Тој што има макар просечна интелегенција, ќе види веднаш кој е во право.
Креатор што за себе тврди дека е апсолутен, совршен и безгрешен, ја обвинува креацијата дека има грешка....тоа ти е слично како да одиш да се жалиш кај компанија дека производот што го пуштиле во продажба е неисправен, а тие да ти кажат дека вината не е во нив туку во производот.
Што се однесува до слободната волја, може да дојдеш до крстопат каде патот се дели на три дела, имаш слободна волја да одбереш три опции - лево, десно и право. А можеш да се обидеш да хакираш нечиј пасворд на форумов, ќе имаш стотици илјади опции можеби и милиони опции од кои ќе можеш да бираш. И во двата случаи имаш слободна волја, со тоа што во првиот имаш три, во вториот милиони опции.
Ако Бог сметал дека некоја особина или исход се погрешни, можел едноставно да ги елиминира, да не постојат, слободната волја пак би функционирала. Токму затоа концептот за Бог што размислува во рамки на "добро" и "зло", т.е што има дуална перцепција е апсурд. Таквиот концепт е човечка измислица, рефлексија на човечките дуалистички гледишта.