Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Значи сите гледаме дека од меркава нема никаква корист.И јас мислам дека сите ќе положат,дека е дебилно да дадат однапред прашања,ќе биде бетер од екстерново во средно и основно ако знаеш какво е.Убаво рече еден член тука,мислам беше @Chemical Angel ако сакате да не се воведе екстерното треба вие да дадете предлози како би го подобриле високото образование
Сепак е подобро од ништо. Ако ништо друго барем ќе го повториш материјалот, колку-толку. Ќе се подсетиш на нешто.
Ќе даваат по околу 50-100 прашања од испит (одговорени). А на испит ќе се паѓаат по 5 прашања од испит. Пример, ако имаш 10 предмети за полагање, ќе треба 1000 прашања да учиш, од нив 50 ќе ти се паднат на државниот испит.

Иако се со ДА и НЕ, сепак треба малку да седнеш да читнеш нешто, да научиш, да се подсетиш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.877
Поени од реакции
12.409
Ова слично како со екстерното во средните школи. Непотребно, бескорисно и со промашена поента ама си прават што сакаат. Диктатори не им се рамни. А завршиле високо кој албанија, кој штул, кој... и сите од ред се без екстерно. И супербогатите во Македонија се без екстерно и политичарите и успешните стопани. Да не се вработат побрзо случајно или ќе развијат поголеми практични вештини на работа...на која работа е прашање.

За подобрување на високото образование, тоа е друго. За тоа веројатно треба цела тема, а овие екстерни не се заради подобрување во секој случај. Затоа што пред се треба да се запрашаме за што служи високото образование, која му е намената.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Сепак е подобро од ништо. Ако ништо друго барем ќе го повториш материјалот, колку-толку. Ќе се подсетиш на нешто.
Ќе даваат по околу 50-100 прашања од испит (одговорени). А на испит ќе се паѓаат по 5 прашања од испит. Пример, ако имаш 10 предмети за полагање, ќе треба 1000 прашања да учиш, од нив 50 ќе ти се паднат на државниот испит.

Иако се со ДА и НЕ, сепак треба малку да седнеш да читнеш нешто, да научиш, да се подсетиш.
И така да е, дури и да е толку лесно, што е поентата нa сето тоа, еве не е екстерно, значи по професорите нема да има никакви последици, за студентот нема да му влијае на дипломата ниту на просекот, колку што го разбрав Грујо во последниве изјави, дури и да не положиш нема да значи губење на статусот на студент.

Што е поентата, на некој му прднало на курот да врши тестирање на цела студенска популација чисто од ќеиф?
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
И така да е, дури и да е толку лесно, што е поентата не сето тоа, еве не е естерно, значи по професорите нема да има никакви последици, за студентот нема да му влијае на дипломата ниту на просекот, колку што го разбрав Грујо во последниве изјави, дури и да не положиш нема да значи губење на статусот на студент.

Што е поентата, на некој му прднало на курот да врши тестирање на цела студенска популација чисто од ќеиф?
Аман бе другар, при 72 страни од темава, уште не сфати што е поентата!? :D Поентата не е да те заебе, да не можеш да положиш, туку да те натера барем малку да научиш. Да не биде цел факултет завршен на препис, без никакви основни познавања од струката/професијата.

Колку и да е лесен испитот, сепак си треба да седнеш малку, да читнеш, да научиш, да се потсетиш на нешто. Колку-толку, нешто ќе ти влезе во памет.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Аман бе другар, при 72 страни од темава, уште не сфати што е поентата!? Поентата не е да те заебе, да не можеш да положиш, туку да те натера барем малку да научиш. Да не биде цел факултет завршен на препис, без никакви основни познавања од струката/професијата.

Колку и да е лесен испитот, сепак си треба да седнеш малку, да читнеш, да научиш, да се потсетиш на нешто. Колку-толку, нешто ќе ти влезе во памет.
А зошто да ме натера на научам, мој избор е што сум се запишал на факултет, мој е избор е дали ќе учам колку за шестка за да поминам или ќе се тепам за просек 10.00. Мое си е како тоа ќе ми влијае во иднина во кариера и во животот. А факултетот си има професори, секој со различен степен на строгост кој оценува кој колку учи и за што. Забораваш дека студирањето не е средно, не е задолжително и дека секој учи за него и по негови методи и побарувања.

Во секој случај, јас како завршен студент можам да потврдам дека многу малку од сета таа теорија што се учи на факултет има реална корист во праксата и во работата после.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Да де па тогаш зошто да протестираш кога не е задолжителен факултетот?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ај да не ги цитирам посебно сите шо ја поддржуваат „реформава“ ќе им реплицирам вака :
Добро бе мајку му стара 10 години да имавте ќе сфатевте...
Ја знаете ли вие улогата на правото во една држава ?
Ако не сте знаеле еве да научите, улогата на правото е ограничување на власта во една држава, или поточно да кажеме само-ограничување.
Да ги оставиме другите аргументи зошто не треба да се воведе „реформава“ и гледајте го само тоа дека е спротивно на УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
Крај на дискусијата, зошто Уставот како највисок правно-политички акт е алфа и омега на се, ништо не смее да биде против Уставот !
Државата се што сакала до сега се си направила независно од тоа колкав отпор имало...
И шо тоа за вас е нормално, нешто што треба да се негува и почитува ?
Ако више не размислувате, не ни одмагајте бар на нас што го правиме тоа !
 
Изгледа имаме уставноправо-Lover тука :). уставот не е запишан на камен. Видовме дека се менува. Дури пред 10 години ни рекоа дека тој од 1991 бил со фабричка грешка. Имаме еден куп амандмани (оние особено од 2001) кои мнозинството луѓе ги сметаат за инудени и беспотребни. А иначе уставноста ја оценува уставниот суд.
Енивеј зошто викаш поддржувачи на реформите? Работава е што некој ако каже било што освен говеда џубриња и не знам што не е добредојден на темата. Ја лично не сметам дека ќе се преврти светов доколку се воведе ова а исто и доколку не се воведе.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
А зошто да ме натера на научам, мој избор е што сум се запишал на факултет, мој е избор е дали ќе учам колку за шестка за да поминам или ќе се тепам за просек 10.00. Мое си е како тоа ќе ми влијае во иднина во кариера и во животот.
Твое е како ќе ти влијае на понатамошниот живот (секако нема да ти влијае во позитивна насока), но твоето завршување на препис утре ќе влијае на некој ни крив ни должен.

А факултетот си има професори, секој со различен степен на строгост кој оценува кој колку учи и за што. Забораваш дека студирањето не е средно, не е задолжително и дека секој учи за него и по негови методи и побарувања.
Финтата е што некои воопшто не учат. И утре таквите ќе ти земат работно место, па после ќе се жалиме зошто ни го зеле, а немаат три чисти од професијата.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Изгледа имаме уставноправо-Lover тука :). уставот не е запишан на камен. Видовме дека се менува. Дури пред 10 години ни рекоа дека тој од 1991 бил со фабричка грешка. Имаме еден куп амандмани (оние особено од 2001) кои мнозинството луѓе ги сметаат за инудени и беспотребни.
Енивеј зошто викаш поддржувачи на реформите? Работава е што некој ако каже било што освен говеда џубриња и не знам што не е добредојден на темата. Ја лично не сметам дека ќе се преврти светов доколку се воведе ова а исто и доколку не се воведе.
„реформа“ зошто не е реформа, а имам понапред кажано и зошто мислам така.
Иначе да, многу ми е јасно дека уставот се менува, ама и тоа големо ама, менувањето на уставот не е толку едноставно како менување на закон, како во постапката така и во мнозинството што јасно покажува колкаво значење имаат уставноправните норми за едно општество.
Дали утре ќе се смени Уставот и оваа „реформа“ нема да биде противуставна не знам, ама се додека не се промени Уставот, „реформава“ е противуставна и тука завршуваат сите дискусии.
И не, не ти забранив да пишуваш на темава ама идиотски е како и овие што вршат пропаганда по курир-мурир цело време да го заобиколуваш Уставот и дискусијата да се води на тоа каков да биде моделот, зошто „реформава“ уште од старт не треба уопште да се спомнува.
 
извини не го прочитав делот со уставноста. Ќе го прочитам па ќе искоментирам.
P.S. кај има за тоа дискутирано?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еве додадов да се расчистат работите :)
hehe.

Плиток си, јасно е дека си партиско пионче па пробуваш да боцкаш наоколу. Тебе џабе е да ти објаснува човек кога за тебе има само една вистина. Ако не се лажам ти беше тој што ги цитираше сите у темана за Смилковско кога покажаа револт зошто државата место да ги гони убијците цркви крева, као демек, абе ене, битно праат нешто :icon_lol:

Да не беше митингаш ќе сфатеше дека проблемот со македонското образование не е полагањето испити со да/не/можеби ниту па лекот е читање библии од 2500 страни (huehuehue ме изнасмеа бтв, барем да знаеше дека на Јеил испитите траат 20 минути и имаат 15 прашања), туку проблемот се сопартиските колеги твои ставени да предаваат, кои каснат со предавања, нигде ги нема, ги мрзи да воведат нови методи во работа, од компјутер знаат само Бил Гејтс кој е, малиот број часови практична работа низ примери од страна на гореопишаниве и нормално, корупцијата која е на високо ниво и аналогно, исто како и државната матура што ја поминаа одредени зелкари со препишување додека тестаторот се правеше наглув, така истите фаци ќе го пројдоат и испитов. Нема потреба да изиграваме Белгија, Англија, Холандија, транспарентно ќе било, анонимно ќе било.

инб4 ме цитираш, апсолвентка сум на Електро така да најмалце ваму се работи за да/не/можеби испити и guess what, најдебилните предмети со најдебилни задачи што сме ги имале, највеќе ги користиме и највеќе ни се нашле ;)

Ајт.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
hehe.

Плиток си, јасно е дека си партиско пионче па пробуваш да боцкаш наоколу. Тебе џабе е да ти објаснува човек кога за тебе има само една вистина. Ако не се лажам ти беше тој што ги цитираше сите у темана за Смилковско кога покажаа револт зошто државата место да ги гони убијците цркви крева, као демек, абе ене, битно праат нешто :icon_lol:

Да не беше митингаш ќе сфатеше дека проблемот со македонското образование не е полагањето испити со да/не/можеби ниту па лекот е читање библии од 2500 страни (huehuehue ме изнасмеа бтв, барем да знаеше дека на Јеил испитите траат 20 минути и имаат 15 прашања), туку проблемот се сопартиските колеги твои ставени да предаваат, кои каснат со предавања, нигде ги нема, ги мрзи да воведат нови методи во работа, од компјутер знаат само Бил Гејтс кој е, малиот број часови практична работа низ примери од страна на гореопишаниве и нормално, корупцијата која е на високо ниво и аналогно, исто како и државната матура што ја поминаа одредени зелкари со препишување додека тестаторот се правеше наглув, така истите фаци ќе го пројдоат и испитов. Нема потреба да изиграваме Белгија, Англија, Холандија, транспарентно ќе било, анонимно ќе било.

Ајт.
Busted! За црквата кај смилковско мислам не сум коментирал а инаку црквата т.е. иницијативата почна откако беа уапсени убијците така да не знам што ти е муабетот? (ваљда мрзиш цркви ама твое право).
Не сум бил на митинг од...реферндумот за територијална поделба...или оној за зачувување на името кога водеше тони михајловски на плоштад пела.
не сум партиски член така да немам сопартијци. А новите професори немам поим какви се. Јас можам за старите да ти кажам. 90% каснеа. 50% читаа од книга. Имав професор кој раскажауваше работи од животот а 10% за темите, имав професор кој јадеше бурек (мислам она баш бурек со јогурт) и испитуваше, професор кој играше шах и испитуваше и декан на кого му беше страв да им каже на теткиците во студентски да убрзаат додека чекавме како говеда пред студентски прашања. Се на се дали имаше 20-30% професори кои беа вредни за слушање и вистински професионалци. Како и да е не ги обвинував никогаш нив пошто таков беше системот. Не знам каква е сега ситуацијата.но мислам дека полошо не може/ше да биде.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Сè е за реформирање, гнила ни е државава, сеуште. Не е доволен само еден ваков ебан испит, многу работи треба да се сменат/реформираат. Ама не би биле Балкан, ако не сме тоа што сме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom