КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
Конечно нова тема каде ќе ги сместиме:
1.Еден од нај карактеристичните "истражувачи" е Британецот Вилијам Хоуп(1866-1936). Ја стекнал славата поради неговите слики направени со стар фото апарат, на кои можеме да видиме сенки и чудни облици. Пред да продолжиме, морам да напоменам дека неговите слики биле измама. За неговите слики, тој користел само дим, огледала и неговите сенки. Нема некоја посебна приказна за него, освен оваа погоре. Денес, не можеме да го почитуваме поради неговите "паранормални" откритија, туку дека тогаш, со своите способности, успеал да го измами светот и како еден од пионерите на фотографијата.
2.Следни на мојата листа се The Independent Investigations Group(IIG). Оформени во 2000та година во Холивуд, но денес оперира низ цела Америка. Една од најголемите организации со ваква намена, а нивниот водач Џим Андердаун можеме да го видиме на бројни манифестации, дискусии и конференции низ земјата. IIG ја одвојувам од стрикно "ловџиски" здруженија, бидејќи нивната цел е да ги откријат чудните моќи и способности на луѓето. Луѓето доаѓаат, демонстрираат и добиваат награда од 100.000$. Како и да е, да се стигне до тие пари е многу тешко. Типичен пример е видеово, каде Анита Иконен тврди дека има некаква моќ. Во случајов, пробува да погоди дали фали внатрешен орган.
3. Продолжуваме со направи кои се користат за истражување на надприродни сили или нашки кажано, духови. EMF(направа за мерење наелектромагнетно поле) е една од најчестите алатки што скоро секој "ловџија" би требало да ја има. Не се знае зошто е толку важна, некој вика дека силите емитираат електромагнетна радијација, а другите веруваат дека ја нарушува околната средина со електромагнетното поле. Не е битно кое е точно, битно е дека сите заедници потврдуваат дека функционира. Очигледно, EMF има и проблеми. При нивно користење, само се покажува дека има присуство на нешто надприродно, но не и нивната локација. Тогаш, истражувачите се водат по иглата што осцилира, ја земаат камерата и се надеваат на најдоброто.
4. Конечно вистински истражувач-Морис Грос(1919-2006). Имено, успешен инжињер и учесник во втора светска војна. Океј, не здоболе нас, битно е дека влегол во светот на паранормалното во 1976, кога неговата ќерка починала во сообраќајка. Грос почнал да приметува чудни настани и се придружил на паранормална заедница. По само една година од неговото започнување, тој се умешал во едно од најбизарните случаи. Enfield Poltergeist Case бил толку комплициран што траел со месеци. Поставени биле камери кои го снимале секое движење, од чукање на врати, до мрдање на предмети. Најчудниот дел од овој случај е што надприродниот глас бил на старец заробен во 11 годишно девојче кое било во фокусот на настаните. Грос бил толку фасциниран од овој глас што нудел 1000$ на оној кој ќе му го измитира. Токму овој случај го направи Грос паранормален "селебрити". Останал почитуван и запаметен од сите се до неговата смрт.
Следно ќе поставам и домашни примери на снимен EVP.
БОНУС:
Дефинитивно нема јаже.
- Сите некогашни и сегашни истражувачи на надприродни сили, појави и случувања.
- Направи кои се користат за откривање на истите.
- Не толку познати, но интересни настани.
- Снимено EVP(Electronic voice phenomenon).
- Различни експерименти.
- Докази.
- Интересни слики и видеа.