Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Неуките не можат да разберат. Тие политички (или финанскиски) мотивираните, не сакаат. Да разберат.

Остануваат писмените, и објективните што ги интересира да научат. Ти не си ни во едните ни во другите.
 
Која објективност :facepalm:

САД започнаа прокси војна во Украина со Руската Федерација.
САД започнаа прокси војна во Чеченија со Руската федерација.

За да заврши маестрално со


Кизнај колку е прекрасно во твојот мозок, но умрениот не знај дека е умрен, исто и глупиот не знај дека е глуп.

Кај можеш ти да полемизираш со квази геополитичари кои своите наводни ставови и аргументи им се копи пејст од дунстерски блогови и форуми и се сведуваат на терии на заговор.Згора на тоа и немаат елементарна култура и шират параноја и те обвинуваат за странски шпијун и платеник.
 
Иронијата е изгубена на него (нив).
 
Сигурен сум дека Кремлин ќе поддржи референдум на Чеченците како што го поддржа тој во Донбас. :свиркам:

Многу гледаш филмови и вести на англиски јазик.

И на македонски јазик и на руски јазик се изговара и се пишува Кремљ, а не Кремлин.
 
Последно уредено:
Сто пати е речено, немојте километарски копи-пасте текстови на странски јазици, ако се повикувате на некој извор направете краток вовед на македонски и постирајте линк до содржината.

Ова (берем делумно) се однесуваше на мене.
Морам да се обидам ти укажам дека ја осиромаши дискусијава со сувопарното бришење на постот заради технички кршења на форумските правила.

Свесно го пренесов целиот текст, за што на почетокот однапред се извинив и објаснив дека се работи за исклучително важен и трезвен текст со критики кон двете страни во конфликтот САД - РФ, текст кој едноставно мора целосно да се пренесе во изворен облик. Не бев во можност да го преведам целиот текст на американскиот колумнист и целото обраќање на министерот за надоврешни работи на Р.Ф. Сергеј Лавров. Малкумината што ја следат темава и не знаат англиски беа покриени со линк кон рускиот конскрипт на обраќањето на Лавров (или со користење на гугл транслате сервисот).

Правилата се правила, ама некогаш треба да постојат исклучоци. А ако не можеме да се обидеме да го доведеме во прашање авторитетот на еден форумски модератор/администратор кога истиот можеби ќе погреши... тогаш што правиме со истото кога се работи за другите офцијални државни авторитети во Македонија.
Јасно ми е колкава и колку неблагодарна работа е модерирање на форум. Затоа се надевам дека нема погрешно да ме разбереш, а јас лично стојам на располагање за натамошно објаснување... ако постои потреба од тоа.


Во интерес на тие што како мене, на темава се во потрага по вистината, повторно го поставувам (овој пат само) линкот кон текстов кој сметам дека сите што држат до себе треба внимателно да го прочитаат:
http://libertyblitzkrieg.com/2014/1...ze-remarks-by-foreign-minister-sergey-lavrov/
 
Сигурен сум дека Кремлин ќе поддржи референдум на Чеченците како што го поддржа тој во Донбас. :свиркам:
Да, фалеше само пред неколку дена Русите живи да изгорат и убијат стотина невооружени Чеченци.. :свиркам:
 
Да, фалеше само пред неколку дена Русите живи да изгорат и убијат стотина невооружени Чеченци.. :свиркам:

Пред неколку дена не, ама пред неколку децении илјадници.
 
Владимир Путин: Или мы будем суверенными – или потерјаемсја в мире

Неколку црти од денешниот говор на претседателот на Руската федерација кои мене ми се од интересен карактер а се однесуваа на внатрешната политика на Русија и нејзиниот понатамошен развој. Претежно цртите се од економски и од социјален развој.


-Санкции
"Стимул за нас со цел поголемо ефективно работење и забрзано остварување на зацртаните цели.Потребно е многу работи да се направат. Нас ни е потребно создавање на нови технологии и конкурентна продукција. Создавање на нова регулација која ќе овозможи нови современи кадри. "


-Бесконечната проверка на бизнисите престанува
"Слобода за развиваање на економијата, социјалната сфера тоа е најдобар одоговор на граѓанската иницијатива како на внатрешното ограничување така и на внатрешните проблеми. Ние не говориме прв пат околу потребата за нови реформи во областа на регулативните и правните органи. Но изменувањето оди бавно. Потребно е максимално ослободување од ограничувањата во бизнис секторот и негово контролирање. Наредната година поради тоа започнува со функција специјален регистер со информација кој орган со каква иницијатива покренал проверка и какви се добиените резултати. Ова ќе овозможи исклучување на немотивираните и доцни проверки на регулативните тела. Да додадам дека со овие проблеми не се соочуваат само бизнис секторот туку и буџетскте и општинските организации.Потребно е конечно откажување од тоталната и бесконечна контрола. Освен во секторите каде постојат знаци на нарушување или нестабилност"

-Малите бизниси ќе бидат ослбодени од регулација
"Што се однесува на малиот бизнис, предложено е да бидат ослободени во рок од три години од регулација. Доколку фирмата создаде одредена репутација, во тек на три години истите ќе бидат ослободени од регулација од државните и општинските регулаторни тела. Секако исклучок се екстремните случаи во кои се загрозени здравјето и животот на луѓето."



-Регулативата нема да се менува во наредните четири години
"Предложено е да се зафиксираат давачките во наредните четири години.При тоа останува уште да се донесе регулатива за породилните давачки.Меѓу другото сите оние кои започнуваат со работа, како што е и договорот со малите фирми кои ќе се регистрираат ќе бидат ослободени од давачки во рок од две години. "



-Полна амнестија на вратениот капитал назад во Русија
"Предлагам полна амнестија на капиталот кој ќе биде вратен назад во Русија. Буквално полна. Тука треба да им се објасни на луѓето кои ќе го направат тоа, на што се мисли полна амнестија. Тоа значи ако некој ги легализира своите средства и имот во Русија, тој ќе добие правни гаранции што тој нема да биде во судир со расзличните органи ниту пак со правните. Нема да се бара потекло на капиталот, и нема да се биде подлежен на давање информации од страна на администратините и правните органи. Дајте сето тоа да го направиме сега, но само еднаш.И секој кој е заинтересиран треба тоа да го стори. Сите ние знаеме дека капиталот има различно потекло. Но јас сум убеден што треба конечно да го затвориме поглавјето "офшор" во нашата историја и нашата економија.Тоа е многу потребно и важно да се направи."


-Во странство нашите бизнис фирми не се третирани достојно

"После случувањата на Кипар и санкционите кампањи, нашите бизнис фирми добија до знаеење дека нивните интереси никогаш нема да бидат земени во предвид. "


-Удвојување на градежништвото
"За развој на бизнисот и протокол на производите потребно е изградба на нова патна инфраструктура. Субјектите на Руската Федерација се должни да ги обезбедат сите услови потребни за изградба на нови регионални и месни патишта, за ова се воведуваат посебни фондови кои се потребни. А во целата земја ние сме должни да се стремиме кон удвојување на градежниот сектор"


-Многу градови ќе добијат посебен статус

"Веќе е донесен посебен закон за слободна економска зона на Крим. Таму ќе бидат создадени сите потребни услови за бизнис. Предлагаме да се создадат слични економски зони во региони каде економската активност е сложена. И да не се чека три години како е предвидено со законот туку да се започне во што поскор рок."


-Владивосток ќе стане слободно пристаниште

"Клучна улога во реформата на слободните зони ќе се случи на Далечниот Исток. Ние ги веќе ги објавивме плановите за идниот развој на тој регион и тие планови ќе бидат исполнети. За таа цел федералните даноци кои ќе бидат собрани ќе бидат реинвестирани за овозможување на предвидените реформи. Постои и возможност сличен статус да добијат пристаништата во Севастопољ и другите пристаништа на Крим"



-Инфлацијата да се одржи на 4%

"Важно е да се одржи состојбата на макроекономски план, а инфлацијата да се спушти на средно ниво од 4%, но да нагаласам тоа да не биде пропратено со намалена деловна активност. Или да поедноставам обезбедување на две цели: ограничување на инфлацијата и стимулирање на растот. "


-Власта знае кој ја спекулира рубљата
-Органите должни се да ја одржат стабилноста
-Од странство да се купуваат само специфичните производи кои неможат да бидат произведени во Русија
-Во 2018 директните инвестиции од Рускиот буџет ќе изнесуваат дури 25%, тоа значи колку ќе собереме толку и ќе инвестираме. При тоа фирмите треба да се фокусираат на реинвестии а не на извоз на капиталот.

-Крим и Севастопољ ќе бидат вклучени во програмата за добивање помош од Мајчинскиот фонд


"Според пресметките на ООН. Русија на крајот на 2013 година требаше да брoи 136 милиони жители. На 1 Јануари 2014 година, Русија имаше 144 милиони жители, дури 8 милиони повеќе од статистичките предвидувања на ООН.
Веќе 2 години по ред Русија бележи раст на наталитетот. Бројката од 144 милиони ќе биде надмината веќе оваа година со вклучување на Крим и Севастопољ во составот на РФ. Нашите демографски реформи донесоа резултати и ја докажаа својата ефективност. Ние овие реформи ќе ги спроведеме и на Крим и на Севастопољ. Семејствата на Крим кои во 2007 година добија второ дете ќе бидат потполно опфатени во оваа програма."


-Животната стапка се зголеми на 74 години[DOUBLEPOST=1417739440][/DOUBLEPOST]Уште ова да надополнам.
'Aggressor nation' bill put to parliament
 
Последно уредено:
Инфлацијата да се одржи на 4%

Денес нови податоци од статистиките на Русија.

Инфлацијата во ноември 2014: 9,1%

Рублата изгуби 40% од својата вредност.

Русите почнаа да се самозатворат , за 50% се намалени патувањата надвор од државата.

Русија годишно ќе губи 140 милјарди долари поради санкциите и падот на цената на нафтата (вели рускиот министер за финансии)
 
Денес нови податоци од статистиките на Русија.

Инфлацијата во ноември 2014: 9,1%

Рублата изгуби 40% од својата вредност.

Русите почнаа да се самозатворат , за 50% се намалени патувањата надвор од државата.

Русија годишно ќе губи 140 милјарди долари поради санкциите и падот на цената на нафтата (вели рускиот министер за финансии)
Може да ни дадеш линк од овие информации.
 
Денес нови податоци од статистиките на Русија.

Инфлацијата во ноември 2014: 9,1%

Рублата изгуби 40% од својата вредност.

Русите почнаа да се самозатворат , за 50% се намалени патувањата надвор од државата.

Русија годишно ќе губи 140 милјарди долари поради санкциите и падот на цената на нафтата (вели рускиот министер за финансии)

Ало Дарданија. Знам дека немаш 2 чисти од економија ама ајде да ти појаснам.

Да се спушти и одржи на 4%. Тоа им е цел.
Инфлацијата од 9,1 се должи поради пораст на прехрамбрените производи а знаеме на што се должи тоа. Надворешен резултат. Да не е тој, инфлацијата ќе биде 5/6% .

Тие 140 милиарди долари се фиктивни пари кои се планирани при повисоки цени на нафтата. Значи тоа им е планиран профит. Не е дефицит на буџетот, туку дефицит од профитот.



Ама не верувам да ги разбереш поимиве. Но мене ми е јасно, штом се јави веднаш со критика тогаш нешто ти боди во очи и веднаш се обидуваш да ги изместиш работите.
Тогаш нешто Русија прави правилно.
 
Рано му текна на Путин да спроведува реформи за силна Русија, да почекаше уште малку.
 
Не знаев дека Путин, и Русија, за спроведување на реформи треба најпрвин да ги консултираат невладините организации на Сорос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom