора да се држи до правилата, тие не мораат. Тогаш секако ќе бидат победници во светскиот натпревар. Исто како да играш спортски натпревар каде за едната страна се свири фаул ако игра со рака или да се турка, а на другата и е дозволно да игра и со нозе и со раце и да се турка.

Не би додал ни одземал ни збор.
 
Прво и основно констатација не е оправдување. Не спомнав конкретен пример, примерите беа илустративни.

Доколку гледаме објективно на конкретен конфликт, тогаш според твоите критериуми, скоро секогаш „правдата“ ќе биде на страната на послабите, но доколку навлезеш во историјата на тој конфликт работите и не се онакви какви што изгледаат на прв поглед.

Кажи ми пример на некој империја, која не се однесувала на овој начин?
 
Да знам. Ги зедов споменатите примери за преку нив да ти покажам дека погрешно е да се мисли дека постои променливост на вредностите зависно од поединечните сфаќања.

Доколку гледаме објективно на конкретен конфликт, тогаш според твоите критериуми, скоро секогаш „правдата“ ќе биде на страната на послабите, но доколку навлезеш во историјата на тој конфликт работите и не се онакви какви што изгледаат на прв поглед.
Се работи за процеси во генерална смисла. Кривата оди нагоре надолу, затоа што има и многу други влијанија. Во целина на подолг рок страната која поседува поголем легитимитетот со текот на времето добива се поголема сила. Ова трпи влијание од разни посебности пример можеби некоја страна има легитимитет, но има технолошка заостанатост што значи потребно и е време. Полоша географска положба, полоша клима, помалку ресурси. Ако ја зачува легитимноста само прашање на време е кога ќе успее да ги надокнади слабостите.
Кажи ми пример на некој империја, која не се однесувала на овој начин?
Ти споменав за британците дека биле поразборити при користењето на силата.
Наспроти замислата дека империите спроведуваат неограничена моќ, сите империи, некои повеќе некои помалку прават попусти кон подредените.Затоа што знаат доколку спроведуваат апсолутна моќ ќе предизвикаат големи немири и со тоа ќе ја доведат во криза империјата. Така и теократска Отоманска империја применува сила, но сепак знае да попушта повремено, (многупати само со ветувања), затоа што пресилно потискање на рајата може да ги разгори одвојувачките желби.[DOUBLEPOST=1419113790][/DOUBLEPOST]SparroW не е страшно ако се согласиш со мнозинството за безобѕирноста на западно-американската политика во Украина (и повеќето глобални проблематики). Прави анализи колку сакаш тоа е несоборлива вистина. Луѓето кои ги поддржуваат САД и З. Европа се малцинство и во нивните земји. Единствени поддржувачи им се оние кои им успеа да ги кретенизираат. Колку ли му е тешко на сериозните американски, германски, француски... родољуби. Затоа и скоро сите родољубни и десничарски движења се блиски со современиот руски глобален став.
 
Последно уредено:
Да знам. Ги зедов споменатите примери за преку нив да ти покажам дека погрешно е да се зборува дека постои променливост на вредностите зависно од поединечните сфаќања.
Еве погледни ја ситуацијата од страната на Полска. За нив Русите беа окупатори, и им донеле глад сиромаштија и така натака. Без разлика што тоа било Советско-комунистичка ера. За нив Русите се лошите и кривците за нивните патења и без разлика што милиони Руси пателе под истиот тој режим. Па така за нив сега ЕУ и НАТО се добри, зошто може 100 пати им го подобрија стандардот.

Така да ите како може да се гледа од многу различни страни, без разлика дали е тоа исправно или не. Луѓето резонираат не според вистината, туку според сетилата, воглавном егоцентрично.

Ти споменав за британците дека биле поразборити при користењето на силата.
Наспроти замислата дека империите спроведуваат неограничена моќ, сите империи, некои повеќе некои помалку прават попусти кон подредените.Затоа што знаат доколку спроведуваат апсолутна моќ ќе предизвикаат големи немири и со тоа ќе ја доведат во криза империјата. Така и теократска Отоманска империја применува сила, но сепак знае да попушта повремено, (многупати само со ветувања), затоа што пресилно потискање на рајата може да ги разгори одвојувачките желби.
Законот што го спомна е донесен далеку пред Империјалната ера на Велика Британија и значи сигурно не се однесувал на освоените територии и не важел за небританците. Како илустрација на тоа, иако се мисли дека Шпанците биле најсуровите во своите освојувања на Америка, едноставно види ја бројката, колку Индијанци можеш да најдеш во Јужна Америка. а колку во Северна. За робовладетелството и да не зборам.

И на крајот на краиштата, на секоја Империја територијата без поробениот народ им е речиси неупотреблива. Пошто некој мора да биде роб на еден или на друг начин. Ако веќе споредуваме помеѓу Отоманската Империја и Британската империја, тогаш морам да не се сложам со тебе дека Отоманската Империја била посурова и покрај цела нејзина суровост која ја имаат нашите предци осетено. Види го Балканскиот полуостров, тука владееле Турци 5 века, не дека многу не сакале, меѓутоа оставиле дел од старата цивилизација да живее и ден денеска. Од друга страна, Британската империја ги има уништено цивилизациите на Индијанците во Северна Америка, Абориџините во Австралија и Маорите во Нов Зеланд и сеуште им ја држи под окупација нивната територија, без ниту тронка надеж дека некогаш може да си ја повратат назад.
 
Еве погледни ја ситуацијата од страната на Полска. За нив Русите беа окупатори, и им донеле глад сиромаштија и така натака. Без разлика што тоа било Советско-комунистичка ера. За нив Русите се лошите и кривците за нивните патења и без разлика што милиони Руси пателе под истиот тој режим. Па така за нив сега ЕУ и НАТО се добри, зошто може 100 пати им го подобрија стандардот.
Така да ите како може да се гледа од многу различни страни, без разлика дали е тоа исправно или не. Луѓето резонираат не според вистината, туку според сетилата, воглавном егоцентрично.
Законот што го спомна е донесен далеку пред Империјалната ера на Велика Британија и значи сигурно не се однесувал на освоените територии и не важел за небританците. Како илустрација на тоа, иако се мисли дека Шпанците биле најсуровите во своите освојувања на Америка, едноставно види ја бројката, колку Индијанци можеш да најдеш во Јужна Америка. а колку во Северна. За робовладетелството и да не зборам.
И на крајот на краиштата, на секоја Империја територијата без поробениот народ им е речиси неупотреблива. Пошто некој мора да биде роб на еден или на друг начин. Ако веќе споредуваме помеѓу Отоманската Империја и Британската империја, тогаш морам да не се сложам со тебе дека Отоманската Империја била посурова и покрај цела нејзина суровост која ја имаат нашите предци осетено. Види го Балканскиот полуостров, тука владееле Турци 5 века, не дека многу не сакале, меѓутоа оставиле дел од старата цивилизација да живее и ден денеска. Од друга страна, Британската империја ги има уништено цивилизациите на Индијанците во Северна Америка, Абориџините во Австралија и Маорите во Нов Зеланд и сеуште им ја држи под окупација нивната територија, без ниту тронка надеж дека некогаш може да си ја повратат назад.

И двајцата сте генерално во право, но изгледа зборите за различни нешта.

Поентата на Сарди беше дека преку “помека“ окупација можеш многу подолго да ја одржуваш власта, привидно давајќи поголема слобода со евидентен економски развој и со тоа неутрализирајќи ги движењата на отпорот. Секако дека ќе останат да тлеат некакви потајни ослободилачки тенденции но тие се сведени на потребниот минимум.
Примери за успешноста на оваа стратегија се многубројни, земи го ХонгКонг, земи ја и Австралија, Сингапур, Индија, Јужна Африка, Канада, Кипар, итн. итн. примерите се многубројни.
Потоа земи ја Австро-Унгарија која сметам дека во краток период доживеала најголем развој пред да се распадне и благодарение на која денеска земјите од Централно-источна европа имаа силна културно-интелектуална основа да бидат против комунистичкиот начин на владеење.
Дури и Римската империја инкорпорирала “граѓански“ облик за полесно управување со сите инкорпорирани народи.

Но, ти од друга страна почнуваш да расправаш за нешто кое воопшто не го порекнува погоре кажаното, да точно дека постојат многу злосторства против одредени народи и едно со друго не се поништуваат.
Гледаш денеска и самиот чиви “колонии“ прераснаа во вистински економски и културни центри, па затоа нема поента да расправаме кој бил поуспешен во своето владеење.
 
Не го спорам сарди, не ни сакам да се расправам, ниту да го негирам. САД игра прљаво и тоа е факт.

Еве накратко ќе ја кажам причината поради која ме засега овој муабет, а колку што знам и ти не си премногу далеку од тоа. Доколку ние бевме примени во ЕУ и НАТО, без никакви условувања, немаше толку да се алудира на етичката дупка во политиката на САД, колку што тоа е сега. Едноставно не сакам да бидам лицемер и да ја потенцирам таа етичка дупка како единствена причина поради која јас го имам овој мој став. Јас како националист, ја бирам онаа страна, која што мислам дека е добра за Македонија во моментот.
 
Односот на вредноста хривња/долар наспрема девизните резерви на Украина. Или како да се „стабилизира„ валутата (со трошење на резервите) додека не се победи на изборите.
Потоа...
20141219_UAH.jpg
 
Не го спорам сарди, не ни сакам да се расправам, ниту да го негирам. САД игра прљаво и тоа е факт.

Еве накратко ќе ја кажам причината поради која ме засега овој муабет, а колку што знам и ти не си премногу далеку од тоа. Доколку ние бевме примени во ЕУ и НАТО, без никакви условувања, немаше толку да се алудира на етичката дупка во политиката на САД, колку што тоа е сега. Едноставно не сакам да бидам лицемер и да ја потенцирам таа етичка дупка како единствена причина поради која јас го имам овој мој став. Јас како националист, ја бирам онаа страна, која што мислам дека е добра за Македонија во моментот.
Истапувам против мислењето дека сите страни се исти, дека сите страни се исто безскруполозни. Затоа што таквиот став е штетен и неправилен што го обезсмислува разговорот воопшто. За што тогаш луѓето воопшто да спорат, да се убедуваат, да се докажуваат.
Можеби некој или некои сили/држави/страни целосно ќе престанат да водат сметка за покривање на своите постапки со некакво право, но не сите страни целосно.
Тука некаде сме, ги изнесовме ставовите, да не се повторуваме и да не цепидлачиме. А и би требало да сме блиску во мислењата, бидејќи не сме многумина македонски националисти.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom