Диети за зголемување килажа

Имам 15 години , висок сум 170 , а тежам само 45 килограми.Немам апетит и не чувствувам глад,бев на лекар и ми кажаа дека се е во ред со мене и дека нема некаква посебна причина, но проблемот е во тоа што јадам ретко и јадам малку.Во текот на денот јадам два до три пати , оброкот ми е околу две кришки леб без разлика што и да јадам.Како што кажав погоре не чувствувам глад но и не чувствувам ситост, па така престанувам да јадам кога мислам дека ми е доволно (најчесто на 2 кришки леб).Ве молам , да ми кажете која храна содржи најмногу калории, со цел и тие мали оброци да ми содржат повеќе калории и се надевам да се доближам барем малку до потребната килажа.Ви благодарам однапрет.
Често отсуството на апетит е заради недостаток на тиамин. Не знам дали е безбедно за твоја возраст, но ако е, пробај да си го вратиш апетитот со б-комплекс витамини.
 
Обратно од другата тема :)

Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).

Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.

Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?

24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.
На твоја висина треба да имаш најмалце 70кг.
Тежината ќе ја зголемиш кога секоја вечер по богатата вечера ќе креваш тегови од 3-5кг а кога ќе завршиш односно пред спиење ќе конзумираш говредско месо,домашно млеко,мед,јајца на око или живи ако можеш да поднесеш

На овој начин јас со висина 193цм тежина од 93кг за 6-12 месеци направив 115-120 кг.
 
Јас имам брз метаболизам, и бев коска и кожа, залче во уста не ми се ставаше, бев неухранета! Ама судбината била таква, сакала да одам во земјата на најдебелата нација, јас штапич, штрк! Нејсе, од срамот згора, морав некое килце да качам, значи срамота беше!

Совет едно време гнети брза храна! Сигурни резултати дава диетава! :anco:
 
На твоја висина треба да имаш најмалце 70кг.
Тежината ќе ја зголемиш кога секоја вечер по богатата вечера ќе креваш тегови од 3-5кг а кога ќе завршиш односно пред спиење ќе конзумираш говредско месо,домашно млеко,мед,јајца на око или живи ако можеш да поднесеш

На овој начин јас со висина 193цм тежина од 93кг за 6-12 месеци направив 115-120 кг.

Убаво за тебе друже, ама не ми е поентата сега да билдам мускулна маса. Малку мрсно да ставам на себе, ништо посебно. Фала на советот во секој случај.
 
Убаво за тебе друже, ама не ми е поентата сега да билдам мускулна маса. Малку мрсно да ставам на себе, ништо посебно. Фала на советот во секој случај.
Со таа тежина на тегови добиваш само на тежина.
А јас дека не правев стомачни децата ме зафркаваа и ми викаа да го извадам баскетот од под маица
 
Со таа тежина на тегови добиваш само на тежина.
А јас дека не правев стомачни децата ме зафркаваа и ми викаа да го извадам баскетот од под маица

Абе, ти е гајле :D. Боље покрупен него вака слаб ко мене. Али океј, мислењево ми е апла пристрасно :D

Со храна успеав 2-3 кила да накачам, ама на периоди и нив ги губам. Ај ќе пробам. Мислам дека брат ми има тегови со таа килажа, ќе му ги позајмам.
 
Брзата храна не можам да ја исклучам скроз, бидејќи друштвото често ја конзумира, а и јас си ја сакам, можам само да ја намалам повеќе, доколку пречи во целите што сакам да ги постигнам, а свесен сум дека не е здрава, особено ако некој често го конзумира тоа.

Инаку ќе гледам да искомбинирам нешто од советиве до сега. Млеко многу не пијам, повеќе сум ориентиран кон јогурт, сирење, кашкавали (игра улога тоа што не пијам многу млеко?), протеинска храна конзумирам, само можеби треба во поголема мера да биде, не знам? Само во однос на количина, скоро колку татко ми јадам, а он има 115 кила. Ќе треба повеќе и од него да јадам? :confused:

Смени го начинот на исхрана.Јади количински повеќе и мин.5 оброка дневно.Месо,јајца,бадеми,ореви,се што содржи протеини.
Многу е важно,речиси најважно е количеството на вода што ќе го испиеш.Мин.2л.Ако можеш и повеќе.И сонот секако.Легнувај порано,преку ноќ се одвива процесот на градење на мускулна маса.Еве ти едно корисно видео:

https://www.youtube.com/watch?v=J_-a4Y_tVVs
 
Обратно од другата тема :)

Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).

Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.

Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?

24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.

Брза храна ама тоа па не е здраво. Моја братучетка имаше ваков проблем ептен слаба беше иако јадеше како луда но откако и препорача докторот цвекло да јаде немаш појма колку се поправи. А јас па се здебелив од витамини со пивски квасец ги пиев за косата и сега едвај ослабнувам. Пробај нема ништо да изгубиш а и цвеклото е здраво.:);)
 
Ако сакате да се здебелите ожените се или омажите се, гарантирано делува кај двата пола, јас сум жив доказ :), откако се оженив килажата ми е нон стоп во прогрес.
 
Цвекло често јадам како дел од здрава исхрана, нема некој значаен ефект кај мене :D
 
Абе, ти е гајле :D. Боље покрупен него вака ратко мене. Али океј, мислењево ми е апла пристрасно :D

Со храна успеав 2-3 кила да накачам, ама на периоди и нив ги губам. Ај ќе пробам. Мислам дека брат ми има тегови со таа килажа, ќе му ги позајмам.
Ти делат совети али доста погрешни за да се поправиш :) Со протеинска храна тешко дека ќе ставиш за краток период поголема маса, најбрзо поправање јаглехидрати + масти кои ги имаш во семиња. Јаглехидратите ти се се главен и најефикасен извор на енергија во организмот и тие брзо се претвараат во гликоза која циркулира во крвта и како гликоген се складира во црниот дроб и мускулите за подоцнежно користење.Акумулацијата на гликогенот е ограничена, и кога ќе се зголеми нивото на гликоза во крвта, доаѓа до излачување на инсулин од панкреасот. Инсулинот пак ја стимулира трансформацијата на јагленохидратите во масти. Обратен процес се случува кога е ограничен внесот на јагленохидратите. Значи сума сумарум зголеми внес на јаглехидрати (кога веќе сакаш само килажа небитно дали е салце или мускул), кикиритки, бадеми, урми помеѓу главните оброци како ужини. Без да знам која висина си и тежина еве ти од мене најпрост совет од тоа што го јадеш сега додади уште 3 ужинки помеѓу стандардните оброци (100грама кикиритки (550-600kkal), 150 гр урми (околу 400-450ккал) ги имаш во Кам и низ маркетите без коска, 50 грама бадеми (преку 250ккал) ова ти е грубо 1100-1200 кал повеќе од тоа што го јадеш дневно за не многу повеќе пари. Можеш да комбинираш суво грозје или било кое сушено овошје помеѓу главните оброци како ужинка.
Јас ти гарантирам дека вака ќе се поправиш:jeeee:
 
Ако сакате да се здебелите ожените се или омажите се, гарантирано делува кај двата пола, јас сум жив доказ :), откако се оженив килажата ми е нон стоп во прогрес.

стави клуч на темата,жива вистина. најефикасна диета икад
 
Не ја гледам поентата на зголемување килажа без да имаш некој бенефит од тоа.
Мастите што ќе ги складирате помеѓу органите од јадење кекси и процесирани работи најтешко се ослободуваат.
Имајте на ум дека претерањето јадење калории без вежбање може да доведе до дијабетис и разни компликации со холестеролот,триглецериди, запушување на артериите и проблеми со срцето.

Секогаш советувајте се со професионално лице кога сакате да направите нови животни навики.

Не секој има ист крвен притисок, срцев пулс и потреби за калории како друга индивидуа.
 
Абе, ти е гајле :D. Боље покрупен него вака слаб ко мене. Али океј, мислењево ми е апла пристрасно :D

Со храна успеав 2-3 кила да накачам, ама на периоди и нив ги губам. Ај ќе пробам. Мислам дека брат ми има тегови со таа килажа, ќе му ги позајмам.
Затоа и ти кажувам да не ја правиш мојата грешка
Цвекло често јадам како дел од здрава исхрана, нема некој значаен ефект кај мене :D
Цвеклопто е добро за крвта и железото
 
Не ја гледам поентата на зголемување килажа без да имаш некој бенефит од тоа.
Мастите што ќе ги складирате помеѓу органите од јадење кекси и процесирани работи најтешко се ослободуваат.
Имајте на ум дека претерањето јадење калории без вежбање може да доведе до дијабетис и разни компликации со холестеролот,триглецериди, запушување на артериите и проблеми со срцето.

Секогаш советувајте се со професионално лице кога сакате да направите нови животни навики.

Не секој има ист крвен притисок, срцев пулс и потреби за калории како друга индивидуа.

Јас имам низок крвен притисок на пример. Плус премногу сум слаб за да имам/развијам дијабетис. Пешачам, трчам, планинарам. Возев и точак порано али од лани не сум фатил. Порано идев и во теретана. Дека сум активен, сум, дека можам да бидам поактивен, можам. Само не ми иде во прилог толку активност затоа што сум слаб и со брз метаболизам. Џабе внесувам толку храна кога ја трошам само. Тоа ми е поентата што имам намалено активности. Ако увидам дека качувам премногу килажа, немам проблем да го мрднам задникот и да направам нешто во врска со тоа. Кешки да качам 5 кила плус барем, другово е бонус.

И да, прашав "професионално мислење" за мојов проблем. Поварирачки беше од мислењата овде, и во суштина се движеше во рамки на "јади повеќе месо"/"јади повеќе". На покорисни совети тука наидов него ли во лекарска ординација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom