Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.307
- Поени од реакции
- 12.298
Ете го моето мислење...@Хептаграм XI , сакам да го чујам и твоето мислење.
Мислам дека целата работа околу сказната за Голем е да се прикаже моќта на еврејските букви, тората и кабалата - пишаниот збор на евреите.
Бидејќи според учењата на евреите, секоја од нивните букви е едно скалило на моќ кое може да се комбинира со секое друго. Една буква е 1000 страници.
Зарем богот не го создал светот земајќи буква по буква?
Што и да напишеш со еврејските букви и ако знаеш што пишуваш - тоа се моќни формули - според кабалата.
Кабалата е полна со такви формули.
Ете אמת = Вистина (Што било запишано на челото на Голем. Зошто на челото?) и има бројна вредност 441=9 или Воздух Вода и Земја. Го нема огнот тука, духот. Затоа Голем е несовршен, непотполн, автомат...
Алеф е воздух. Тргни го алеф и Голем ќе нема воздух и разум за да постои - ќе стане смрт.
Тргни го Меим ќе остане Алеф Тав а тоа е... ќе барате по нет, бидејќи тоа е големиот океан на инфо, нели.
Такви се тие работи околу кабалата...
Глупо е прашањето дали кабалистите се обидуваат да создадат Голем. Еден кабалист се обидува само да го разбере божественото и да биде едно со истото.
Другото е само станици.
Кабалата е поврзана со божественото. Инаку не е функционална.
Можеби некој го создал Голем или го создава заради некоја негова голема причина, како што богот го создал Адам пред да му го даде огнот во него, и Адам или Алеф Далет Меим = 45 =9 бил Голем исто така.Тргни го Алеф, воздухот од Адам и ете ти Далет Меим или Крв.
„Јас сум Живот, и дарител на Живот, но сепак спознавањето на мене е спознавање на смртта.“ - Liber AL, II:6
Ако постои барем еден Голем, ќе постои големиот доказ дека кабалата е патот кон разбирање на создавањето.
П.С.
Не знам дали зад секој кабалист стои по еден Голем, искрено