Мислев на опциите од типот чума, сида, цунами, Хитлер.....
Или да бидам уште попрецизен, на опциите или особините како: Гнев, Љубомора, Завист, Садизам и слично. Тие очигледно постојат, ако Бог ги смета за непотребни, зли, погрешни, зошто ги допуштил? Нели е сезнаен? Нели е семоќен? Ако ги допуштил затоа што служат на некоја цел, тогаш на кој начин се непотребни, зли, погрешни?
П.С. Одговорот - Тие не постојат поради Бог туку поради (наведи било која причина), не го решава апсурдот, бидејќи ако постои било што кое Бог не го знаел, не го допуштил или не бил способен да го спречи, тогаш тој не е апсолутно битие, не е Господ.