Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Вака, со пеење вечерва им држеше лекција на цела естрада. Поубаво звучеше од студиските верзии. Се беше најпрофесионално, особено озвучувањето.
Сепак, концертите во МОБ повеќе ми се допаднаа, мене лично барем. Поемотивни, потопли, помераклиски некако. Нормално дека и просторот си го прави своето, ова е чисто мое видување. :)
На моменти и се осеќав како да се тупеше. :)
И измрзнав, значи буквално нозете не си ги осеќав.
Исто комбинацијата што ја носеше не ми се допадна. Каролина е преубава девојка, фустанот воопшто некако не и беше во склад со фигурата, а штиклите ич не ми се свиѓаа. Она обично преубаво се носи, ама овој пат не ми се допадна.

Во секој случај се изнапејав, убаво си пројдов, но концертите во МОБ (барем тој на кој јас бев) не може да бидат надминат од овој концерт.

Ако некој од Авалон чита, ве молам објавите студиска верзија на “Од нас зависи“ верзијата што беше денес испејана. Леле каков мерак ми направи, најјако ми беше! :D
 
Тимот е подготвен. Скопје утре ќе грми. :jeeee::jeeee::jeeee:

108585648222270678184309.jpg
Како се вика овој скроз од лево горе?
 
И јас ќе почнам од пеењето, не дека сум очекувала помалку од неа, ама ова вчера беше нејзиното најдобро вокално издание. Вака не звучеше пред пет години кога правеше концерт за Македонско девојче 1 во Универзална. :cuc::cuc::cuc:

Концертот беше фантастичен, мене ми беше па поубав од оние во МОБ затоа што изгледаше помоќно, имаше играње и публиката подобро реагираше веќе на песните, кои ги знае. Чинам, Пролет лето есен зима и на крајот Бегај бегај беа кулминација за публиката.
Очекував Две лири за крај. Вие?

@Crazy in Love , и јас имав впечаток дека се тупеше кратко време, ама такви се песните. Од Пролет лето есен зима и Две лири прејде на поспори па затоа. Мене не ми се допаднаа Умирам без тебе и Крај на овој концерт, не им беше место. Подобро да отпееше народни песни како Македонско девојче.

Како и да е, ова беше доказ дека македонскиот народ сака и сеуште слуша македонска музика, но квалитетна македонска музика. Затоа Авалон и Каролина, следен проект - обавезно Македонско девојче 3, поп песни веќе не сакаме :pos:
 
Луѓе јас вчера не бев, затоа дајте некоја слика, раскажете како беше. Имаше ли добра сцена и осветлување?
:)
 
Каролина е втор Македонски изведувач кој го наполни Борис Трајковски. Со здравје нека е и нека се множат.
 
Браво! Се гледа дека атмосферата била одлична, а и уште едно огромно Браво за тоа што ја наполнила цела сала!
:)
 
Каролина е втор Македонски изведувач кој го наполни Борис Трајковски. Со здравје нека е и нека се множат.
Она беше прв македонски изведувач кој ја наполни Борис, ова и е втор пат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom