Абе ок е, ја не го обвинувам или да го исмевам тоа во што верува, али не е логично и не можам да го прифатам тоа пошто не е така и нема да биде така.
Повеќето тука дебатираат за да се мерат и надмудрат, ретко кој искрено пристапува на проблематиката со желба да стигне до вистината и тоа ме иритира, затоа најчесто не дебатирам више за вакви теми, луѓето се комплетно затворени за било кој став различен од нивниот, да зеам сеа математички да докажам дека 2+2=4, не бе, ако ти веруеш дека е 3 или еве не веруваш веќе дека е три, глеаш јасно дека е 4, ти ако си рекол 3 еднаш, сеа мора да останеш цврсто на тоа, комшиите ќе речат дека си слаб, дека си сменил став, па послем ќе ти се фатат за тоа и нема да те гледаат сериозно, небаре менување на став е лоша ствар.
Менување на став од погрешни причини (ради туѓ авторитет, емоции или други фактори кои не се поврзани со точноста на самиот став) е лошо.
Али менување на став од вистински причини, едноставно си утврдил дека еве, не си во право, 2+2 било 4 и твојот омразен соговорник е во право, машки е да признаеш, дури и одлика на цврст карактер, наспроти тврдокорното останување на својот став од егоистични пориви.