Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
:pos:И јас кога ќе се опијам,и бидам дрво пијан,на огледало нема да си го препознаам својот лик.Но тоа не ми било заклучок дека сум некој друг,во друго тело.[DOUBLEPOST=1418762853][/DOUBLEPOST]
Бог не е бог туку тоа е Севишниот,Создателот.Постои од секогаш,насекаде,не е тоа Христос.Тоа е Јахве,кој Евреите не го гледале во човечки лик,како што го прикажува христијанството.Читај јудеистички книги,кабалистички,и ќе ти биде појасно.Не се ослонувај на филмови кои имаат емоции кои не водат во вистински правец на осознавање.Секоја книга која ќе ја прочиташ размислувај исправно,не треба се што ќе прочиташ да го сватиш сериозно.
Има еден стих во Библијата каде Господ Бог му се обраќа на верникот со синко, не се плаши од разобличувањата. Тоа се однесува токму на мојот случај што го спомнав. Ск осакаш верувај ако сакаш не верувај, но јас кога ја отворив Библијата таа се отвори токму на овој стих. Тоа уште еднаш ме ме вознемири и вчудоневиди, зашто ништо не беше случајно и прекоу тој стих Господ Бог проговори со мене.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Пристапот ти е погрешен.Тие работи се телесни,а не духовни.Ако се отвори на таа страна Библијата,ако светне нешто преку прозорецот,ако птица свирне трипати,се е тоа суеверие.Господ не зборува така.Целта наша кон Создателот на Универзумот е начинот на кој тој го оставил,со сериозен пристап,со макотрпно време потрошено на истражување,со длабока подготвеност.Верата ни најмалку не е потребна,таа е само еден почетен пристап до осознавањето.За понатамошно истражување е потребна Волјата.Христијаните кои цело време зборуваат вера,вера тие цело време се враќаат на почетокот,кое не носи никаков напредок,туку само тапкање во место.Не е потребно молење на икона,дури и во мислите Создателот не треба да се замислува како човек,како што го прикажуваат сликите.Втората заповед е изричита,Бог е Дух,и затоа не треба да се прави негова слика(Невозможно е да се нацрта Дух,и секое негово прикажување е неисправно и погрешно).А за Исус дека е Бог,малку тешко.Тоа е најголемата измама и заблуда.Тој е признат учител,пророк,кои според јудаистичките мерила достигнал совршенство.Тој оставил пример како секој човек да го достигне тоа совршенство,а не човекот да верува во него.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Абе ок е, ја не го обвинувам или да го исмевам тоа во што верува, али не е логично и не можам да го прифатам тоа пошто не е така и нема да биде така.
Повеќето тука дебатираат за да се мерат и надмудрат, ретко кој искрено пристапува на проблематиката со желба да стигне до вистината и тоа ме иритира, затоа најчесто не дебатирам више за вакви теми, луѓето се комплетно затворени за било кој став различен од нивниот, да зеам сеа математички да докажам дека 2+2=4, не бе, ако ти веруеш дека е 3 или еве не веруваш веќе дека е три, глеаш јасно дека е 4, ти ако си рекол 3 еднаш, сеа мора да останеш цврсто на тоа, комшиите ќе речат дека си слаб, дека си сменил став, па послем ќе ти се фатат за тоа и нема да те гледаат сериозно, небаре менување на став е лоша ствар.
Менување на став од погрешни причини (ради туѓ авторитет, емоции или други фактори кои не се поврзани со точноста на самиот став) е лошо.
Али менување на став од вистински причини, едноставно си утврдил дека еве, не си во право, 2+2 било 4 и твојот омразен соговорник е во право, машки е да признаеш, дури и одлика на цврст карактер, наспроти тврдокорното останување на својот став од егоистични пориви.
Во Зен "филозофијата" не прават разлика помеѓу проститутка и светец. Од проста причина што и проститутката е светец и светецот е проститутка :) Ако имаат некој придонес во развитокот на свеста на оваа планета, тоа е оваа констатација.
Кај егото се е поврзано со опстанок, од проста причина што е илузорно во самата природа. А поради дијалектичката(не логичката) природа на универзумов лажното секогаш се бори да се докаже како стварно.......нешто како комплексот на пониска вредност. Паметен никад не се бори да докаже дека е паметен, убав никад не се бори да докаже дека е убав и т.н.
Карактерот во случајов што го опиша е особина на личноста и како таков е исто така илузорен....тоа е начин егото да најде задна врата хахаххахаха ме разбираш?
За да се ослободи човекот од тие верувања/неверувања....исти qr-ац, добро е што си го разбрал тоа, треба сосема нов став кон работите....уствари животот.
Non-attachment...wu wei(non-action or non-doing) што би рекол Исус животот е као мост, не прави куќа на него.....мислам дека така нешто беше рекол :)
Акција преку неакција.....малку контрадикторно, арно ама на фундаментално ниво универзумов не функционира по правилата на логиката, каде математиката го има главниот збор.
Преку отфрлање на се она што не си можно е еден ден да осознаеш то што си, а сосема можно е ако ја знаеш природата на самиот себе да го спознаеш и Бог(што и да значи зборот :D )
Методот на осознавање е негација:
That who you can see, you are not; that which you can observe, you are not; that which you can become aware of, you are not.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Пристапот ти е погрешен.Тие работи се телесни,а не духовни.Ако се отвори на таа страна Библијата,ако светне нешто преку прозорецот,ако птица свирне трипати,се е тоа суеверие.Господ не зборува така.Целта наша кон Создателот на Универзумот е начинот на кој тој го оставил,со сериозен пристап,со макотрпно време потрошено на истражување,со длабока подготвеност.Верата ни најмалку не е потребна,таа е само еден почетен пристап до осознавањето.За понатамошно истражување е потребна Волјата.Христијаните кои цело време зборуваат вера,вера тие цело време се враќаат на почетокот,кое не носи никаков напредок,туку само тапкање во место.Не е потребно молење на икона,дури и во мислите Создателот не треба да се замислува како човек,како што го прикажуваат сликите.Втората заповед е изричита,Бог е Дух,и затоа не треба да се прави негова слика(Невозможно е да се нацрта Дух,и секое негово прикажување е неисправно и погрешно).А за Исус дека е Бог,малку тешко.Тоа е најголемата измама и заблуда.Тој е признат учител,пророк,кои според јудаистичките мерила достигнал совршенство.Тој оставил пример како секој човек да го достигне тоа совршенство,а не човекот да верува во него.
Значи јас знам што доживеав и што почуствував. Реков, сакајте верувајте, сакајте не верувајте, но јас знам дека тоа што го доживеав и почуствував беше вистина. Вие одете по пат кој мислите дека е исправен, јас ќе одам по мојот пат, на крај ќе се види кој ќе стигне до целта.
 
З

Зорт

Гостин
Во Зен "филозофијата" не прават разлика помеѓу проститутка и светец. Од проста причина што и проститутката е светец и светецот е проститутка :) Ако имаат некој придонес во развитокот на свеста на оваа планета, тоа е оваа констатација.
.
?
Може ли мало објаснување штом е толку важно за развитокот на свеста.

Кај егото се е поврзано со опстанок, од проста причина што е илузорно во самата природа. А поради дијалектичката(не логичката) природа на универзумов лажното секогаш се бори да се докаже како стварно.......нешто како комплексот на пониска вредност
Звучи мошне умно ама ништо не разбрав. Може појасно?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
А од каде тоа дека атеизмот и агностицизмот се исклучиви. Сум и атеист и агностик (исто како што си и ти, иако го негираш тоа) . Не се правам јас ништо сум она што сум, не знам ти што глумиш :)
Абе мешаш знаење со верување....тоа е целата заебанција.
Не може да си во исто време и атеист/теист и гностик/агностик.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Абе мешаш знаење со верување....тоа е целата заебанција.
Не може да си во исто време и атеист/теист и гностик/агностик.
Не мешам јас, тоа @RogerBacon ги измеша знаење и верување, а гледам богами и ти си ги помешал. Баш дека правам дистинкција помеѓу тие две можам да бидам и едно и друго. Не знам и не верувам. Како тоа е неспоиво кажи ми? Според твојата логика? Спомна его. Љубиш да си во право? Биди си за себе.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Попрво би рекол дека меша знаење со сомневање.
Ајде де? Каде јас спомнав некакво знаење? Што тоа јас знам? Нели твоето верување беше “знаење“?

П.С. Колку за дискусија.... Ти веруваш дека постои бог? Или знаеш дека постои бог?
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.005
Поени од реакции
8.571
Ајде де? Каде јас спомнав некакво знаење? Што тоа јас знам? Нели твоето верување беше “знаење“?
Си побркал нешто. Јас реков дека знаењето е верување, а не како што тврдиш ти - дека верувањето е "знаење".
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Си побркал нешто. Јас реков дека знаењето е верување, а не како што тврдиш ти - дека верувањето е "знаење".
Јас не тврдам дека верувањето е знаење, напротив. 99,9% верници го тврдат тоа.
И знаењето не е верување. Друг муабет е веќе тоа.
Ајде де? Каде јас спомнав некакво знаење? Што тоа јас знам? Нели твоето верување беше “знаење“?

П.С. Колку за дискусија.... Ти веруваш дека постои бог? Или знаеш дека постои бог?
Оддговори ги болдираните прашања не бегај ко ѓаолот од крстот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Си побркал нешто. Јас реков дека знаењето е верување, а не како што тврдиш ти - дека верувањето е "знаење".
- Знам дека надвор врне.
- Верувам дека надвор врне.
Дали овие два искази се исти?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.005
Поени од реакции
8.571
Јас не тврдам дека верувањето е знаење, напротив. 99,9% верници го тврдат тоа.
И знаењето не е верување. Друг муабет е веќе тоа.

Оддговори ги болдираните прашања не бегај ко ѓаолот од крстот.
Tи бегаш од читање! Јас знам дека не постои бог и знам дека постои Бог. За постоењето на Бог ти беа понудени и апостериорни космолошки докази (стр. 75 - доказ од контингенција, стр. 76 - доказ од движење и стр. 77 - номолошки и телеолошки доказ).

Имаш и многу други докази низ моите постови. Потруди се побарај ги, не чекај сè наготово.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Tи бегаш од читање! Јас знам дека не постои бог и знам дека постои Бог. За постоењето на Бог ти беа понудени и апостериорни космолошки докази (стр. 75 - доказ од контингенција, стр. 76 - доказ од движење и стр. 77 - номолошки и телеолошки доказ)
:pos: Тоа било доказ? Со истиот твој доказ се докажува и раселовиот чајник или розевиот летечки еднорог... или што год ќе ти текне. Тоа се празни философии кои не докажуваат во суштина ништо. Убово читам јас. Дупло голо што би рекле некои.
Де не плаши се од прашањето. Знаеш или веруваш дека постои бог?
- Знам дека надвор врне.
- Верувам дека надвор врне.
Дали овие два искази се исти?
Гледаш Ипси? Еве постоеле и такви кои веруваат дека знаат :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom