Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Го гледам братучед ми (5 години инаку има) во 12 на полноќ колку има енергија само, цел ден не престана од трчање и скокање, а јас со мојот цел 1 сат спиење во изминативе 36 часа, покрај него делувам како 60 годишен дедо.

Инаку, одлична дружба денеска со тројца твоие кајганџии, и како и секогаш не изоставија неколку бисери кои секогаш се памтат и се множат од собиранка, на собиранка.
 
Драга,

коа читам договори на фејзбук за колегијално искачање, се осеќам ко некој 60 годишен дедо. Или вие сте тикви недораснати со бумбари у главата. And yeah, дефинитивно сите колеги и колешки ве рангирам вака:
1. би те треснал со цигла по глава
2. би те треснал со две цигли по глава
3. ѕид би срушил на тебе
4. цела зграда

Има едни стихови од the national, вака гласат:
'I have only two emotions,
careful fear and dead devotion'

Скроз ме опишуваат.

Вчера се сретнав со еден термин низ интернетот - escapism. И веројатно ја сум таков. Генерално сум амбивалентен човек, и у младоста бегав уз алкохол и полесни и средно тешки дроги. Сеа и тоа не ме исполнуе.

Оу мај гад, ја стварно сум 60 годишен дедо. Може и дупли акаунт на Анчо.
 
Драга,

Она кога ставаш слика на фб и на неа само коментираат тетки,стрини и остала блиска родбина :D:D...Бесценето

P.S идеално да ти ги избрка сите потенцијални удварачки :D
 
Ми стига денеска писмо и гласи лицето тоа и тоа да се јави таму и таму,на 9,12 у 10 часот:eek:.Си седам ја така едно 5 минути и се преиспитувам,си викам чекај кретену еден пијан дан си?дан си дрогиран ?не бе не се дрогирам.И погодите што?ми текна дека живеам у оваа вукојебина у која сите си ги вршат својте работни задачи на време.:bravobe:.Сеа се прашувам ако ова беше нешто важно,а у случајов за моја среќа не е,кого да тужам.Ми текна кадија те тужи кадија ти суди,да ви ебам флегмите скапани.
 
Девојки испоседнати во лаунж барови ги префрлаат своите суперслимс цигари меѓу тенките прсти со долги шпицести нокти. Мрзнејќи надвор под прикачените греалки и големите кристални лампиони и новогодишни светилки. Трепкајќи неодоливо додека се нишаат бавно на живата музика на Џони Лајв или Жаре Бербер. Ги гледам додека поминувам обидувајќи се да потонам што подлабоко во мојот шал, попуштајќи ја музиката на моите слушалки до даска. Не ги осудувам. И јас своевремено го правев тоа затоа што мислев дека ќе направи да се чувствувам подобро, но по неколку такви излегувања сфатив дека нема. Напротив, се чувствував подеднакво мизерно и уште повеќе разочарано.

Знам дека не сум најпосебна и најпаметна од сите. Но чувствувам како сите да станаа дел од некој шаблон и се преправаат дека им се допаѓа тој шаблон. Прилично сум сигурна дека на никој не му се допаѓа. Но некој го наметна, стана некоја норма. Луѓето да излегуваат да се забавуваат и да не си поминуваат убаво - оксиморон.

Ме гуши воздухов скопски, деновиве не само фигуративно. Го гледам. Ми ги гризе образите. Сакам да си замине. Тој или јас.
 
Чекам да видам дали ќе ме познае едно чупе кое анонимно го чита форумот. :sneaky:
После па го ставам стуи на аватар.
 
Знаеш она прекрасно чувство кога се будиш касно зашто не си го чула алармот, трчаш на железничка и возовите штрајкуваат, успеваш да го фатиш последниот воз...ама немаш пари за карта зашто во сето трчање си го забораила дома новчаникот...прекрасно чувство!!!

*^%#%^*%#@%#¥&@!!!!!
 
Предвидувањата за 2015 се дека ќе било како во Лудиот Макс, па си ја симнав трилогијата не ми е гледана два века...

 
Драга...

... кажу...

... опет Иран прави Нуклеарне бомбе, жвака чисти зубе ал' извалјује пломбе;
... да је алкохол здравији од траве, кажу ако немаш став - одма ти га ставе;
... да су плавке глупје него црнке и бринете, и да окус буде бољи с кашиком Вегете;
... да је смак свијета релативно близу, и да су нас банке увукле у кризу;
... да малу дјецу доноси нам рода, и да једино је здрава флаширана вода;
... да уз пјесму ефикасније се трља, чудотворни сапун против тврдокорних мрља;

Не че никад престат главе да нам пуне, све док је оваца нече фалит' вуне.

Од Ватикана до Ирана, мајмуну је довољна банана.


Па кој како сака нека си толкува :)
 
Кајгано абе некои работи само кај нас ги има. Сабајле во 7 ми се јави поштарот да одам да си го земам пакетот од пошта со изговор дека него денес мн го боли глава.
 
Драга Кајгана,
Ме изненадува тоа какви пораки ми стигаат на телефонот. Ми вика стани и ти милионер, испрати порака на бројот :toe: и освој неверојатни 10.000 денари.
Дали тоа значи дека јас сум билионер?:cautious:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom