Паранормално истражување (истражувачи, направи, EVP снимки)

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Конечно нова тема каде ќе ги сместиме:
  • Сите некогашни и сегашни истражувачи на надприродни сили, појави и случувања.
  • Направи кои се користат за откривање на истите.
  • Не толку познати, но интересни настани.
  • Снимено EVP(Electronic voice phenomenon).
  • Различни експерименти.
  • Докази.
  • Интересни слики и видеа.

1.Еден од нај карактеристичните "истражувачи" е Британецот Вилијам Хоуп(1866-1936). Ја стекнал славата поради неговите слики направени со стар фото апарат, на кои можеме да видиме сенки и чудни облици. Пред да продолжиме, морам да напоменам дека неговите слики биле измама. За неговите слики, тој користел само дим, огледала и неговите сенки. Нема некоја посебна приказна за него, освен оваа погоре. Денес, не можеме да го почитуваме поради неговите "паранормални" откритија, туку дека тогаш, со своите способности, успеал да го измами светот и како еден од пионерите на фотографијата.








2.Следни на мојата листа се The Independent Investigations Group(IIG). Оформени во 2000та година во Холивуд, но денес оперира низ цела Америка. Една од најголемите организации со ваква намена, а нивниот водач Џим Андердаун можеме да го видиме на бројни манифестации, дискусии и конференции низ земјата. IIG ја одвојувам од стрикно "ловџиски" здруженија, бидејќи нивната цел е да ги откријат чудните моќи и способности на луѓето. Луѓето доаѓаат, демонстрираат и добиваат награда од 100.000$. Како и да е, да се стигне до тие пари е многу тешко. Типичен пример е видеово, каде Анита Иконен тврди дека има некаква моќ. Во случајов, пробува да погоди дали фали внатрешен орган.



3. Продолжуваме со направи кои се користат за истражување на надприродни сили или нашки кажано, духови. EMF(направа за мерење наелектромагнетно поле) е една од најчестите алатки што скоро секој "ловџија" би требало да ја има. Не се знае зошто е толку важна, некој вика дека силите емитираат електромагнетна радијација, а другите веруваат дека ја нарушува околната средина со електромагнетното поле. Не е битно кое е точно, битно е дека сите заедници потврдуваат дека функционира. Очигледно, EMF има и проблеми. При нивно користење, само се покажува дека има присуство на нешто надприродно, но не и нивната локација. Тогаш, истражувачите се водат по иглата што осцилира, ја земаат камерата и се надеваат на најдоброто.








4. Конечно вистински истражувач-Морис Грос(1919-2006). Имено, успешен инжињер и учесник во втора светска војна. Океј, не здоболе нас, битно е дека влегол во светот на паранормалното во 1976, кога неговата ќерка починала во сообраќајка. Грос почнал да приметува чудни настани и се придружил на паранормална заедница. По само една година од неговото започнување, тој се умешал во едно од најбизарните случаи. Enfield Poltergeist Case бил толку комплициран што траел со месеци. Поставени биле камери кои го снимале секое движење, од чукање на врати, до мрдање на предмети. Најчудниот дел од овој случај е што надприродниот глас бил на старец заробен во 11 годишно девојче кое било во фокусот на настаните. Грос бил толку фасциниран од овој глас што нудел 1000$ на оној кој ќе му го измитира. Токму овој случај го направи Грос паранормален "селебрити". Останал почитуван и запаметен од сите се до неговата смрт.






Следно ќе поставам и домашни примери на снимен EVP.

БОНУС:
Дефинитивно нема јаже.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Другар му пишал на чат на овај исцелител му рекол,добро иване све си ти благословен бла бла праиш магии ама како шишево успеа да ти лета ? - и овај му одговори 2 кила ракија и све лета.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Ноќта, 19ти према 20ти февруари, Џејмс од Северна Каролина сними EVK(Electronic voice phenomenon). Во малото градче Хикори, поточно во периферијата, во една од куќите. Еве го видеото. Ќе чуете нејасни звуци и некој тивок глас во позадина, ништо страшно. :D
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Медиумшип е феномен каде блиските надприродни сили манипулираат со енергиите и субстанците на еден медиум, човек, и формираат гласови или физички промени со што силата зборува помеѓу нивниот и нашиот свет.


Во Нов Зеланд, 2008. Може да се види бела светлина фатена со инфраред камера.



 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
32
Поени од реакции
19
Има ли во нашава Македонија такви друштва ? Коилку што знам нема. Јас си направив ЕМФ детектор.Сега спремам параболичен микрофон а во исто време правам и ултра звучен аудио приоемник кој фаќа звуци на 10 метри. Ова е мојот EMF Метар https://www.facebook.com/photo.php?fbid=158265077653943&set=a.158265050987279.37173.100004113543301&type=3&theater има вградено и аудио засилувач за да слушаш што детектираш ако има звучни бранови на таа фрекванција можеш и да ги слушнеш. или пак да ставиш и снимач на тој излез за слушалки.[DOUBLEPOST=1396776543][/DOUBLEPOST]Фала му на Бога за ваква тема и за ваков интерест околу паранормалното. Јас имам многу искуства околу ова еден куп сведоштва исто а ЕМФ метарот сигурно работи зашто кога се молев во тие тешки часови само што ја доближив раката на него стрелката полуде од Божјата присутност.Вој инструмент не кошта повеке од 200денари се да купите само треба некој да го испечати колото на плочката-(штампата-водовите кај што ке се лемат елементите-деловите) еве ја и шемата за него
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=158266840987100&set=a.158265050987279.37173.100004113543301&type=3&permPage=1
 
Последно уредено:

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Има ли во нашава Македонија такви друштва ? Коилку што знам нема. Јас си направив ЕМФ детектор.Сега спремам параболичен микрофон а во исто време правам и ултра звучен аудио приоемник кој фаќа звуци на 10 метри. Ова е мојот EMF Метар https://www.facebook.com/photo.php?fbid=158265077653943&set=a.158265050987279.37173.100004113543301&type=3&theater има вградено и аудио засилувач за да слушаш што детектираш ако има звучни бранови на таа фрекванција можеш и да ги слушнеш. или пак да ставиш и снимач на тој излез за слушалки.
Има нешто вакво. Ако сакаш ризик, бесплатно ти доаѓаат. Еве ја и нивната фејсбук страна, иако не се активни таму.

Имаш нешто снимено до сега или планираш?
 
Член од
27 февруари 2009
Мислења
32
Поени од реакции
19
Благодарам ке правам ама понатаму многу работа имам на терен поправам телевизори и плус на работа истото но во слободно време полека полека ги склопувам уредите.Штом добијам нешто ке објавам.;). има ли некаде да се најде за пари само еднаметална параболична чинија со радиус од 30до 40 см? инаку можеме да искористиме од антена од тв оние старите што личеа на сателистски антени турски мислам беа надворешни антени со рибина коска во средината на нив пишиваше ЧАНАК. Таа ке ми заврши работа. Еве линк
http://www.solorb.com/elect/misc/bige/ овој јас го имам направено. Има две микрофона стерео е.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Вилијам Кукс е човек што го направил моето омилено паранормално истражување поточно се занимавал со Спиритуализам така и е крстен феноменот. Значи тоа биле групни сеанси каде успевале да снимат излегување ектоплазма поточно душа од човекот. Најпозната воедно и маскота на феноменот е жената Флоренс Кук која свесно ја вадела својата ектоплазма (душа) која се згуснувала и формирала човечки ликови и најинтересно е тоа што во секоја различна форма имала и различно однесување што докажува на тоа дека имаме минати животи и дека постојат духови поточно души.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
За мене е еден од нај интересните случаи. Санаториумот Ваверли Хилс. 63.000 души умрено, минимум 1 човек дневно. Изграден е тунел за дискретно пренесување на мртвите тела, за да се одржи моралот на живите. Мета на многу истражувања. Дел од нив на долниот линк:
Повелете

 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Guglielmo Marconi, Nikola Tesla и Thomas Edison успеале да создадат уред со кој гласовно ке снимаат духови. Поради примитивната технологија во тоа време снимените гласови биле нејасни. Они се тројцата први и најзначајни кои направиле истражување при кое ке снимат паранормални звуци. Од нив па наваму направени се многу други пософистицирани уреди со кои ке се овозможи снимање на паранормални звуци некаде и конкретно духови. Научниците оделе толку далеку до степен што еден од нив ветил дека ке направи уред со кои ке биде возможна двосмерна комуникација со духови. Најсовремените направи за снимање духови можеле да снимаат и звучно и температурно.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
60
Поени од реакции
38
Вилијам Кукс е човек што го направил моето омилено паранормално истражување поточно се занимавал со Спиритуализам така и е крстен феноменот. Значи тоа биле групни сеанси каде успевале да снимат излегување ектоплазма поточно душа од човекот. Најпозната воедно и маскота на феноменот е жената Флоренс Кук која свесно ја вадела својата ектоплазма (душа) која се згуснувала и формирала човечки ликови и најинтересно е тоа што во секоја различна форма имала и различно однесување што докажува на тоа дека имаме минати животи и дека постојат духови поточно души.
Moze nekoj link vo vrska so ova?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Чекај бе?Од каде духови телесна темпрература?Нели се умрени?
Вакви работи и слични на нив како деца ги нарекувавме бабини деветини.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom