Русија се соочува со финансиски колапс, рубљата пропаѓа, но во трговските центри се случуваат чуда!
20.12.2014 | 16:52
Извор: Tочка
Прочитано: 4108 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
Додека светот будно го следи развојот на финансиската криза во Русија, тамошните трговски центри оставаат впечаток дека нештата во оваа држава не биле никогаш подобри, барем за трговците.
Имено, по падот на рубљата, Русија стана рај за предновогодишниот шопинг, па така, странците масовно купуваат подароци за Божиќ и Нова година од руските трговски центри и интернет продавниците.
Но, не станува збор само за падот на руската валута во однос на доларот или еврото, туку за фактот дека истите нешта во руските продавници се многу поевтини, во споредба со нивната цена во земјите соседи на Русија.
Така, во изминатите неколку дена е забележана вистинска навала на кинески туристи, кои што купуваат гардероба од славни светски брендови по прилично смешна цена, кога истата ќе се претвори во евра или долари.
Истовремено, луѓето од Финска масовно доаѓаат во Русија поради евтиното гориво, но земаат и техничка роба и козметика. Покрај тоа, жителите на Финска сега во Русија трошат и многу пари по рестораните, па на границата се забележани долги колони со автомобили.
Во изминатиот период, руските продавници се особено привлечни за странците поради ниските цени и големиот избор.
Така, додека Русите размислуваат како правилно да ги потрошат своите пари и дали е паметно да купат девизи или некој друг вид на роба, или пак да чекаат и да видат како ситуацијата понатаму ќе се развива, странците грабаат се што ќе најдат на полиците во продавниците.
Од Казахстан и Белорусија пак, купувачите доаѓаат во Русија или ги користат услугите од интернет продавниците.
Така, купувачите од Казахстан преку кредитните картички минатиот месец потрошиле 140% повеќе за купување преку интернет, во споредба со истиот период минатата година. Преку белоруските кредитни картички пак е забележана 29% поголема побарувачка во споредба со лани.
Гостите од Казахстан буквално во налет ги “пустошат” руските продавници и, за разлика од Белорусите кои најпрво купуваат бела техника, казахстанските купувачи купуваат и станови, канцелариски простор и автомобили.
Но, најверојатно целата ситуација ќе се промени по Нова година, кога се очекува и пад на интересот. “Тогаш трговците ќе ги усогласат цените со курсот, па тие нема да се толку привлечни за странските купувачи”, објасниле експертите.
Сепак, експертите оценуваат дека сегашната навала од купувачи е добра за Русија, пред се затоа што трговците може да заработат, а робата нема многу долго да стои на полиците. Исто така, купувањето на недвижнините претставува одреден вид на инвестиција во руската економија.
http://tocka.com.mk/1/146042/rusija...gja-no-vo-trgovskite-centri-se-slucuvaat-cuda