Таква поделба каква што претходниот дискутант прави,никаде немало никогаш не е разгледувана зошто такво нешто не постои и не постоело освен се разбира во твојата глава што е право на секој човек да создава какви сака конструкции
Никогаш немало периоди на владеење и невладееење на религиите,па уште да го гледаме развојот на нештото што не постои.
Религија имало во сите општества познати на човекот и тоа е иманентана појава на човекот.
Религијата некогаш имала помало, некогаш поголемо влијание врз општеството,и како таква можела да влијае и на развојот на тоа општество, но никаде во историските книги од општорифатената историја нема таква поделба како гореспоменатата.
Државите кои имаат доминантно христијанска религија одат најмногу во развојот во однос на другите држави кои имаат друга религија.
Св.Кирил и Методиј се свештени лица и ја прават најголемата работа за нашиот и целиот словенски народ.
Тие формираат во црквите училишта и црковни универзитети(Климент Наум).
Ако се земе се дури до нашиот преродбенички период(особено во него) ќе се види дека сето образование сето знаење е поврзано со црквата.Првите училишта се манастирите.
Првите болници се во манастирите.
Нема дилема дека Христијанството повеќе од другите религии позитивно влијаело за општествениот развој.
Е сега што тоа Христијаните повеќе ги терало да истражуваат отколку другите е прашање и дилема за друга тема.
Види, на планетава постоеле, а и денес постојат држави каде религијата (религиозните институции) раководи со државата, и сосем нормално, каде религијата нема никакво влијание врз државата. Чисто да биди јасно, зборуваме за институции (религијата и државата), бидејќи и не постои друг начин.
Оваа поделба постои, независно дали ти си свесен за тоа или не.
Примери за тоа се, денешна С. Арабија, Катар, Ватикан, Византија, периоди од античка Кина, како и Средновековна Европа.
Значи во периодите, кога религијата владее со државата, забележан е намален развој, на големи периоди и непостоечки научно-општествен развој изразен преку научен аутпут пред се. Причина за тоа е поставувањето на граници, кои ги ограничувале луѓето што твореле. Методите не треба ни да се спомнуваат, бидејќи она што денес го прават припадниците на Исламската држава би било смешно во споредба со тоа што го правело Христијанството.
Но нормално, извор на сето тоа насилство е самата религија (зборуваме конкретно за Христијанството, иако има и други насилни религии) бидејќи самата промовира насилство. Не би пишувал вакви смешни постови, доколку би ја имал прочитано Билбијата...
Инаку, ако ги земеме периодот од 15 век па се до осумдесеттите/деведесеттите години, некои земји со христијанско доминантно население се движачи на развојот на човештвото целокупно. Тие неколку земји се Британија, Франција, Италија, подоцна Германија, Русија и САД, каде што и религијата е одделена од државата.
Никаков развој не постои во земјите од Ј. Америка и Ј. Африка (како континент) до неодамна, но мнозинството население било христијанско.
Најбитното е фактот што главни генератори на развојот денес (од осумдесеттите/деведесеттите) се земји каде мнозинството население е НЕрелигиозно. Како што денес се Германија, Франција, Британија, Русија, Ј. Кореја, Јапонија, Чешка, Скандинавија, Канада и сл.
Овој тренд на напуштање на религијата зема замав особено од деведесеттите навака, каде, религијата масовно се напушта. Ова се случува најмногу во развиените земји. САД се исклучок, но и таму се забележува раст на НЕрелигиозните.
Ова е едно генерално опишување на работите. Имајќи предвид дискутантот, сигурен сум дека ќе следи подетално опишување на работите.
Па јас спомнав владеење не на атеист, туку на изразено атеистичка идеологија, која вовела криминализација на религиите со најтешки казни за верско практицирање, а која во суштина го направила најголемиот геноцид во човештвото. Ако тоа го сметаш за развој на човештвото, тогаш имаме проблем тука со терминологијата. А од друга страна ги спомнав некои од придонесите на Византиската империја на човештвото, меѓукои се и одвојување на црковната власт од императорската власт преку легалниот систем или поточно зачетокот на секуларизмот. Описменување на словените, вклучително и создавање на нивна азбука.
Исто така побарав од тебе да ги наброиш злоделата направени за време на православното владеење на Византија (со исклучок на иконокластите и латините).
Не можеш да најдеш пример, затоа што не постои, каде што атеисти убивале припадници на религии, само заради фактот што тие верувале во нешто.
Од друга страна, постојат безброј примери за религиозно мотивирани убиства, масакри и геноциди.
Комунистите на власт, не чистеле христијани само заради тоа што се, туку заради опасноста да ја изгубат власта. Мета биле сите, вклучително и атеисти кои имале поинакви политички убедувања од нивните.
Инаку терминологијата е прилично стриктна - постојат времиња кога луѓето допринесуваат за развој на општеството и постојат времиња каде што творењето го нема. Одбери си период од 3-4 векови кога владеело Христијанството, јас ќе одберам период од 1 година каде ќе ти набројам десетина пати поголем научен, културолошки аутпут.