Не. Всушност работата е многу едноставна и сосема јасно опишана. Проблемот е што поради традиционално погрешни интерпретации не ја гледаме едноставноста на напишаното. Адам и Ева не биле избркани од рајот за казна туку затоа што тоа било нужно. Со сознанието за добро и лошо станале нешто што не требало да бидат. Размисли што се произлегува од свеста за добро и лошо, праведно и неправедно, вина, срам, одговорност... А работата можела да стане уште полоша, можеби и непоправлива, кога би станале бессмртни. Затоа и се избркани од рајот - не за казна туку за да им се оневозможи пристап до дрвото на животот.