Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Pump Up the Volume

Па добар филм за тепање време. Марк е едно повлечено момче кое води пиратска радио станица. Станува се послушан од средношколците и една вечер ќе се самоубие еден од слушателите , па полицијата и одборот на школото ќе тргнат да го бараат пиратскиот водител. Пак ќе кажам добар за тепање време мене ме разочара крајот не е доволно јасен што се случи со дечкото . 7/10
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Blade Runner (1982)





Пред некој ден го гледав Blade runner по трети пат. Првиот пат кога го гледав бев некаде средно и знам не ми остави некој особено голем впечаток. Бев убеден дека е просечен трилер, онака детективска приказна за тепање време. Не ми беше јасна целата фама околу него. Сега доживувањето ми беше комплетно различно. Основата на приказната на Blade runner е правена по романот на Филип К. Дик “Дали андроидите сонуваат електрични овци“. Штета што Дик не е афирмиран писател кај нас. Има извонредни sci-fi романи, а по нив се правени и Minority report, Total recall (стариот со Шварци е класика)и анимираниот A scanner darkly.

Прво што се приметува во филмот е мрачната атмосфера. Ридли Скот феноменално го доловил ЛА во 2019 година низ дистописка призма. Буквално истото чувство го имав и кога го читав Орвел. Целата архитектура, големите згради на корпорациите, билбордите со светлечки реклами, летечките коли, прават да се чувствуваш мал, неважен. Нормално сето тоа е намерно така направено за да се покаже стратификацијата во општеството. Големите згради се симбол на моќта, во нив живеат финансиските магнати, разните бирократски службеници задолжени за одржување на корпорациите, сите луѓе корисни за олигархијата. Долу во мали куќи, во улици полни со отпад, во крајна мизерија живее плебсот. Се гледа дека Ридли проучувал и земал нешто од историјата на средновековните градови како Константинопол, Дамаск, Багдад. ЛА е смесна на народи и јазици, низ градот шетаат припадници на разни вери (како на пример следбеници на движењето Харе Кришна). Мегалополис во вистинска смисла. Саундтракот на Вангелис е полн погодок и само ја надополнува таа ретро атмосфера. Осумдесетите се деценија на Вангелис. Од Cosmos со Карл Саган, преку Chariots on fire па до Blade runner.Приказната орбитира околу Декарт - истребувач задолжен да ги улови и “пензионира“ четирите пребегнати репликанти чие што присуство е забрането на Земјата. Многу е битна филозофската нитка во филмот. Типично егзистенцијалистичка филозофија. Сомнежите на Рејчел во врска со нејзиниот идентитет, дали е човек или репликант. Муабетот помеѓу Ј. Ф. Себастијан од една страна и Прис и Рој во кој што Рој му вели дека не се машини туку живи суштества. Прис на тоа се надовржува со мислата на Декарт “Мислам значи постојам“. Дали постои разлика помеѓу вештачки создадените луѓе и обичните? Рој го победува Тајрел во партија шах. Дали “производот“ може да го надмине креаторот? Да не забегувам многу. По мене најважен е монологот на Рој во една од последните сцени на филмот. Иде вака:I have… seen things you people wouldn't believe… Attack ships on fire off the shoulder of Orion. I watched c-beams glitter in the dark near the Tannhäuser Gate. All those… moments… will be lost in time, like [small cough] tears… in… rain. Time… to die…

Дали се што сме доживеале, сите емоции, сите моменти убави и лоши засекогаш ке бидат изгубени на крајот? Дали Рој го сфати животот таков каков што е, дека сме осудени на смрт дека сите наши сеќавања ке изчезнат како солзи на дожд?

10/10

Вистинско ремек дело. Можеби еден од најдобрите sci-fi фимови снимени досега.

 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Fury
Воена драма од Втора светска. Бред Пит изгледа се пали да глуми у овакви филмови. 1945 е, сојузничките војски веќе се на територијата на Германија и чистат град по град. Пит е наредник на шерман тенк наречен Furry, у некаква си америчка девизија.
Како и во Inglorious bastards, и тука Бред мрази наци-војници, особено на срце му лежат сс-официрите.
На една клучка по борба со германски Тигар, газат на противтенковска мина и остануваат неподвижни, додека во меѓувреме ѝм се приближува пешадија од сс-војници. Наместо да го напуштат тенкот и да се спасат, решаваат да останат и да го бранат до смрт.

Филмот е бааѓи подобар од тоа што може да се стекне како впечаток од напишаното. Најдобар филм што сум го гледал со тематика: тенковски битки. Добра акција, добри ефекти, глума на ниво и одлична постпродукција.
Од мене има 9.5/10
1.PNG
 
Последно уредено од модератор:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Fury

Америчка пропаганда at its best. Тотално нереалистичен, едно време ко да имав чувство дека го гледам Рамбо. Ниту битките и ефектите ме импресионираа, а Американците си останаа верни на традицијата каде бар еден филм годишно се прави кој ја величи храброста на америчкиот војник, сега само си ја одбраа Втора Светска Војна ко тема. Единствено нешто кое што се издвојува е глумата, неверојатно се доловени ликовите, иако ги немам гледано другите филмови и не знам ни кои ќе бидат номинираните за Оскар за најдобра машка улога, Бред Пит треба да земе Оскар за главна улога дефинитивно, ако не, бар да биде номиниран.
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Nightcrawler


Одличен филм. До каде може да стигне човекот и со кои постапки за да ја исполни зацртаната цел и да стигне до кариерата што ја посакува.
Jake Gyllenghaal одлично го претставува ликот на Лу кој по некоја случајност решава да стане nightcrawler односно да прави снимки од сообраќајни несреќи и разни криминални дела кој подоцна ги продава на една телевизиска куќа.
Многу ми се свиѓаше глумата на Gyllenhaal и начинот на кој го претставува главниот лик, се гледа дека доста се посветил на тоа и многу реално се тоа изгледа.
Филмов го ставам во еден од поомилените за годинава. Се надевам дека ќе добие барем номинација за оскар. (y)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.201
Поени од реакции
30.391
Lucy

Многу е смешно кога гледаш филм што се сфаќа себеси пресериозно, а свесен дека нема доволно сериозност во себе.
Таков е и Луси. Филм што сака да биде и провокативен филозофски филм, и акција од стилот на 90' и психолошки трилер, но на крај е само една турли тава.
Нашата приказна почнува од Тајван каде Луси поради PLOT REASONS е киднапирана и е подложена на нова експериментална дрога.
Но ова не е необична дрога, туку синтетичка дрога која ги отклучува сите можности на човековиот мозок.
И сепак после овие способности, Луси е доволно глупава да ги повторува сите клишеа кои се карактеристични за секој акционен филм.
Мислам, за жена која ги отклучува сеќавањата од моментот кога го видела докторот од вагината на мајка и, толку да не се сети на ниеден филм што го има гледано?
На пример, едвај преживеав за влакно, сега ќе се вратам кај најголемиот мафија бос во Тајван, ќе му ги убијам сите соработници, но кога ќе дојдам до него, ќе го поштедам. Сигурно нема да сака да ми се одмазди, сигурно нема да биде испровоциран од сите пакости што му ги сторив.
Или на пример во еден момент демонстрира неверојатни способности на успивање, за во друг момент да користи show off способности кои немаат никаква цел освен PLOT.
И секако, најстрашното клише во секој филм - исклучително смотана полиција.
На крај филмот вели заеби логика, ајде да пробаме малку CGI пошто ни остана резерва од буџетот што беше наменет за сообраќајки, пукотници и други ствари. FUCK THE PLOT.

Луси не е филм да го гледаш сериозно, инаку ќе си ја траќаш главата како се закачува на секоја сопка што си ја поставува себеси.
Ако сте за mindless action, погледнете го, иако има многу подобри од него во истиот жанр на mindless action.
Наравоучение од филмот: Дрогирај се за да постанеш Бог.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
Three Fugitives

Леле филмов е закон. Лукас е ограбувач на банки кој по 5 години затвор се враќа дома каде веднаш го пречекува детективот кој го водел неговиот случај. Лично тој ќе го одведе до банка за да го искористи чекот, но во тој момент во таа банка ќе се случи грабеш , а токму Лукас ќе биде земен како заложник. Понатаму уживајте во страшната комедија и ако има 2 дел обавезно да ми кажете 8/10.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Си идеш од одмор, и гледаш пак си се испокарал со wot. Тоа живот ли е...
@Io Sono Interista

I Origins (2014)



Ако убаво се фокусирате, ќе забележите дека дури и маркетинг тимот зад филмот сакал со што помали букви да нагласи дека филмот е од режисерот од Another Earth. Да истиот тим, истиот режисер, истата актерка (боже сачувај, како ја нареков), истите недооформени идеи, истите желби да се ствараат филмови кога сите им викаат дечки дај размислете за смена на кариери, мислам... океј е, пробавте, видовте, се забавувавте, дај да не се срамуваме и ние више за вас. Да, тие, истите. Од Another - не знам кој друг епитет веќе да им го закачам, идев со Another Disappointment, Another Shit, Another Who Shall Not Be Named... мислам дека да напишам вистинското име на филмот е доволна навреда само по себе. Аnother Earth. Да. Истите. Од тој. Со нов. I Origins.

Eте, ме наковаа да го гледам филмов (треба ревизија да напраам со кој се дружам више, да, гледам во тебе @Io Sono Interista и помало @themutedspeaker) и очекувајќи лошо - пак мозочните вијуги кохерентно ми дебатираа дали режисерот има ал нема драстичен церебрален деформитет или сите поврзани со проектот се прават удрени дека не ги гледаат исто како него рупиве во филмот или се тоа е една елаборирана првоаприлска шега. I want to believe. Aма не, криејќи се зад „инди“ фората - момците се крајно сериозни со својата претенциозност, допирање длабочини, смисли и днa. Акцентот врз днa! Имено, сакајќи да раскажат некоја спиритуална фузија со сајфај прича без, јасно нали, ефекти, колосално се затрупуваат со една нелогична ситуација, со друга нереална човечка акција, со трета непоткована разврска... да кажеме дека ако имаше 40 заробени рудари под хаосот, на официјалниот прес ќе беа прогласени за мртви одма.

Околу приказната конкретно, без заминување во спојлери или воопшто ставање, можам само да кажам дека концептот сам по себе е клизав, и ретко кој би се снашол квалитетно, имаше доста пипави ствари кои провоцираа размислување, ама беа клише искористени, ама да бидеме фер, секој резултат на спојување религија со наука и победување на едната би бил aпсурден, дури и во филм. Глумата овојпат беше освежена со некоја љепа французкиња но страдаше од „еве-ви-убав-лик-ама-незнаеме-како-да-го-оформиме“ - па го обојиа како вегетеријанка што верува во реинкарцнација и афтерлајф и се бори за правата на црвите. Што беше кул, оти имаше топлес сцени. Младиќот во главна улога беше Џими од Boardwalk Empire, и океј беше колку што му дозволуваше сценариото. Прекрасната Брит, мултитаскерот, ја имаше само втората половина од филмот, но доволно да го однесе во минус.

Позитивни ствари... ако можат така да се наречат, боље да идам со подобрување, беа:
- Рејдиохед музика
- Значително подобрена камера. Поштено бев изненаден.
- India, and the whole change of scenery беше рефрешинг и делуеше поскапо филмот.

2.

А реално, зарем да очекуваме повеќе од режисер кој изгледа вака?
http://www.imdb.com/media/rm2603208960/nm2648685?ref_=nm_phs_md_1
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Paths of Glory-1957 Stanley Kubrick

Решив во последно време да загледам малце филмски класици, па имав неколку ремек дела на Кјубрик што никогаш не сум ги видел.

Првиот таков е Paths of Glory, воен филм, или поточно кажано анти-воен филм чие дејствие е сместено во времето на Првата светска војна во редовите на Француската армија. Филмот е базиран на роман, кој пак е наводно базиран на вистинити настани во тоа време, точно е во Француската армија во WW1 имало бунтови и имало стрелање на војници. Накратко, во филмот се раскажува за една регимента, во која по неуспешен напад на германските линии на фронтот, се бараат кривци помеѓу војниците кои ќе бидат стрелани за да бидат пример за другите војници.

Најискрено, не очекував многу од филмот иако има доста висока оцена на IMDb но бев ептен изненаден, филмот иако снимен 1957 и зборува за настани од пред 100 години е безвременски. Акцентот не е ставен на самата војна, на битки и на епски сцени, туку на човечките судбини, на тројца војници избрани по случаен избор (или по некоја друга, лична причина) и во секојдневната борба на обичниот човек со неправдата, со неспособноста на своите претпоставени (шефови, генерали, директори) прикриена со ароганција, цинизам, себепромовирање и слаткоречивост, одлично пресликана во ликовите на двата француски генерали, кои на некој начин би требало да ги имаат улогите на негативци, иако во овој филм не во класична смисла на зборот.

Во филмот главната улога и ја има и одлично ја одигрува Кирк Даглас кој глуми француски офицер кој го предоводи нападот а подоцна е бранител на војниците од неговата регимента пред воениот суд.

Со оглед дека е еден од постарите филмови на Кјубрик, ја нема големината, мистиката и атмосферата како во некои негови подоцнежни, ( Одисејата, Оринџот или Shining) но во релативно слабиот жанр на филмови за Првата светска војна, ова сигурно е најдобриот филм за тој период, а секако и еден од најдобрите (анти)воени филмови на сите времиња.

Моја оцена 8.4
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2014
Мислења
5
Поени од реакции
3
Gone Girl

Филмов го симнав со високи очекувања бидејќи сите ми го предложија да го гледам, но се разочарав. Многу е феминистички и на моменти е не реален, мене воопшто не ми се допадна. Сепак мислам дека направиле одличен избор со девојката за главната улога, одлична глума. Го препорачувам на девојки што си го полнат егото со вакви филмови.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.819
Поени од реакции
1.572
The Bone Collector

Ако сакате криминалистика и форензика филмов е за вас :) Форензичарот Линкон при една истрага останува инвалид и врзан на апарати. Во градот се појавуват серија на убиства и полицијата ќе го бара неговото мислење како најдобар во таа област. За негови очи и уши тој ќе ја постави Амелиа која ќе го пронајде првото тело и ќе направи корисни форензички анализи. Добар малку крајот ми е клише и ми фалеше стварно барем една секс сцена и онака ова толку се палеше на форензичаров :) 8/10.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
John Wick.

Само што се враќам од кино, класичен филм на брат му, му ја скрши кичмата. Го уби цел филм, не беше лоша глумата, но мислам дека веќе смешно е да се прават вакви филмови.

4/10.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.489
Поени од реакции
87.367

Одамна немав гледано филм со Дедо Клинт Иствуд, па така ова дело одлично ми легна на душава. Класичен вестерн кој ќе ве задржи два часа на столот без да кружите околу него.
Рецензијата ми се состои од само една реченица:

"Клинт со својот коњ, влага во малото градче Лаго, и во рок од 10 минути, убива тројца бандити, и има секс со една жена."

Доволно беше, останува на вас изборот дали ќе го гледате филмов

Моја оценка 8/10
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.760
Поени од реакции
22.786
Infiltrate the dealers, find the supplier. Infiltrate the…
Предупредување – Можно е да наидете на спојлери ако го немате гледано првиот дел.

Еден од поретките филмови во кој продолжението е подобро од неговиот претходник. “22 Jump Street” ја продолжува приказната од првиот дел (21 Jump Street – рецензијата прочитајте ја овде). Како што беше најавено во истиот, сега Џенко (Channing Tatum) и Шмит (Jonah Hill) сега се наоѓаат на тајна задача во колеџ. Повторно се појавува нова опасна дрога со која тие треба да се справат…



Филмот повторно започнува кога тие се на обична задача, следејќи една банда, преправајќи се дека сакаат да купат нешто од нив. Но кога ќе ги препознаат дека се полицајци, работите стануваат лоши и тие одвај спасуваат жива глава, а камоли пак да ги фатат криминалците. Како главен криминалец се јавува The Ghost (Peter Stormare), кој ќе го видите и нешто подоцна.



Кога ќе дознаат за нивниот неуспех, тие повторно ќе бидат префрлени на иста мисија како претходниот пат. Само две нешта се различни – сега “канцеларијата” не се наоѓа во Корејската црква на 21 Jump Street, туку во Виетнамска црква на 22 Jump street и тие сега одат во тајна мисија во колеџ, наместо во средна школа.



Повторно улогите се изменети, сега Џенко е тој којшто наоѓа повеќе пријатели, а Шмит останува сосем сам, се додека не се зближи со Маја (Amber Stevens). Еден од поинтересните моменти е кога ги запознаете родителите на Маја. Дејството повторно нагло се интензивира и филмот добива на акција.



И овој дел ќе го задржи Вашето внимание со добрите шеги, добриот хумор и акција, па нема ни да забележите кога ќе поминат скоро 2 часа. Одличен филм за опуштање, особено ако ви се допадна првиот дел. Моја препорака, а ќе бидеме во исчекување на наредното продолжение на Jump Street.Преземено од filmskirecenzii.com
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Gone Girl



Го погледнав и новото дело на Финчер кој го снимил според истоимената новела на Гилијан Флајн, Gone Girl.

Филмот е снимен според книга која ја немам читано, и немам намера кога го погледнав филмот. 5.06.2012 година, денот кога Ник и Ејми слават 5 години од својат брак, додека Ник со својата сестра седи во сопствениот бар и играјќи некоја игра добива повик од својот сосед кој веројатно му соопштува дека неговата мачка е надвор, тој се враќа дома ја внесува внатре мачката и забележува искршена маса и дека неговата Ејми ја нема дома. Повикува полиција и неговата куќа се истражува детално, тој во скоро време ќе стане човек кој нон-стоп ќе биде на тв екраните, насловни на весници и слично, или со еден збор ќе биде центар пажња у цела америка.

Со својот однос, медиумите и полицијата Ник веќе го сметаат за „убиец„ на својата сопруга Ејми. Не сакам повеќе да зборувам за содржината, внимавајќи да не ве спојлерисам.

Глумата беше одлична и од Афлек и од Росмунд и од сите останати, режијата истотака, а морам да го споменам и крајот, перфекција, ми се допадна, како беше склопен и прикажан од Финчер. Дело кое мора да го погледнете, дефинитивно филм кој мора да земе многу награди, кои ги заслужува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom