Јас лично сум голем фан на Карлин ама не разбирам зошто е воопшто постиран во темава. Не ти треба Карлин да сфатиш дека политиката е кучка и дека политичарите се валкани, но тоа не значи дека баш секој инцидент е заговор за ова или она. Постои еднакво издржана можност инцидентот да се случи поради фанатик под притисок, кој притиснат од повеќе судски обвиненија и соочен со долгогодишна затворска казна, се решава на радикален чин. Дополнително како аргумент кон ова оди и фактот што ликот немаше ни знаме кое може да се купи на амазон, ни две бомби внатре две надвор... ништо освен желба да стави крај на се. Ако се работеше за заговор, полесно ќе беше со вистински бомбаш самоубиец кој ќе ја завршеше работата за 5 минути и со многу поголема штета.
Постојат правци на делување на пропагандата, кои влијаат рандом на луѓето, чии акции се последица токму на тие правци. Во случајов човекот ја играл улогата на маченик, на пропагандата што го пропагира исламизмот, како што викаш, во состојба на безизлезност и разни притисоци до кои придонесува стресот на секојдневното живеење.
Таа пропаганда понекогаш придонесува до едноставно организирање на поединци дури поголема координација на повеќе групи, за помалце или повеќе планирани акции, а понекогаш до непромислени акции, како оваа.
Но во секој случај, планирање на вакви акции на подолги рокови не е возможно. Има проекција на крајна цел на идеологијата на пропагаторите и пропагандата треба да биде еден од поважните средства(ако не и најважно средство) за таа цел да се оствари делумно или целосно.[DOUBLEPOST=1418802280][/DOUBLEPOST]
Толку е во рамките на мојата можност.
Јас немам логистика и подредени/надредени, немам спонзори, и на крајот немам ни време за да се зафатам со работата од таков аспект за каков ти зборуваш (посебно во споредба со „противничкиот табор„ кој го спомнуваш).
Се што јас имам, се мојата желба и волја, и понешто знаење кое можам се обидам да го пренесам.
Сметам дека и тоа е многу повеќе од ништо, посебно штом ни јас не гледам начин за создавање на „организирана рамка за едукација„ за каква ти зборуваше.
Со самото тоа што обичните луѓе го кажуваат своето мислење, на форум(како нас), тет-а-тет или на разни други начини, учествуваат на ист начин како тебе во таа едукација. Колку е подивергентно тоа мислење, толку понегативен ефект добива зошто народот се повеќе се диференцира. Во такви едни услови, какви што ги имаме денеска во нашето општество, стравот е на многу високо ниво. Тоа допринесува и до твојот став дека: „
посебно штом ни јас не гледам начин за создавање на „организирана рамка за едукација„ за каква ти зборуваше“, што пак покрај стравот ни создава и чувство на апатија и безизлезност и не прави неми посматрачи на уништувањето на моралните нормативи во нашето општество, а со тоа и на негово потполно уништување.
Затоа понекогаш е добро да се најде веќе готова „организирана рамка за едукација“, која би можела да се пропагира во нашето општество и истата да биде лесно прифатена од народните маси. Оваа улога во одредени периоди на нашето опстојување ја имала религијата.