Pro Femmina
Профеминче
- Член од
- 7 мај 2014
- Мислења
- 116
- Поени од реакции
- 133
Темата можеше да носи наслов атеистичка етика. Меѓутоа вака повеќе одговара на елаборирањето зошто атеизмот е морално супериорен. Додека атеист(к)ите се соочени со одговарање на прашањето како може да бидат морални без реалигиозност и бог , јас направив листа од 10 причини што се нерелигиозни и морално супериорни од религиозните фундаменталисти. Листата не е конечна може и вие да ја дополнувате, но поентата е да ја покажеме нашата атеистичка морална супериорност кон религијата, верата и бог.
1.Никаков бог не ми кажува да ја мразам геј популација, ниту јас имам лично причина да ги мразам. Всушност ако хомосексуалците се љубат и сакаат да склопуваат бракови тоа значи повеќе права за нив и повеќе демократски капацитет за опшеството. Зошто би ја забраниле љубовта заоснована на ист пол?
2.Никаков бог не ми кажува дека жените се инфериорни спрема мажите и кон нас треба да се однесуваат кон предмет и да не објективизираат , стереотипизираат. Јас како родена атеистка сум еднаква со мажите.
3. Никаков бог мене не ми кажува да се молам наместо да побарам соодветна медицинска помош кога сум болна. Јас верувам во медицина и наука. Верувам дека жената има право да одлучи што ќе прави со нејзиното тело. Ова иде отаде слоганот жените се еднакви затоа што верувам дека е глупо некој брадест старец на небото кој никогаш нема да го запознаам да одлучува што јас смеам или не смеам да правам со моето сопствено тело.
4. Никаков бог не ме учи да ги мразам луѓето кои веруваат во друг бог или го обожуваат истиот бог на различен начин.
5.Ниту еден бог не ме учи дека морам да бидам плодна и да се размножувам затоа што тоа ми е обврска кон верата и да ми забранува да имам секс од задоволство при тоа учејќи ме дека само сексот помеѓу венчани маж и жена е во ред и да ми цензурира какво било сексуално задоволство надвор од бракот.
6.Ниту еден бог не ме учи да го мразам различниот од мене . Јас ја имам слобода да го гледам секого како еднаков со мене, само во различно пакување. Нема потреба од расизам.
7. Никаков бог на мене или на било кој атеист од почетокот на човечката историја не ни кажал да се започне војна и крвопролевање врз трета земја само затоа што тамошното население верува во "погрешен бог". Како нерелигиозна личност немам потреба да подржувам војни што биле правдани со некое наводно древно пророштво.
8.Ниту еден бог мене не ми ветува девици и рајски задгробен живот така што не морам да врзувам бомба околу појасот и да се разнесувм на јавни места убивајќи невини луѓе.
9.Ниту еден бог не ми дал отворени ветувања што никогаш нема да се остварат како на пр. армагедон или вечен рај.
10.Никаков и ниту еден бог не ми ветил вечен живот , така што разбирам дека живото е битен и јас сум битна овде и сега. Го живеам животот најдобро што можам и го ценам животот на другите од истите причини.
Продолжете додадете свои причини ...