Македонија ќе добие нов државен грб

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
10520684_965627450131893_2045458495833469297_n.jpg
 
Сметам дека одамна требаше Македонија да има национален симбол на грб или знаме.* Поени за власта, во мои очи.
Нема да цепидлачам за дизајнот или инверзијата на боите.
Нормална работа е ова. Сите балкански земји имаат национални обележја на грбот и/или знамето.

Следен е вентилаторон на Грчев.

* рака на срце, имаше едно кратко време, на знамето
 
АЛФА ексклузивно: Македонија ќе добие нов државен грб – еве како ќе изгледа
Македонија ќе добие нов државен грб. Црвен разгневен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел. Ова е предлогот за кој во моментов расправа Владата, ексклузивно дознава Алфа.
05.12.2014 18:05:36
Share on facebookShare on twitterShare on emailShare on printMore Sharing Services0
GRB_05_12_201412517464.jpg

Македонија ќе добие нов државен грб. Црвен разгневен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел. Ова е предлогот за кој во моментов расправа Владата, ексклузивно дознава Алфа. За да се промени симболот потребна е измена на Уставот односно двотретинско и бадентерово мнозинство, кое според нашите извори, веќе е договорено меѓу коалициските партнери.

Причините, кои се образложени во предлогот, се враќање кон историските симболи. Македонија и Белорусија биле единствените земји во Европа кои се уште користат амблеми инспирирани од советска хералдика.

„Сегашниот грб на Република Македонија е во целост дизајниран според грбот на Советскиот Сојуз, според кој беа дизајнирани и грбовите на сите Советски Републики... Задолжителните елементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, го симболизираа ‘посветлото опшество на комунизмот’ до кое се доаѓа преку трудот на работничката класа и земјоделците“ стои во предлогот.
Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Златно - жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.

„Со тоа се цели да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата... Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори“ стои во предлогот.

Ова би била втора, овој пат подрастична промена на државниот грб. Првата во 2009-та само ја отстрани црвената петокрака, но во најголем дел го задржа изгледот утврден уште во времето на Југославија.

Никола Крстиќ

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=86195#.VIHpP_l5OSo

Ова ќе биде новиот грб на Република Македонија
МАКЕДОНИЈА | 05.12.2014 18:10
grb.jpg

Ова е предлогот за новиот грб на Република Македонија, кој вечерва треба да биде усвоен на владина седница, објави „Дневник“.

Според сознанијата на весникот, согласност за грбот со црвен лав дале сите партии кои имаат свои министри во
Владата.

http://republika.mk/?p=355602



Незнам само зошто е црвен лав на жолто а не обратно.


Џизс факинг крајст...

отидовме у курац...
 
Еве уште еден предлог, зошто воопшто се бара нов дизајн, зошто не се прифати предлогот за грб дизајниран од Грчев, жолтиот лав секогаш меѓу народот бил повеќе прифатен како национален симбол, за овој новиот предлог со црвениот лав ќе треба добро да им се објасни на луѓето зошто е предложен, а според мене треба да отиде и на референдум, да не биде и оваа гарнитура како една друга да ги менува националните симболи наеднаш и без никаква дискусија.
 
Мора од некаде пари да се извлечат за администрацијата :)

Де бе луѓе, пред 5-6 години се смени грбот. Документите се менуваат откако ќе истече нивниот рок на важење.
Од ова сигурно нема да се влечат пари за администрација.

Јас разбирам да се спорат работи, ама да се ќења за се и сешто не. Не гледам како ставање на национален симбол како грб е негативна работа. Ова е само позитивно и ништо друго.
Одлуката како одлука си е петка.
Без навлагање во други аспекти на работата на владата и така натаму.

Само "Македончето" може само себе да се омаловажува за се и сешто.
Да несака да го користи лавот кој е македонски симбол од Александар па до Илинденците.

Затоа и не не бива. Со робовски менталитет, свиткана кичма, што ќе кажеле соседите (кои патем цели држави изградија врз повикување на историја).
Се напаѓа власта за потег кој е одличен, а не се напаѓа за она што вистински треба.

Има што многу да се каже за проблемите на македонецот со самиот себе, ама ајде..
 
Неоспорен е фактот дека како нација имаме неразделна поврзаност со лавот како симбол. Но скептик сум во тоа дека "променувачиве" повторно го воведоа од чист патриотизам.

Искрено сметам дека се партиски причини во прашање и големиот нивни апетит за се да биди извмровизирано. И стварно не ја гледам потребата од промена на досегашниот.

А и колоритот е доста сомнителен, знаеќи го фактот за досегашните аспирации на почитуваната владеачка партија.

Поздрав! И ја поддржуваме кампањата!
 
Ќе најдат они секаков разлог што повеќе пари да присоберат од граѓаните, пред две-три години менувавме пасоши и лични карти, сега ајде на ново се ќе вадиме, удри по глупиот народ, се додека си ќути нека дерат.
Ги гледам регистрациските таблички од оние новите цели излитени изгорени од сонце не се препознаваат ни градовите ни сината боја ни ништо, не траеја ни 2 години, и ден денес се возат коли регистрирани со буква А и немаат гајле. Го одраа народот и со тоа и плус не трае, сега нема да се препознаваат пак луѓето ќе купуваат други таблички. Нема крај на лоповите.
 
Последно уредено:
Сегашнава гарнитура прилично успешно направи смешка од државава и е најголемиот виновник што и историските и традиционални вредности му се дојдени преку глава на секој обичен граѓанин, со нивното постојано форсирање, а од друга страна тешко глумење на патриотизам на форсирачиве. Кониг наведе една поента со воинот на коњ и татко му, каде од една страна дотичниве сакаат да ја истераат својата идеја за антиката и глумат недопирливи, а од друга страна ако им подвикне соседот за некоја од идеите ја виткаат опашката и ја редуцираат малку планираната идеја, како со името на горенаведеното обележје.
Со секоја должна почит кон хералдичарите и сите што сметаат дека време беше нов грб да се направи, во период кога се изградија миљарда лавови, а моменталниве лавчиња (со најмали букви) секојдневно го ебат простиот граѓанин во здрав мозок со разноразни кампањи, пропаганди и комични потези што ни на стрип не се напишани, мене не ми е прифатлив овој нов можен грб. Мене веќе подолг период ми предизвикува нагон за повраќање секој симбол со лав што ќе го видам. Стариот грб колку сака нека е посоцијалистички, комунистички или сатанистички, ќе ми биде поприфатлив него новиов шит кој е со тотално партиска позадина. Кој се излажал во спротивното, за арно нека е.
 
Наместо да мрчите за други работи кои не се ОК во државата се фативте за грбот кој е МАКЕДОНСКИ! НЕ Е ПАРТИСКИ СИМБОЛ!
Толку од мене.
Тој грб требаше уште 1991 да се донесе.
 
Не ми е јасно како на некои ова им е партиски грб, а овој сега што го имаме не е? Поставен од комунистите од КПЈ и тој не бил партиски, побогу до пред некоја година бевме со петокраката уште и после се вреѓаме кога ќе не пишуваат секаде FYROM. Мислам дека луѓаво треба да разграничат помеѓу ВМРО и ДМПНЕ. Тоа што оваа партија го носи името ВМРО и го прља не значи дека сите треба да го плукаат. Плукајте го ДПМНЕ, затоа што тоа е името на партијата. Пред 110-120 години луѓе гинеле за да го зачуваат името и организацијата, за некои сега курташак да си праат. И уште нешто офф-топик за тоа колку луѓево не размислуваат. 23 октомври е денот на Македонската револуционерна борба, денот кога се основало ВМРО-организацијата, НЕ ПАРТИЈАТА ДПМНЕ !!!!! Не е тоа ден кога се слави партијата. Како што 11 октомври е ден кога се слави Македонското народно востание, ова е ден кога се слави денот на Македонската револуционерна борба. РАЗГРАНИЧЕТЕ ПОМЕЃУ ВМРО И ДПМНЕ !!!!!
 
Супер изгледа пасошот.
Што се однесува до п0опширна дискусија. Многу добро знаеме дека не сме созреани за такво нешто (нездраво политичко ривалство, етнички заедници и др) така што во моментов ова е најдобриот ако не и единствениот начин за промената која требаше многу поодамна да се случи.
За тоа дека е партиски симбол само можам да кажам дека една партија 1991 верувала во Македонија и затоа ги употребува македонските симболи. Додека другата партија веруваше во Југославија и затоа продолжи со употребата на југословенските и комунистики симболи. Нели беше трагично што 16 кракото сонце и знамето кое со милениуми било симбол на македонската територија истите тие ју носталгичари не го сакаа и буквално самите го поклонија да биде симбол на една партија. Истото го прават и со лавот. Тоа е равно на политичко самоубиство, на немање визија и на отфрлање на сопствената историја. Јас се надевам дека тие политички структури после толку години разбраа дека деструктивниот однос кон македонската историја носи само порази и дека без разлика на која страна им чука срцето чисто од рационални причини ќе ги прифатат македонските симболи.
 
Кониг наведе една поента со воинот на коњ и татко му, каде од една страна дотичниве сакаат да ја истераат својата идеја за антиката и глумат недопирливи, а од друга страна ако им подвикне соседот за некоја од идеите ја виткаат опашката и ја редуцираат малку планираната идеја, како со името на горенаведеното обележје.
Ја мислам дека е чесно, кога веќе запнале да носат државен грб со лав кој не е жолт, да му објаснат на народот: Слушајте луѓе, дека треба нов хералдички грб, треба. Ние (ДПМНЕ и ДУИ) не можевме да најдеме компромис поинаков од овој: грбот на Александар Македонски или познат и како Leka i Madh кај Албанците, кои они го сметаат за нивен оти мајка му била Илирка. Значи вака сега ќе имаме грб кој подеднакво ќе е и македонски и албански. Прифаќате? Може да ја тераме работава и да добиеме поддршка од вас народот, оти еве во овие 8 години еднаш се одваживме да ве прашаме дали може или не може?

Ама неее, они глумат патриоти, па сега дури и ќе се фалат дека ги надитриле ДУИ и ставиле лав за грб, ќе билдаат популарност на една обична измама, а во исто време и ДУИ ќе ѝм објасни на своите дека тоа е всушност грбот на Лека, а не средновековниот жолт лав кој по грбовниците стои веднаш до црвениот бугарски.
 
Требаше само ова да го вратат( нормално во подобрена верзија), не знам зошто инверзија на боите направија.
И на знамето е така жолто сонце на црвена подлога.
640px-Coat_of_arms_of_Macedonia_1620.jpg


Инаку мило ми е што го сменија смешнот грб и што лавот конечно ќе се врати на местото зошто низ историјата најмногу е употребуван.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom