Учествуав во протестите за државна матура 2007ма, знам и после тоа како не седна директорот (со кој патем имав одличен однос пошто бев претседател/подпретседател на младинска) и ни трубеше како не треба да протестираме, тоа е за наше добро, па неоправдани бла бла....
Притисоци има ама оваа ваша генерација 93та и помлади покажува дека може да се справи, покажува дека знае, покажува дека има ’рбет.
Поради работа, не можев да го пратам маршот ама излегов и аплаудирав на цела колона на рекорд, кај бабичката што аплаудираше од тераса.
Морам да напоменам, според мене колку и да не постои опозиција, колку и да се пички безрбетни, треба да излезат и да го поддржат протестов за да се здрма малку власта.
Протестирав за Талант, протестирав и во Ѓорче. Никогаш генерално против власта, никогаш со доле влада парола ама волкава масовност на идни интелектуалци, без инцидент, сфака част, сфака част и со хаштаг #СфакаЧаст.