Здраво, Ве молам за совет, ми се закачил вирис на PC од него не можам да влезам никаде на интернет. Цело време ми отвара страници со порно содржина. Од компјутер се закачи и на таблет и на андроид телефон. Таблетот и телефонот ги вратив на фабричко подесување, но џабе, повторно вирусот е тука. Компјутерот ќе го форматитам, но се плашам дека ќе остане во таблет и тел, па пак ќе се префрли на компјутер...
ве молам за помош, што да правам, а на таблет играат моите деца, ввеќе 1 недела го кријам од нив..
прво да ти кажам вирусот ти е DNSChanger Trojan, ти се заразува рутерот/модемот и преку него се пренесува на сите уреди што ти се поврзани на мрежата.
вака ќе напраиш,
1. симни го Avast Free
https://www.avast.com/en-eu/get/WiaXUsI5
на него имаш баш таква опција да ти го пребара и рутерот,
2. симни го и Malwarebytes,
3. исклучи се од нет ( извади го рутерот од струја)
4. пребарај со Авастот па со Малвербајтс, ( offline )
5.кога ќе ти го најде вирусот исклучи го компјутерот ( и не го уклучувај дур не го средиш рутерот)
6. вклучи го рутерот, рестартирај го и после реконфигурирај го( јави се кај операторот кој ти е и ќе ти дадат насоки како да го реконфигурираш)
е сеа битно е одкога ќе го исчистиш ПС-то од вирусот па се додека го реконфигурираш рутерот да не се уклучуваш на нет (преку мобилен,таблет, ПС) да не се заразиш пак со истиот вирус,
значи најбитно ти е да го средиш рутерот зашто преку него се пренесува вирусот на сите уреди....
и да, имај си ги
Avast и Malwarebytes инсталирани на компјутерот и понатаму како превенција за понатака пошто имаат Real Time заштита, т.е. ти го блокира вирусот кога ќе кликнеш на него на некоја заразена страна и го спречува да се симне и инсталира у ПС-то.