По што ќе ја паметите 2014 година?

Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Од кај и да почнам џабе е.

Една од најлошите години досега. Мислев 2010 беше најлоша, оваа и покажа добро.
Растурени односи, небитно дали љубовни или другарски, некои се закрпија, некои останаа во минатото. Се видоа кои се вистински, кои не.

Прва свадба на другарка ја искокавме. Рипна прва во тавчето.
Ме одбија за виза. Скоро сите планови отидоа со тоа по ѓаволите. Оправање два месеци здраствено и уште толку психички од овој пораз.
Не отидов на апсолвентска. Одбиени и значаен број испратени cv-а.
Избегнат рак на матката. Уморна од луѓе.
Факултет завршен, се надевам и крунисан со диплома во текот на наредната недела.
Каење, каење и многу каење би бил правиот опис за 2014. За се. Зошто не учев повеќе, зошто порано не инвестирав повеќе во себе, зошто трошев време на секого кој потоа стана никого.
Не се седи веќе во студентски, ги немам тие 18 години и тие нерви за нови луѓе.
Што со животот понатаму е прашањето кое сега ме мачи.
Здравјето ме утепа годинава. Му благодарам на Господ Бог што ме спаси од ракот.

Ако можам да кажам единствено добро е едно прекрасно створење од маж кое го имам покрај мене и кој ми го прави животот помалку сив.


Ми треба 13ти месец само за да ја отспијам 2014та и никогаш да не се сеќавам на неа.

А ќе станува само полошо... И сега и во таа мочана 2015та.
 
Член од
19 декември 2014
Мислења
51
Поени од реакции
52
По тоа што станав посилна и похрабра личност и научив дека довербата не се дава на идиоти. Едвај чекам да заврши оваа година, мислам дека ќе почнам да ги бројам часовите и минутите до нејзино завршување:popce:
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
po toa shto go najdov toa shto go barav i shto go najdov toa shto go sakav ..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Професионално по успешност.
Приватно по смиреност.
По нови пријателства.
По чудниот хумор на германците.
По убер глупи романци.
По лудата Барселона.
По многу исти градови без своја уникатност.
По лудите свадби кои поминаа.
По моите откачени фаци кои знаат да ја направат вечерта циркус.
По страшниот пораз на Вардар Жрк во полуфинале и убедливо најглупата ракометарка на сите времиња татаркова.
Форумски по прсти од ној и Минхен.
@коцка да не речеш дека нема доказ
 

Attachments

Член од
22 декември 2014
Мислења
30
Поени од реакции
100
Најлошата година во мојот живот, премногу лоши работи... :(
-Ми се случија пресврти во животот:
-Ми почина една премногу драга личност во сообраќајка. :(
-Имав и јас сообраќајка на мотор, но поминав со само повредена рака, среќа не беше сериозно, но имам трауми од тогаш и 2-3 месеци ми беше страв да се возам и со велосипед, не па со нешто друго, сега е тоа зад мене; :cautious: :eek:
-Уште една драга личност се пресели и не сум ја видела веќе неколку месеци; :(
-На братучед ми го удри кола, имаше операција, не одеше на училиште 8 месеци, тек минатиот месец почна да оди на училиште;
-Добро нешто можам да кажам што бев летово на одмор на еден убав остров, 2 недели и си поминав убаво, се одморив конечно како што треба после тие проблеми и купивме нова кола.

Се надевам новата ќе биде мнооооогу подобра :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Многу смирена, фина, добра, абе бонбона година.
Можно е малце нервите да ми отидоа од претходни дешавки или малце тро се потсмирив, битно постабилно се осеќам и позрело.
Тргнав некои луѓе од мене, со некои утврдивме повисоко ниво на комуникација.
Дипломирав, вау.
Почнав да си правам покомплицирани работи од пица и макарони.
На редовни контроли железото ми е во нормала! Јессссс!
Џабе мелам, најбитно за мене годинава беше што го фатив дечко ми, можно е и тој да влијаеше доста на моите нерви, па и јас на неговите донекаде. Он е мојата потпора, љубов и страст. :backa:
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Ќе ја паметам по многу убави нешта.
Успешна и на професионален и на љубовен план. Исполнети желбите кои ги имав за оваа година. Го променив љубовниот статус од "in relationship" во "marred". Ја прошетав Европа по трет пат, посетив и некои места за прв пат.
Маж ми најде убава работа...само нека потрае.
Сосема непланирано, изненадно за сите (па дури и за мене сама)....си купив стан.
Работата оди супер...нека оди вака и не треба повеќе.
Помалата сестра дипломира и го добивме првиот елекроинжињер во фамилијата. Веднаш потоа се вработи. Па запиша магистерски. Па задоволни од работа и покачија плата.
Се на се една од најубавите години во мојот живот.

За наредната посакувам само здравје....и да биде успешна исто како и оваа 2014.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
Пo зaјaкoт нa Дрaгaн Вучиќ.
Шaлa нa стрaнa гoдинaвa јa пoчнaв кaкo штo јa зaвршив минaтaтa, вo ужaснo рaспoлoжение, сo мнoгу семејни, friendship и relationship прoблеми. Се чинеше декa немa крaј нa сетo тoa и бaш кoгa кулминирaa прoблемите, нaјдoв силa и пoчнaв дa ги решaвaм. Денoвиве кoгa рaзмислувaм зa гoдинaвa среќен сум штo ги имaв тие прoблеми и штo ме нaтерaa нa тешки oдлуки кoи нa крaјoт се пoкaжa декa ми гo сменијa текoт нa живoтoт нa пoдoбрo(имaлo нештo вo oнa "секoе лoшo зa дoбрo е, штo и дa е, ќе пoмине" нa Влaдo) и вo 2015 влегувaм среќен, релaксирaн и испoлнет.
 
A

Antigona

Гостин
1. Губење на живците и се помалку толеранција. :yid:
2. Водење љубов на забрането место. :sekcza:
3.Мување со малолетна личност , јбг се осеќам ко педофил ама ми се свиѓаше машкото :pipi:
4. Незаборавен летен одмор . :roker:
5. Финансиски стабилна. :kafence:
6. Нови фаци и незгодни понуди. :zloo:
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Затоа што Драга Кајгана е збрка деновиве, а модераториве се претежно пијани :D, па не знам кога ќе избришат да не го снема и мојов пост, па сакам да го зачувам и тука.
_______________________________________________________________________________________________________________

Од денес т.е за 3-4 часа почнувам со нова работа. Се чувствувам чудно пошто и ми се оди и не ми се оди.

Ми се оди пошто ми фалат пари и знам дека колку-толку ќе можам да си приуштам некои работи. Ми се оди затоа што тоа што ќе го работам не го знам до детал и ќе треба да го научам, а се што е поврзано со технологија радо го учам. Ми се оди затоа што цела фирма почнуваме од нула и сакам да бидам дел од нешто што го гледаш како (се надевам) ќе расте и се издига и се надевам ќе ви се допадне кога ќе дојде време да слушнете и видите за што станува збор, барем тие што сте во мојов регион. Ми се оди затоа што смените се убави и затоа што ќе работам со млади луѓе.

Не ми се оди затоа што ќе ми се скуси слободното време во кое толку уживав целата оваа година и кусур додека бев без работа, не ми се оди затоа што знам дека од утре времето морам да го планирам според нешто друго, а не претежно според моите желби како за овој период додека бев невработен.

Сакам да ја сумирам 2014-та на три дена пред крај на истата.

Ми почна убаво, не негирам. Бев во Љубљана на дочекот на 2014 и си поминав одлично. 10 дена кои ќе ги паметам, по добро, но и по нешто лошо. Убаво е да ја шеташ Љубљана во целата таа новогодишна магија, морам да истакнам дека градот, но и Словенија во целост ми се допаднаа премногу, сакам да се вратам таму кога ќе можам, штета што не отидов и до Загреб. Убаво е да си на Еразмус забави на кои не знаеш кој човек од која земја е, прилично интересно искуство за разлика од излегувањата во нашата земја. Убаво е да си на гости една вечер во студентски дом и во една соба собрани имаш (скоро) цела карта на Европа пред тебе - Турци, Полјаци, Чеси, Швеѓани, Словенци, Шпанци и тн, тн. Убаво е да сите да зборите на ист јазик и да се разбирате, страшно ме потсеќа на Ѕвездени Патеки и тој нивен универзален преведувач. Ме пофалија дека и англискиот ми е предобар.
Лошо е кога ќе се скараш неколку пати со девојката и знаеш, чувстувуваш, дека тука некаде, во некој нареден период, ќе прекинете. Уште полошо е тие караници да се одиграат во истиот период опишан погоре. Збунети чувства, измешани емоции. Така и биде. Не сум злопамтило (освен за некои лешпери тотално неповрзани со постов) и пошто знам дека ми го знае јузерот тука (но не знам дали уште доаѓа тука) и ако некогаш го прочиташ овој пост - ти посакувам се најдобро во животот.

>>>Fast forward неколку месеци.
Запознав девојка како гром од ведро небо. Убаво викаат дека љубовта не се бара, туку се случува како Тесеракт креиран од Нолан. Девојка која прави да чувствуваш дека претходниот ден си ја сакал и си се грижел за неа помалку отколку денес. Девојка која заслужува многу работи кои не можев да си ги дозволам и на себе и на неа поради причината наведена најгоре. Девојка со која ќе ја дочекам новата 2015 во која оставам се да тече како што треба, на било каков план. Знам дека ти не го читаш форумов, но ако случајно некогаш ми го прочиташ постов - Те сакам толку колку што мразам кога не сум со тебе.

2014-та беше година во која бев невработен, но е година во која се посветив повеќе на факултетот, па конечно дипломирав и еве, пред некој ден, си ја земав свечено и дипломата. Диплома за која се надевав дека ќе успеам многу порано да го кити моето име и презиме, но тоа е што е. На едно старо поштенско сандаче во влезот на мојата зграда пишува - Име Презиме инж. Тоа е (беше) мојот дедо, имењак. Сега и официјално ја наследувам титулата од него, но во сосема друга струка. Ми фалиш премногу, знам дека ќе беше горд на мене. Премногу е чудно на две футроли од оние цилиндричните за диплома да гледаш - Татко Ти, Дедо ти, Презиме и Јас, Татко ти, Презиме, сето тоа со обратен редослед на имињата :icon_lol:

2014-та беше година во која ја дочекав и сестра ми како матурантка и како бруцош на факултет. Кога летна времето и сам не знам. Времето кога еднаш како бебе ја разбудив, а моите мораа да одат на работа, па ја шетав со количката низ станот едно добри половина час. Пошто ти сега нон-стоп киснеш на интернет може и ќе ми го прочиташ постов. ТЕ САКАМ НАЈВЕЌЕ, иако знам дека ретко ти го покажувам тоа.

П.С Предупреди ги машките во твојот живот, би загинал за тебе.

Oтприлика ова е на личен план. На сите најблиски и пријатели, а богами на вас од форумов во новата 2015 ви посакувам пред се среќа затоа што и тие од Титаник имаа љубов, здравје и пари, ама немаа среќа :)

На навивачки план во фудбалска смисла, освен поплавата против оние од Мадрид (која се случува еднаш во една деценија), супер сум задоволен од Баварците. Се надевам дека наредната ќелавкото ќе успее да го дигне трофејот среде Берлин, и тоа два пати (еднаш ЛШ, еднаш германски куп).
Светското помина така како што помина, за мене не беше воопшто изненадување на начинот на кој Германците доминираа. Освен можеби резултатот против Бразил, но за кој сум убеден дека да играа 10 пати - 10 пати ќе го јадеа стапот Бразилците, без разлика во која земја да се играше. Многу им беа настрвени Немциве, многу.
2015 нема Европско, ама затоа 2016 очекувам да ги спојат титулите, редно време е оваа генерација да освои тоа што заслужува.

На навивачки план во кошаркарска смисла, Лејкерси се очајни. Секоја чест за КБ24 и минувањето на Џордан, но смири се малце со шутевите царе, губат партии заради твоето форсирање.

Тоа би било како некоја сума-сумарум.

Се најубаво во 2015 на сите!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Па помнам дека имав 100 кила мастика... другото бледо е.
 
С

СаШеНкО

Гостин
Дипломирав :jeeee:, се изнашетав како никад до сега, започнав интернет бизнисче и му турив пепел на крај :pos:(прајслес искуство сепак), собрав доста практично искуство за професијата ми, ми стана многу појасно што сакам во животов и на професионално и на приватно поле и конечно почнав да чекорам во таа насока. Шутнав некои стари фацки, дојдоа доста нови. И секако последните 10 дена од годинава, се начукав саглам два пати:pos: и тоа и те како ми требаше. Бабај ден :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom