Една дебата, со многу слаба одбрана на лавот како земски симбол на Македонија:
http://libertas.mk/видео-24анализа-на-тема-предлог-за-про/
За прв пат се споменува, според мене, директната причина зошто лавот не е избран за државен симбол од НОБ. Највеќе зашто под знакот на лавот (бугарската окупација 1941-45), голем дел на недолжни Македонци биле осудувани и убивани, најчесто оние поврзани со комунистичкото движење и НОБ. Тоа го образложува представникот од борците на НОБ - Трајче Грујовски. Секоја почит.
Албаниот историчар Рамадар Рамадани, дава два предлога:
1. Сите етникуми да бидат претставени со свој симбол во круната на лавот, како што се претставени регионите на Хрватска во хрватскиот грб. Може ли некој да склопи графичко решение, да видиме како изгледа со симболите на Албанци, Турци, Роми, Срби и Македонци како рамноправни граѓани?
2. Да се избере грб што никому ништо не му симболизира (Босанско, Косовско или Кипарско решение), што според мене е решение на замрзнати/нерешени конфликти, и обезличување на борбата на Македонскиот народ како носител на денешната држава.
Исто така се продолжува да се споредува предлог грбот со грбот на Бугарија (?! не знам колку треба да се објануваме дека се многу различни еден од друг), и грбот на ВМРО (што покажува дека ВМРО му направи одромна штета на земскиот грб со превземањето како нивен симбол).