Може да има минимален ефект. Од друга страна дај објасни ми го овој општонароден повик за изразување револт за можно воведување на државен испит за идни студенти?
Ќе има ефект врз џебовите на студентите и нивните родители
Еве нека го направат да биде бесплатно?
Кога веќе предложија глуп закон, нека биде глуп до крај.
Од нивната глупост ќар имаат само они, и тоа исклучиво финански ќар. Додуша и така и доаѓа крајот на нашава држава, па нека соберат уште некој денар, пред и официјално да ја продадат и да си живеат со нашите пари на Хавајските острови мадам, додека ние што не сме успеале да избегаме некаде, ќе не масакрираат и ќе не гниеме во масовни гробници
Што уште треба да напишам за да ти го објаснам револтот кај граѓаните?
Еве јас не сум студент, па толку сум револтиран што да ми се тука политичариве, еден по еден би ги секцирал како жаби.
Кај немаа доблест да излезат легитимно и да се соочат со барањата на студентите, туку и ја употребија нивната позната стратегија, да не работат како мали деца со веќе видени сценарија (вмешување на опозицијата, инфилтрирање кадри од УМС за да покажат дека демек нема ништо лошо во испитиве итн).
Искрено утробава ми се преврти кога го видов премиерот прееска со цинична насмевка како вика нека не се крие опозицијата зад децава, нека излезат на митинзи како мажи
![Браво :bravobe: :bravobe:](/styles/default/xenforo/emot/bravo.gif)
Алооооооооооооооооооооооооооооо?????[DOUBLEPOST=1418053843][/DOUBLEPOST]
Аман бе, уште не сфативте!?
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Не е целта да те заебат, да те фатат во незнаење и да ти го отежнат полагањето на испитот, туку да те натераат да научиш барем нешто, пред да земеш диплома. Да имаш колку-толку познавање од струката, да не бидеш дрво.
Испитот не може комплетно да го промени и подобри образованието, но може минимално да придонесе кон негово подобрување, со тоа што студентите ќе имаат барем минимални познавања од материјалот. Пошто, претходно немале никакви познавања, сега ќе имаат минимални.
Испитот ќе се полага електронски, на компјутер. Прашањата ќе се добиваат рандом, компјутерски избрани. Резултатите ги добиваш веднаш, на лице место, откако ќе го завршиш тестот.
Абе шефе, објасни ми како ќе те натера да учиш АКО ОДНАПРЕД ГИ ИМАШ ПРАШЊАТА?
Како ќе те натера да учиш ако испитот ГО ПОЛАГАШ КОЛКУ ПАТИ САКАШ НА ИСТИТЕ ПРАШАЊА?
Како ќе те натера да учиш КОГА НИКОЈ НЕМА ДА СЕ ЗАМАРА ДА ТЕ ЧУВА ДУРИ ПОЛАГАШ И ЌЕ СИ ПРЕПИШЕШ ЛАГАНО ПОШТО ВЕЌЕ ГИ ИМАШ ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊАТА?
Ќе ме натера да учам, ако испитите се реални и професорите нема да мижат кога децата за кои им е јавено од партија или од други места ќе си препишуваат или воопшто нема да доаѓаат на испити па ќе положуваат со десетка. Ќе ме натера да учам ако ги затвори сите факултети кои ги отворија и кои се преполни со НЕСООДВЕТЕН КАДАР и ретардирани студенти.
Ќе ме натера да учам ако книгите не ми се на ФАКИНГ РУСКИ и на црковно-словенски, туку кога учам од соодветно преведена Македонска литература, а не на литература која ја превел ојле-дојле што завршил на филолошки и не знае никаква терминологија од тоа што преведува па си превел како му дошло.
Ќе ме натера да учам кога професорите нема да предаваат од проектори. А професорите не се трудат ИСКЛУЧИВО заради состојбата во образованието и начинот на кој е вреднувана нивната работа во општеството, нешто што отиде во курац откако партиите ја превземаа автономијата на универзитетот Кирил и Методиј.
Ќе ме натера да учам кога ќе ја сменат целата програма, ама не со воведувањето на Кембриџ дебилска програма за основоци, туку со своја направена програма која би имала многу повеќе практична настава.
И што е најважно ќе ме натера да учам кога ќе знам дека со добиената диплома ќе можам да најдам соодетна работа, а не да си го бришам гзот со истата.
Го донесоа факултетот до дереџе на курс по Англиски јазик за петтодделенци и вредноста на еден дипломиран студент со отварањето на илјадници факултети ја сведоа на тоа 90% од дипломираните да бидат кадар кој е несоодветен за ниедна работа (што по нивна вина, што по вина на целиот образовен систем) . Се осеќам ретардиран ако кажам дека сум дипломирал, а луѓево овде слават цели денови дипломски. Дури и сега кога ќе магистрирам не се чувствувам дека сум постигнал апсолутно ништо, иако сум потрошил часови за учење колку сите студенти од една генерација на сите приватни факултети, сите факултети кои ги отворија со дисперзирани студии, факултети од УКИМ (нема да набројувам да не се навредат некои), ЗАЕДНО...
Порано било чест да кажеш дека си Академски граѓанин, сега некој куртон што лепи плакати ќе ти се прсне од смеење во фаца затоа што зема 1000 евра плата, додека ти времето за кое си требало да стекнеш некакво работно искуство (пошто за секоја работа бараат работно искуство) си го потрошил на безвредно учење.
И ти после се, сакаш да ми кажеш дека ова државно испит СРАЊЕ ќе го подобри ОБРАЗОВАНИЕТО??????????????????????